Балтички држави

(Пренасочено од Балтички земји)

Балтичките држави (естонски: Balti riigid, латвиски: Baltijas valstis, литвански: Baltijos valstybės, руски: Прибалтика) се три независни држави во Северна и Источна Европа, членки на Европската Унија и НАТО. Трите балтички држави се: Естонија, Латвија и Литванија. Пред 1918 и 1920 година, по завршувањето на Првата светска војна, а проследено со векови странска окупација, Балтичките држави се избориле за независност. Во тој период и Финска била сметана за балтичка држава, поради фактот што заедно со Литванија, Латвија и Естонија, и Финска се ослободила од руска контрола. Сепак, денес Финска се смета за нордиска држава.

Балтички држави
Balti riigid  (естонски)
Baltijas valstis  (латвиски)
Baltijos valstybės  (литвански)
Местоположбата на  Балтички држави  (темнозелена) на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Балтички држави  (темнозелена)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Балтички држави  (темнозелена)

на Европскиот континент  (темносива)  —  [Легенда]

Главни градови:Талин; Рига; Вилнус
Службени јазици: естонски; латвиски; литвански
Членство  Естонија
 Латвија
 Литванија
Површина
 •  Вкупна 175.015 км2 (91st)
 •  Вода (%) 2.23% (3,909 км2)
Население
 •  проценка за 2010 г. 6,913,490 (100-та)
 •  Густина 39.5 жит/км2 (172-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $108.136 милијарди[1] (63-та)
 •  По жител $15,665 (56-та)
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $74.502 милијарди[1] (68-ма)
 •  По жител $10,792 (67-ма)

Естонците и Ливонците во Латвија, кои лингвистички се асимилирани, се припадници на групата народи наречена Балтички Финци и споделуваат слични културни одлики и сродни јазици. Латвијците и Литванците се поврзани културно и лингвистички и се потомци за Балтите. Долги векови овие народи ги населувале источните брегови на Балтичкото Море, понекогаш живеејќи во бурни воени години, а понекогаш во стабилни држави.

Од 1940 до 1991 година, Балтичките држави биле во склоп на СССР и од страна на САД, Обединетото Кралство, Канада или НАТО се сметало дека овие држави биле окупирани од Советската власт.[2][3]. Балтичките држави биле меѓу првите поранешни советски републики што прогласиле независност. Така, во 1991 година независноста на сите три држави била обновена. Руските трупи почнаа да се повлекуваат од регионот во август 1993 година. Последните руски трупи ги напуштиле териториите во август 1994.[4] Последниот руски радар (Скрунда-1) беше заклучен во август 1998 година.[5]

Естонија, Латвија и Литванија се членки на ЕУ и НАТО од 2004 година. Денес, тие се слободни демократски општества со слободен економски пазар и со релативно стабилен развој и економија. Сепак, овие три економии биле силно погодени за време на економската криза од 2008/2010.[6]

Статистички податоци уреди

Општи статистики
(сите три се парламентарни републики и се членки на ЕУ од 1 мај 2004)
Знаме      
Држава Естонија Латвија Литванија
Главен град Талин Рига Вилнус
Независност -До 13 век
-24 февруари 1918
-20 август 1991
- До 13 век
-18 ноември 1918
-21 август 1991
-До 18 век
-16 февруари 1918
-11 март 1990
Моментален водач Томас Хендрик Илвес Валдис Затлерс Далиа Грибаускаите
Население (2007) 1,340,602 (01/2007) 2,270,700 (12/2007) 3,369,600
Население (2000) 1,376,743 2,375,000 3,490,800
Густина на население 29/км2 = 75/sq mi 36/км2 = 93/sq mi 52/км2 = 134/sq mi
Површина 45,227 км2 = 17,413 sq mi 64,589 км2 = 24,937 sq mi 65,200 км2 = 25,173 sq mi
Водна површина % 4.56% 1.5% 1.35%
БДП (ПКМ) вкупно $26.85 милијарди (2007) $41.108 милијарди (2007) $66 милијарди (2008)
БДП (ПКМ) по глава на жител $21,800 $18,103 $19,730
БДП (номинален) вкупен $16.410 милијарди $20.101 милијарди $48.132 милијарди
БДП (номинален) по гл. на жит. $15,310 $8,852 $14,273
Џиниев коефициент 34 37.7 36
ИЧР 0.883 0.866 0.870
Интернет домеини .ee .lv .lt
Повикувачки број +372 +371 +370

Најголеми градови по население
  1.   Рига (709,145)
  2.   Вилнус (555,613)
  3.   Талин (406,643)
  4.   Каунас (361,274)
  5.   Клајпеда (188,954)
  6.   Шиаулиаи (125,883)
  7.   Паневежис (116,749)
  8.   Даугавпилс (103,754)
  9.   Тарту (102,817)
  10.   Лиепаја (84,411)

Најголеми градови населени од Литванци, Латвијци и Естонци
  1.   Каунас (335,624)
  2.   Вилнус (312,708)
  3.   Рига (299,968)
  4.   Талин (217,416)
  5.   Клајпеда (135,557)
  6.   Шиаулиаи (120,263)
  7.   Паневежис (113,585)
  8.   Тарту (83,814)
  9.   Алитус (66,390)
  10.   Лиепаја (44,653)

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди