Еребру (округ)
Еребру (швед. Örebro län) е округ (län) во средна Шведска. Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Вермланд, Даларна, Вестманланд, Седерманланд и Естерјетланд.
Еребру Örebro län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Еребру | ||
Управа | |||
• Управник | Роз-Мари Фребран | ||
• Совет | Окружен совет на Еребру | ||
Површина | |||
• Вкупна | 8.519 км2 (3,289 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 280.305 | ||
• Густина | 33/км2 (85/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 61.203 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 224.000 круни | ||
NUTS | SE124 |
Покраина
уредиОкрузите во шведска се управни единици, додека пак покраините се подрачја од културно-историско значење. Округот Еребру го опфаќа Нерке, западната половина од Вестманланд, мали делови од источен Вермланд и северозападен Вестерјетланд.
Управа
уредиСè до 1779 округот го носел името „Нерке и Вермланд“, по што Вермланд се отцепил како посебен округ.
Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Еребру (Örebro läns landsting) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
уредиНаводи
уреди- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Надворешни врски
уреди- Окружен административен одвор на Еребру (шведски)