Крунуберг (округ)
Крунуберг (шведски: Kronobergs län) — округ (län) во јужниот дел на Шведска. Се граничи со окрузите Сконе, Халанд, Јеншепинг, Калмар и Блекинге. Административен центар е градот Векше.
Крунуберг Kronobergs län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Векше | ||
Управа | |||
• Управник | Кристина Алсер | ||
• Совет | Окружен совет на Крунуберг | ||
Површина | |||
• Вкупна | 8.458 км2 (3,266 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 183.988 | ||
• Густина | 22/км2 (56/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 43.256 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 245.000 круни | ||
NUTS | SE212 |
Покраина
уредиКрунуберг е географско средиште на покраината Смоланд. Постоечките граници на округот се исцртани во 1687 со отцепувањето на округот Јеншепинг.
Управа
уредиУправникот (Landshövding) на Крунуберг е сместен во Векше. Тој претседава со окружен одбор (Länsstyrelsen), кој има статус на владина агенција (од отсекот за самоуправа). Моментален управник е Кристина Алсер. Покрај ова, округот е и во надлежност на Окружниот совет на Крунуберг (Landstinget Kronoberg).
Општини
уредиСите општини го носат името на нивниот административен центар, освен Упвиндиге, чијшто административен центар е местото Оседа.
Наводи
уреди- ↑ „Квартал 1, 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Надворешни врски
уреди- Окружен одбор на Крунуберг Архивирано на 20 декември 2002 г. (шведски)
- Окружен совет на Крунуберг Архивирано на 28 мај 2017 г. (шведски)
„Крунуберг (округ)“ на Ризницата ? |