Изабела Валоа
Изабела Валоа — француска принцеза и кралица на Англија во периодот од 1396 до 1400 година, како сопруга на Ричард II.[1]
Изабела Валоа | |
---|---|
Кралица на Англија | |
На позиција | 1 ноември 1396 – 30 септември 1399 |
Крунисување | 8 јануари 1397 |
Сопружник | Ричард II 1396 - 1399 Шарл Орлеан 1406 - 1409 |
Деца | Жана валоа |
Династија | Династија Валоа |
Татко | Шарл VI Лудиот |
Мајка | Изабела Баварска |
Таа е родена во Париз на 9 ноември 1389 година, како ќерка на францускиот крал Шарл VI и принцезата Изабела Баварска. На својата шестгодишна возраст, таа била омажена за англискиот крал Ричард II, како знак за потпишување на мировен договор помеѓу Англија и Франција. По смртта на Ричард II во 1400 година, новиот крал Хенри IV ја принудил Изабела да го напушти Виндзор.
По смртта на Ричард, Хенри IV предложил таа да се омажи со идниот крал, а свој син, Хенри VI. Но Изабела ја одбила таа понуда, по кое била затворена во манастир, а по извесно време се вратила во Франција.
Во 1406 година таа се омажила за Шарл Орлеан. Починала на 19 години за време на раѓањето на својата единствена ќерка, Жана.
Наводи
уреди- ↑ A Historical Dictionary of British Women, (Routledge, 2003), 240.