Едвард VII
Едвард VII (англиски: Edward VII) бил крал на Велика Британија и Ирска, император на Индија (1901-1910), прв крал од династија Сакс-Кобург-Гота, која подоцна била преименувана како Виндзорска династија.
Едвард VII Edward VII | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет | |||||
Крал на Обединетото Кралство, Император на Индија | |||||
На престол | 22 јануари 1901 – 6 мај 1910 | ||||
Крунисување | 9 август 1902 | ||||
Претходник | Кралица Викторија | ||||
Наследник | Џорџ V | ||||
Почивалиште | 20 мај 1910 | ||||
Сопруга | Александеа Данска | ||||
Деца | Принц Алберт Виктор Џорџ V Луиза Принцеза Викторија Maud, Queen of Norway Принц Александар Велшки | ||||
| |||||
Династија | Династија Сакс-Кобург-Гота | ||||
Татко | Алберт фон Сакс-Кобург-Гота | ||||
Мајка | Кралица Викторија | ||||
Потпис |
Едвард бил син на кралица Викторија и принцот Алберт фон Сакс-Кобург-Гота. Поради фактот што неговата мајка долго време се задржила на престолот, тој за крал бил прогласен кога имал 59 години, кое пак означува дека тој најдолго се задржал на функцијата Принц на Велс од сите други британски монарси.[1] Денот на неговото крунисување било одложено поради тоа што тој добил апендицит, па морал да оди на операција. Неговата политика довела до создавање на пријателски односи со Франција и Русија. Тој одиграл голема улога при создавањето на Антантата. Тој бил првиот британски монарх кој ја посетил Русија.
Неговото управување, аналогно на неговата мајка, се познати како Едвардска ера. Со исклучок на Бурските војни (1899-1902), кои биле започнати во времето на неговата мајка, тој водел мирна политика. Големиот број на патувања надвор од границите на островот, на кралот Едвард го претвориле во еден од најпочитуваните водачи во светот. Голем дел од европските владетели му биле роднини, кое дополнително му дозволувало да води успешна надворешна политика. Често бил нарекуван Чичко на Европа.
Наводи
уреди- ↑ He was heir apparent for 59 years, 2 months and 14 days. The current heir apparent, Charles, Prince of Wales, could surpass this on 21 April 2011. He was Prince of Wales for 59 years, 1 month and 13 days; Charles could surpass this on 9 September 2017.