Вестерос — еден од поголемите градови во Шведска, поточно во средишниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на округот Вестманланд и неговото управно седиште е најголем град. Вестерос истовремено е и седиште на истоимената општина.

Вестерос
Вестерос is located in Шведска
Вестерос
Вестерос
Координати: 59°37′N 16°32′E / 59.617° СГШ; 16.533° ИГД / 59.617; 16.533
Површина
 • Вкупна52,94 км2 (2,044 ми2)
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно110,877
 • Густина2.094/км2 (5,420/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоvasteras.se

Вестерос е и важен верски центар со голем и познат соборен храм.

Природни услови

уреди

Градот Вестерос се наоѓа во средишниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен само 110км западно.

Релјеф: Вестерос се развил во внатрешноста на Скандинваски полуостров, во историската област Вестманланд. Подрачјето на градот е рамничарско, а има и бреговити предели, а надморска височина се движи од 5-35м.

Клима: Климата во Вестерос е претежно континентална со големо влијание на морето и топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.

Води: Вестерос се развил на северниот брег на езерото Меларен, трет по големина во Шведска. Во езерото на даденото место, се влева реката Свартон.

Историја

уреди

Вестерос спаѓа во најстарите градови на Шведска. Се споменува во времето на викинг, под името Westra Aros. Градот се наоѓал околу реката Свартон, која се влева во езерото Меларен. Во 1990 година Вестерос официјално прославил 1000 години постоење.

Вестерос уште шеговите се нарекува и „градот на краставиците“, поради големото одгледување на краставици од XVIII век.

Во втората половина на XIX век, со доаѓањето на индустријата и железницата, Вестерос доживува преокрет. Ова довело до добра благостостојба, која трае и ден денес.

Население

уреди

Вестерос е еден од неколкуте шведски градови со повеќе од 100.000 жители. Градот има околу 111.000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 139.000 жители(податок од 2012 година). Последните децении борјот на населението постојано расте.

До средината на XX век Вестерос бил населен со исклучително етнички Швеѓани, а со подоцнежните доселувања во Шведска, населението на градот станало шарено.

Стопанство

уреди

Денес Вестерос е современ град со посебно развиена индустрија (машинска, ИТ, прецизна механика и сл.). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и турозмот.

Галерија

уреди

Извори

уреди

Надворешни врски

уреди