Дјук Елингтон
Дјук Елингтон, роден како Едвард Кенеди Елингтон (анг Edward Kennedy Ellington; Вашингтон, 29 април 1899 година - Њујорк, 24 мај 1974 година), е американски џез-музичар, пијанист и композитор.[1] Тој бил водечка фигура во историјата на џез музиката. Неговата музичка кариера траела повеќе од половина век, за кое време компонирал илјадници популарни песни, како и музика за театар и филм. Тој создал еден од најкарактеристичните звуци на ансамблот во западната музика и продолжил да го свири она што тој го нарекувал „американска музика“ речиси до крајот на својот живот.[2]
Дјук Елингтон | |
---|---|
Портрет, ок. 1940 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Eдвард Кенеди Елингтон |
Роден(а) | април 29, 1899 Вашингтон, САД |
Починал(а) | мај 24, 1974 Њу Јорк, САД | (возр. 75)
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти | Пијано |
Период на активност | 1914–1974 |
Мреж. место | dukeellington.com |
Биографија
уредиДетство и младост
уредиДјук Елингтон е роден во Вашингтон, како Едвард Кенеди Елингтон, 29. април 1899 година. Неговите родители исто така биле талентирани музичари, поточно пијанисти. Едвард уште од мали нозе обрнувал внимание на манирите и бил многу достоинствен, поради што неговиот најдобар пријател Едгар Мекентри го нарекувал „Војвода“ (анг= Дјук).[3] На седумгодишна возраст почнал да учи да свири пијано. Својата прва композиција „Soda Fountain Rag“ ја напишал на 15-годишна возраст, инспириран од продавач на газирани сокови. Елингтон студирал сликарство, но и покрај тоа што добил стипендија на Институтот Прат во Бруклин (Њу Јорк), тој се свртел кон музиката и почнал да свири во клубови на 17-годишна возраст.[2]
Семеен живот
уредиДјук Елингтон се оженил на 19 години со Една Томпсон, која му била девојка уште од средно училиште. Набргу по венчавката тие го добиле единственото дете Мерсер Кенеди Елингтон.[2]
Смрт
уредиДјук Елингтон починал на 24-ти мај 1974 година, на 75 годишна возраст, поради пневмонија. Тој боледувал од рак на белите дробови. Неговите последни зборови биле: „Музиката е начинот на кој живеам, зошто живеам и по што ќе бидам запаметен“. Бил погребан на гробиштата Вудлоун во Бронкс (Њујорк). На неговиот погреб присуствувале повеќе од 12.000 луѓе.[2]
Музичка кариера
уредиЕлингтон се одлучил за професионална музичка кариера на 19 години. Четири години подоцна се прославил со својата група „Вашингтон денс“ и оттогаш неговата слава не престанува.[1] Од 1926 г со својот оркестар настапувал во Америка и Европа, а по Втората светска војна и низ целиот свет.[2]
Во педесет години музичко творештво, Едвард Кенеди „Дјук“ Елингтон го доближил џезот до традиционалната класична музика, благодарение на иновациите во компонирање.[3] Напишал повеќе од 1500 композиции кои се одликуваат со богата иновација, неисцрпна имагинација и чувство за специфичен стил, а настапувал и како пијанист со симфониски оркестри.[1] За разлика од другиот великан на џезот, Луис Армстронг, Елингтон посветил повеќе внимание на компонирањето и барањето посебни оркестарски бои отколку на импровизацијата.[1] Тој е еден од креаторите на оркестарскиот стил во џезот.[2]
Најпознатите композиции на Дјук Елингтон се „Solitude”, „Sophisticated Lady” и "„Mood Indigo”". Тој, исто така, компонирал концертни дела, музика за балет, мјузикли и филмска и сценска музика. Во неговите аранжмани и композиција, тој го разви својот специфичен „Ellington Sound“, кој е под влијание на музичкиот импресионизам во однос на бојата на звукот.[2] Во своето творештво бил инспириран од животот на својот народ, на кого му посветил најголем дел од своите композиции. Најпознатиот од нив, „Црна, кафеава и беж“, зборува за тоа како со текот на времето се менувала бојата на црнците донесени од Африка во Америка. Во композицијата „New Orleans Jazz Suite“ во пет движења ги опеал најпознатите креатори на џезот.[1]
Почести
уредиВо Вашингтон постои Парк Дјук Елингтон [4] а во овој град и еден мост го носи неговото име.[5] Плоштадот Дјук Елингтон е изграден во Централниот парк во Њујорк, со грандиозен споменик на овој голем музичар.[6] Зградата на Менхетен, каде што живеел, го носи и неговото име - Куќата на Дјук Елингтон и е заштитена како историска локација.[7]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Времеплов (24. мај 2017): 1974. - Умро Дјук Елингтон...“. РТС. 24. мај 2017. Посетено на 1 септември 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Duke Ellington Biography“. The Biography.com website. A&E Television Networks. 14 јануари 2020. Посетено на 1 септември 2020.
- ↑ 3,0 3,1 Milanović, Biljana (15. april 2016). „DŽEZOLOGIJA ZA POČETNIKE: DUKE ELLINGTON – INDIGOS (1958)10 ESENCIJALNIH ALBUMA (2. DIO):“. KulturKokoška. Посетено на 1 септември 2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Transforming an underutilized park to a sustainable gathering place“. Golden Triangle. The Golden Triangle Business Improvement District. Посетено на 1 септември 2020.
- ↑ „DUKE ELLINGTON (CALVERT STREET) BRIDGE – WASHINGTON DC“. The Living New Deal. Посетено на 1 септември 2020.
- ↑ „Duke Ellington Circle“. Foursquare City Guide. Посетено на 1 септември 2020.
- ↑ „Ellington (Edward Kennedy "Duke") Residence“. National Historic Landmarks. Архивирано од изворникот на 5 јуни 2011. Посетено на 1 септември 2020.
Надворешни врски
уреди- Najdanović, Miloš (6 септември 2008). „Jazz muzika: pojam, istorija i pravci“. Balkanrock. Посетено на 1 септември 2020.