Халанд (округ)
Халанд (шведски: Hallands län) — округ (län) на западното крајбрежје на Шведска. Територијата приближно се совпаѓа со културно-историската покраина Халанд. Административен центар е Халмстад.
Халанд Hallands län | |||
---|---|---|---|
Округ | |||
Земја | Шведска | ||
Админ. центар | Халмстад | ||
Управа | |||
• Управник | Ларс-Ерик Левден | ||
• Совет | Окружен совет на Халанд | ||
Површина | |||
• Вкупна | 5.454 км2 (2,106 ми2) | ||
Население (31 март 2011)[1] | |||
• Вкупно | 299.606 | ||
• Густина | 55/км2 (140/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (ном.) | 61.339 милиони круни (2004) | ||
БДП/жит | 221.000 круни | ||
NUTS | SE231 |
Се граничи со окрузите Вестра Јеталанд, Јеншепинг, Крунуберг, Сконе и заливот Категат.
Покраина
уредиИсториската покраина Халанд ги има речиси истите граници како денешниот округ, освен дел од општината Хилте, која ѝ припаѓа на покраината Смоланд.
Управа
уредиГлавна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник.
Окружниот совет на Халанд (Landstinget Halland) е задолжен за здравството и јавниот превоз.
Општини
уредиНаселени места
уредиЕве ги петте најголеми населени места во округот Халанд:[2]
бр. | Место | Население |
---|---|---|
1 | Халмстад | 55.688 |
2 | Варберг | 26.041 |
3 | Фалкенберг | 18.972 |
4 | Кунгсбака | 17.784 |
5 | Онсала | 11.375 |
Наводи
уреди- ↑ „Квартал 1 2011“. Централна статистичка служба. (шведски)
- ↑ Централна статистичка служба, 2005
Надворешни врски
уреди- Окружен административен одбор на Халанд (шведски)
- Окружен совет на Халанд Архивирано на 18 јуни 2009 г. (шведски)