Сконе (округ)
Сконе (швед. Skåne län) или Сканија (од лат. Scania) — најјужниот округ (län) во Шведска кој се совпаѓа со историската покраина Сканија. Се граничи со окрузите Халанд, Крунуберг и Блекинге. Административен центар е градот Малме. Регионалната управа е сместена во Кристијанстад.[3]
Сконе Skåne län | |||||
---|---|---|---|---|---|
Округ | |||||
| |||||
Земја | Шведска | ||||
Админ. центар | Малме | ||||
Управа | |||||
• Управник | Јоран Тунхамар | ||||
• Совет | Регионален совет на Сконе | ||||
Површина[1] | |||||
• Вкупна | 11.027 км2 (4,258 ми2) | ||||
Население (31 март 2011)[2] | |||||
• Вкупно | 1.245.214 | ||||
• Густина | 110/км2 (290/ми2) | ||||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
БДП (ном.) | 278.254 милиони круни (2004) | ||||
БДП/жит | 331.700 круни (2010) | ||||
NUTS | SE224 |
Денешниот округ е формиран во 1997 со спојување на окрузите Кристијанстад и Малмехус.
Сконе зафаќа околу 3% од вкупната површина на Шведска. Има 1.200.000 жители, и со тоа претставува 13% од населението во земјата.
Покраини
уредиПо своите граници, округот Сконе е речиси ист со покраината Сканија, со исклучок на незначителен дел од покраината Халанд.
Управа
уредиАдминистративен центар на округот е градот Малме. На чело на окружниот административен одбор (кој е државна служба) стои управник.
Двата поранешни округа во покраината Сканија: Кристијанстад и Малмехус. Овие се формирани во 1719 и споени во 1997, образувајќи го денешниот округ кој има речиси идентични граници со покраината.
Окружен совет
уредиРегионалниот совет на Сконе (Region Skåne) е произлезен од претходен окружен совет во 1999 со спојувањето на советите на поранешните окрузи. Надлежен е за здравството и јавниот превоз.
Општини
уредиСконе се дели на 33 општини[4] (kommuner), од кои најголеми се општините Малме (280.000), Хелсингборг (124.000), Лунд (103.000) и Кристијанстад (75.000 inhabitants). Секоја општина има своја општинска управа и се дели на месности кои имаат улога во избори и пописи.
Населени места по големина
уредиОва се десетте најголеми населени места во округот Сконе:[5]
бр. | Место | Население |
---|---|---|
1 | Малме | 258.020 |
2 | Хелсингборг | 91.457 |
3 | Лунд | 76.188 |
4 | Кристијанстад | 33.083 |
5 | Ландскруна | 28.670 |
6 | Трелеборг | 25.643 |
7 | Енгелхолм | 22.537 |
8 | Хеслехолм | 22.548 |
9 | Истад | 17.286 |
10 | Еслев | 16.551 |
Наводи
уреди- ↑ Шведски национален атлас Архивирано на 12 ноември 2009 г. (шведски) проверено на 2 април 2008
- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
- ↑ За регионот Сконе Архивирано на 23 октомври 2004 г. (англиски) проверено на 10 април 2008
- ↑ Општини во Сконе Архивирано на 19 септември 2012 г. (англиски) проверено на 24 август 2007
- ↑ Централна статистичка служба, 2005
Надворешни врски
уреди- Окружен административен одбор на Сконе (шведски)
- Регионален совет на Сконе (шведски) (англиски)