Данска-Норвешка
Данска–Норвешка (на дански и норвешки: Danmark–Norge) ― реална унија меѓу Кралството Данска, Кралството Норвешка (вклучувајќи ги и тогашните норвешки прекуморски поседи: Фарски Острови, Исланд, Гренланд и други поседи), Војводството Шлезвиг и Војводството Холштајн која постоела од 1536 до 1814 година. Државата, исто така, имала суверенитет над три историски народи: Фризи, Гути и Венд . Унијата била позната и како Данско-Норвешко Царство (Det dansk-norske rige), Кралство на близнаци (Tvillingerigerne) или Олденбуршка Монархија (Олденбург-monarkiet)
Данска–Норвешка Danmark–Norge
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Kong Christian stod ved højen mast |
||||||
Главен град | Копенхаген (Данска) Осло (Норвешка) | |||||
Уредување | Монархија
|
Во државата претежно живееле Данци, Норвежани и Германци, но имало и Фарчани, Исланѓани и Инуити (во норвешките поседи во странство), малцинско население Сами во северна Норвешка, како и други домородни народи. Поголеми градови во Данска-Норвешка биле Копенхаген, Кристијанија (Осло), Алтона, Берген и Трондхајм, а примарни официјални јазици биле данскиот и германскиот, но месно се зборувале и норвешки, исландски, фарски, сами и гренландски.[1][2]
Дано-норвешката унија траела до 1814 година,[3] кога според одредбите на Договорот од Кил Норвешка (освен Фарски Острови, Исланд и Гренланд) требало да ѝ се отстапи на Шведска. Норвешка сепак не го признала договорот, прогласила независност по што следела Шведско-норвешката војна од 1814 година. Норвешка потоа влегла во многу полабав личен сојуз со Шведска до 1905 година. По распуштањето на таа унија и двете кралства станале независни држави.
Историја
уредиОсновање на Унијата
уредиВо 1397 година, три кралства Данска, Норвешка и Шведска се обединиле во Калмарска Унија. Шведска во 1521 година ја напуштила Унијата и била основана Данска-Норвешка. Норвешка, исто така, сакала да ја напушти унијата во 1530-тите, но Данска ја нападнала и ја анектирала Норвешка под монархот Кристијан III.[4]
Северна седумгодишна војна
уредиИзбувнувањето на Северната седумгодишна војна од 1563 година се припишува на незадоволството на Данска поради распаѓањето на Калмарската унија во 1520-тите. Кога данско-норвешкиот крал Кристијан III на својот грб ја ставил традиционално шведската ознака од три круни, Швеѓаните тоа го протолкувале како дански претензии кон Шведска. За возврат, Ерик XIV од Шведска (владеел 1560–1568) ги додал ознаките на Норвешка и Данска на својот грб.
Либек и Полско-литванскиот Комонвелт се приклучиле кон Данско-Норвешкиот во воен сојуз откако шведскиот крал Ерик вовел трговски блокади во обид да ја попречи трговијата со Русија. Данска-Норвешка ја нападнала Шведска, со што и започнала војната. По седумгодишни борби, војната завршила во 1570 година со статус кво состојба од пред војната.
Калмарска војна
уредиДанска-Норвешка доминирале со Балтичко и Северно Море, а Шведска неќела да плаќа такса на Данците за нејзините бродови. За да ја избегне таксата шведскиот крал Карл IX се обидел да воспостави нова трговска рута низ Лапонија и северна Норвешка. Во 1607 година Карл IX се прогласил за „крал на Лапонците во Нурланд“ и почнал да собира даноци на норвешка територија.
Данска-Норвешка и кралот Кристијан IV биле незадоволни; Кристијан IV, исто така, сакал да ја принуди Шведска повторно да се приклучи на унијата Данска-Норвешка. Во 1611 година Данска-Норвешка ја нападнале Шведска и го зазеле градот Калмар. На 20 јануари 1613 година, бил потпишан Договорот од Кнеред, со кој Лапонија била припоена кон Норвешка.
Триесетгодишна војна
уредиБрзо по Калмарската војна, Данска-Норвешка се вклучила во друга поголема војна, во која тие се бореле заедно со главно северногерманските и другите протестантски држави против католичките држави предводени од Германската католичка лига.
Кристијан IV се обидел да стане водач на северногерманските лутерански покраини, но по битката кај Лутер во 1626 година, Данска доживеала тежок пораз. По поразот повеќе германски протестантски држави ја прекинале својата поддршка за Кристијан IV. По уште еден пораз во битката кај Волгаст и по Договорот од Либек од 1629 година, со кој на Данска-Норвешка ѝ забранува мешање во германските работи, Данска-Норвешка се повлекла од војната.
Торстенсонова војна
уредиШведска била многу успешна за време на Триесетгодишната војна, и сметала дека може да оствари превласт во регионот. Данска-Норвешка со својата територија ја опкружувале Шведска а огромните такси постојано ги иритирале Швеѓаните. Во 1643 година, шведскиот совет утврдил дека шансите за освојување на територии за Шведска во евентуална војна против Данска-Норвешка се добри. Набрзо, Шведска ја нападнала Данска-Норвешка.
