Лунд (шведски: Lund) е еден од поголемите градови во Шведска, кој се наоѓа во јужниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на Сканскиот округ, каде е трет град по големина и значење. Лунд истовремено е и седиште на истоимената општина и еден од клучните населени места во агломерацијата Голем Малме.

Лунд
Грб на Лунд
Гесло: Градот на идеите
Лунд is located in Шведска
Лунд
Лунд
Координати: 55°42′N 13°12′E / 55.700° СГШ; 13.200° ИГД / 55.700; 13.200
Површина
 • Вкупна25,75 км2 (994 ми2)
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно82,800
 • Густина3.215/км2 (8,330/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Лунд денес е светски познат град по истоимениот Лундски универзитет, една од најдобрите високообразовни институции во Скандинавија и најголем универзитет во Шведска. Лунд, заедно со Сигтунa, е најстар град во Шведска.

Природни услови

уреди

Лунд се наоѓа во јужниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 600км југозападно. Од првиот поголем град во близина, Малме, градот е оддалечен само 15км.

Релјеф

уреди

Лунд се формирал во најјужната покраина на Шведска, Сканија, која по своите природни одлики повеќе посетува на средноевропско подрачје, плодна е и густо населена. Градското подрачје е бреговито, а надморската височина се движи од 20 до 70км.

Клима

уреди

Климата во Лунд е претежно континентална под големо влијание на морето и крајните разгранети делови на топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води

уреди

Лунд нема водотеци на своето подрачје, но само 10км е оддалечен од најблиското море Категат, заливот на Северно Море.

Историја

уреди

До пред некое време се претпоставувало дека градот е сонован во 1020 година, но архиолошките откритија покажуваат дека е старото населено место Упокра, кое се наоѓало на само 5км од денешниот Лунд, е преселено на тоа место во 990 година. Упокра, било најзначајно населено место во југозападна Сканија уште од 6 век, улога која Лунд лесно ја преземал. Преселувањето на населението било под притисок на данскиот крал Свен I Рашљобрадог, со цел обединување на данското кралство.

Во 1060 година Лунд станува архиепископија, додека во 1085 година е основана првата црковна школа, најстара школа во Скандинавија и една од најстарите школи во Северна Европа (иако во Упсала се наоѓа најстариот универзитет во Скандинавија). Ова школа до ден денес го сучувала својот углед, па затоа ја посетувале многу познати личности. Во првата половина на 12 век изградена е Лундска соборна црква, манастир и многу помали цркви. Лунд најмногу имал 27 цркви, од кои поголемиот дел се срушени за време на реформацијата. Во ова време Лунд, станал најважен град на Данска, со 3,000 - 4,000 жители.

Меѓутоа, во 1658 година Лунд со војната е прилепен со Шведска, додека во 1666 година тука е основан универзитет со намера ширење на шведското влијание. Сепак, во почетокот на XVIII век, тој губи на значење во корист на блискиот град Малме, благодарејќи на неговата положба и излезот на море. Сепак, сè до денес Лунд останал верски, образовен и културен центар на јужниот дел на Шведска.

Население

уреди

Денес, Лунд е град со средна големина за шведски услови. Градот има околу 83,000 жители (податок од 2010 година), додека градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 112,000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот забрзано расте. Градот има доста бројна студентска заедница која претставува 20% од градското население.

До средината на XX век, Лунд бил четири пати помал и бил населен исклучително со етнички Швеѓани. Меѓутоа, со честите доселувања во Шведска, населението станува се шаренолико, посебно благодарејќи на многуте студенти од целиот свет кои доаѓаат во градот.

Стопанство

уреди

Денес Лунд е современ град со посебно развиена индустрија (посебно одние поразвиени индустрии, како што се: производство на прецизна медицинска опрема, фармацевстката индустрија итн.).

Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Знаменитости

уреди

Покрај богатата историја и културна сцена, Лунд има и добро сочуван стар градски алштат. Самиот алштат има неправилна мрежа од улици со повеќе плоштади.

Покрај тоа, градот има и низа од знаменитости и интересни градби:

  • Лундска соборна црква - галвниот дел од 14 век;
  • Црковна школа - XIX век;
  • Лундски универзитет - голем број градби, градени со векови. Најважните градби потекнуваат од XIX век.

Галерија

уреди

Збратимени градови

уреди
  Виборг, Данска
  Хамар, Норвешка
  Борго, Финска
  Талвик, Исланд
  Грајфсвалд, Германија
  Невер, Франција
  Леон, Никарагва
  Забже, Полска

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди