Централна статистичка служба (Шведска)

(Пренасочено од Statistics Sweden)

Централната статистичка служба (швед. Statistiska centralbyrån или SCB, меѓунар. име: Statistics Sweden) е владина агенција во Шведска задолжена за добивање, обработка и објавување на статички податоци во земјата. Службата датира од 1686 кога црковните парохи почнале да прибираат и евидентираат податоци за населението. Претходник на сегашната установа е Службата за табели (Tabellverket), основана во 1749. Денешното име е усвоено во 1858 г.

Централна статистичка служба
Statistiska centralbyrån
Зградата на службата во Еребру.
Податоци за органот
Седиште Стокхолм и Еребру
Вработени ~1.400 (2008)[1]
Раководител Стефан Лундгрен
(генерален директор)
Матично одделение Министерство за финансии
Мрежно место
scb.se

Агенцијата има околу 1.400 вработени. Сместена е во два града: Стокхолм и Еребру.[1] Установата објавува и службен статистички билтен.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Централна статистичка служба (Statistiska centralbyrån)“. Национална енциклопедија на Шведска., посет. 14 јуни 2011 г (шведски) (бара претплата)

Надворешни врски

уреди