Естерјетланд (округ)
Естерјетланд (шведски: Östergötlands län) — округ (län) во југоисточна Шведска. Се граничи со округот Калмар на југоисток, Јеншепинг на југозапад, Вестра Јеталанд на запад, Еребру на северозапад, Седерманланд на североисток и Балтичкото Море на исток.
Естерјетланд Östergötlands län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Линшепинг | ||
Управа | |||
• Управник | Елизабет Нилсон | ||
• Совет | Окружен совет на Естерјетланд | ||
Површина | |||
• Вкупна | 10.562 км2 (4,078 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 429.852 | ||
• Густина | 41/км2 (110/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 97.387 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 236.000 круни | ||
NUTS | SE123 |
Населението брои 429.852 жители, а административен центар е најголемиот град Линшепинг. Линшепинг и соседниот град Норшепинг заедно образуваат една од најголемите населени области во Шведска. Коридорот Линшепинг-Норшешинг се нарекува „четвртата метрополитенска област“ на Шведска, покрај областите на Стокхолм, Гетеборг и Малме.
Покраина
уредиОкругот ја опфаќа поранешната покраина Естерјетланд во целост. Нивните граници се идентични.
Управа
уредиГлавна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Естерјетланд (Landstinget i Östergötland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
уредиНаводи
уреди- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
Надворешни врски
уреди- Окружен административен одбор на Естерјетланд (шведски)
- Окружен совет на Естерјетланд Архивирано на 18 март 2007 г. (шведски)