Данска не била подготвена за војна, а Норвешка не сакала да ја нападне Шведска, и Швеѓаните биле во добра позиција.
Војната завршила со шведска победа, а со Договорот од Бремсебро од 1645 година, Данска-Норвешка требало на Шведска да ѝ отстапи свои територии, како норвешките територии Јемтланд, Херједален и Идре и Серна, и данските острови Готланд во Балтичко Море и Осел. Така, Триесетгодишната војна го олеснила подемот на Шведска како голема сила, и го означила почетокот на слабеењето на Данска-Норвешка.
Втора северна војни
уредиДанско-шведската војна (1657–1658), дел од Втората северна војна, била една од најразорните војни за Данско-Норвешкото кралство. По големите загуби во војната, Данска-Норвешка била принудена да го потпише Договорот од Роскилде и да ѝ ја отстапи на Шведска речиси половина од својата територија. Ова ги вклучувало норвешките покраини Тронделаг и Бахуслен, сите други дански покраини на шведско копно и островот Борнхолм.
Меѓутоа, две години подоцна, во 1660 година, следел друг договор, Договорот од Копенхаген, со кој Тронделаг и Борнхолм ѝ биле вратени на Данска-Норвешка.
Кралска апсолутистичка држава
уредиПо конечното отцепување на Шведска од Калмарската унија во 1521 година, во Данска и во Норвешка имало граѓанска војна и протестантска реформација. Кога работите се смириле, Ригсрад (Високиот совет) од Данска ослабнал и бил укинат во 1660 година; норвешкиот Ригсрад де факто бил претходно укинат (норвешкиот Ригсрад последен пат се состанал во 1537 година). Во 1537 година, кралот Кристијан III од Данска-Норвешка извршил државен удар во Норвешка и вовел наследно кралство во вистинска заедница со Данска. Норвешка ги задржала своите посебни закони и некои институции, како кралскиот канцелар, и посебни монети и војска. Норвешка имала и свое кралско стандардно знаме до 1748 година, а потоа Данеброг станал единственото официјално трговско знаме во унијата. Данска-Норвешка станала апсолутистичка држава, а Данска наследна монархија, како што de jure била Норвешка од 1537 година. Овие промени биле потврдени со Leges regiae потпишан на 14 ноември 1665 година, во кој се пропишува дека целата власт е во рацете на кралот, кој одговара само пред Бога.[5]
Сканска војна
уредиДанска, по Договорот од Роскилде, ги загубила своите провинции во Сканија и посакувала да ги врати, но бидејќи Шведска прераснала во голема сила, тоа не било лесна задача. Кристијан V видел прилика откако Шведска се приклучила во Француско-холандската војна и во 1675 година Данска-Норвешка ја нападнала Шведска.
Иако данско-норвешкиот напад на почетокот бил успешен, Швеѓаните предводени од 19-годишниот Карл XI извршиле контранапад и ја вратиле окупираната земја. Војната завршила со посредство на Франција, без трајни придобивки или загуби за ниту една од земјите.
Наполеонови војни и крај на Унијата
уредиЗа време на Француските револуционерни војни, Данска-Норвешка прво се обидела да остане неутрална, за да може да продолжи истовремено да тргува со Франција и со Обединетото Кралство, но кога се приклучила на Лигата за вооружена неутралност, Британците тоа го сметале за непријателски чин и го нападнале Копенхаген. Прво во 1801 година и повторно во 1807 година. Во нападот на Копенхаген во 1807 година, Британците ја заробиле целата данско-норвешка морнарица, го запалиле најголемиот дел од флотата, а преостанатите бродови ги вклучиле во Кралската морнарица. Британскиот напад од 1807 година практично ја принудила Данска-Норвешка да стапи во сојуз со Французите, иако без својата флота не им биле од голема помош.
Данска-Норвешка била поразена и според одредбите од Договорот од Кил морала Кралството Норвешка да му го отстапи на кралот на Шведска. Норвешките прекуморски имоти ги задржала Данска. Но, Норвежаните се спротивставиле на условите од овој договор, и уставното собрание на 17 мај 1814 година прогласило независност на Норвешка, а престолонаследникот Кристијан Фредерик бил избран за крал на Норвешка. По шведската инвазија, Норвешка била принудена да прифати личен сојуз меѓу Шведска и Норвешка, но го задржала својот либерален устав и посебните институции. Сојузот бил раскинат во 1905 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Scandinavian Dialect Syntax.
- ↑ „The Scandinavian Languages: Their Histories and Relationships“. www.sjsu.edu. Архивирано од изворникот на 14 September 2006. Посетено на 30 April 2018.
- ↑ „1376-1814 - Norway Under Denmark“. globalsecurity.org. Посетено на 5 February 2021.
- ↑ „Norge under dansk styre – 1537-1814“. 13 October 2020.
- ↑ „1655 Lex Regia (Kongelov) for Kongerigerne Danmark og Norge, Hertugdømmerne Slesvig og Holsten etc“. thomasthorsen.dk.