Лудвиг Витгенштајн

австриски филозоф

Лудвиг Јосеф Јохан Витгенштајн (германски: Ludwig Josef Johann Wittgenstein; 26 април 1889 – 29 април 1951) е австриско-британски филозоф, познат по својот интелектуален придонес во: логиката, филозофија на математиката, филозофија на духот и филозофија на јазикот.[5] Од 1929 до 1947 година, Витгенштајн предава на Универзитетот во Кембриџ.[6] За време на неговиот живот, тој објавува една мала книга од 75 страници, која го носи насловот Логичко-филозофски трактат (1921), една статија, една книжевна критика и детски речник.[7] Неговите поголеми ракописи се уредени и објавени посмртно. Филозофски истражувања е објавена како книга во 1953 и е веднаш препознаена за една од најважните филозофски дела во XX век.[8] Неговиот учител Бертранд Расел го опишува Витгенштајн како „најсоврешениот пример за гениј, во традиционална смисла на зборот, кој досега сум го запознал; страствен, длабок, жив и доминантен.“[9]

Лудвиг Витгенштајн
Ludwig Wittgenstein

photograph
Витгенштајн во 1930
Роден(а)Лудвид Јосеф Јохан Витгенштајн
26 април 1889(1889-04-26)
Виена, Австроунгарија
Починал(а)29 април 1951(1951-04-29) (возр. 62)
Кембриџ, Англија
УстановаТехнички универзитет во Берлин
Тринити колеџ, Кембриџ
Мреж. местоАрхивите на Витгенштајн во Универзитетот во Берген
Архивите во Кембриџ
ПериодФилозофија на ХХ. век
ШколаАналитичка филозофија
УстановиУниверзитет во Кембриџ
Претежна дејност
Логика, Метафизика, Филозофија на јазикот, Филозофија на математиката, Филозофија на духот, Епистемологија
Значајни идеи
Ликовна теорија на јазикот
Функции на вистинитост
Состојба на работите
Логичка нужност
Значењето е употреба
Јазични игри
Семејна сличност
Анти-реализам
Витгенштајнова филозофија на математиката
Филозофија на секојдневен јазик
Семантички екстернализам
Критика на теорија на множествата[1]
Потпис

Роден во едно од најбогатите европски семејства во Виена, Витгенштајн, во 1913, наследува огромно богатство од татко му. Значителен дел од богатството го распределува на посиромашни уметници. Додека страдал од длабока депресија по завршувањето на Првата светска војна, го разделува остатокот од своето богатство на своите браќа и сестри.[10][11] Три од неговите браќа извршуваат самоубиство, повремена помисла и на самиот Витгенштајн.[12] Го напушта школувањето неколкупати за да отслужи воен рок, борејќи се на фронтовите за време на Првата светска војна, каде бил повеќе-кратно награден за својата храброст; предава во неколку училишта во некои помали австриски села, од каде потекнува гласината дека ги тепал децата доколку правеле математички грешки; и работел како болничар за време на Втората светска војна во Лондон каде наводно ги советувал пациентите да не ги пијат лекарствата кои им биле препишани, а истовремено затајувал дека е светски познат филозоф.[13] Тој ја опишува филозофијата како „единственото нешто што ми дава вистинско задоволство.“[14]

Неговата филозофија честопати се дели на ран период, кој се одликува со Трактатот и доцен период, артикулиран во Филозофските истражувања. Раниот Витгенштајн се занимава со логичката врска помеѓу јазичните искази и светот, уверен дека ако ја пронајде и обработи врската помеѓу тие две нешта, би ги решил сите филозофски проблеми. Доцниот Витгенштајн поништува голем дел од кажаното во Трактатот, тврдејќи дека всушност значењето на зборовите произлегува од нивната употреба во конкретно дадена јазична игра.[15]

Влијанието на Витгенштајн е присутно во речиси секое поле на хуманистичките и општествените науки, иако постојат разновидни толкувања на неговата мисла. Со зборовите на неговиот пријател и колега Георг Хенрик вон Рајт:

Тој мислеше дека... неговите идеи се неразбрани и извитоперени дури и од оние негови само-прогласени следбеници. Се сомневаше дека ќе биде подобро сфатен во иднина. Еднаш рече дека се чувствува како да пишува за луѓе кои ќе мислат на различен начин и ќе дишат различен животен воздух од денешните луѓе.[16]

Наводи

уреди
  1. Wittgenstein's Philosophy of Mathematics: Wittgenstein's Intermediate Critique of Set Theory од Victor Rodych — Стенфордска енциклопедија на филозофијата (англиски), 21 March 2011
  2. „„Wittgenstein As Engineer". Архивирано од изворникот на 2018-02-10. Посетено на 2016-02-25.
  3. Patton, Lydia, 2009, „Signs, Toy Models, and the A Priori: from Helmholtz to Wittgenstein,“ Studies in the History and Philosophy of Science, 40 (3): 281–289.
  4. P. M. S. Hacker, Wittgenstein's Place in Twentieth-Century Analytic Philosophy (1996), стр. 77 и 138.
  5. Dennett, Daniel (29 March 1999). „LUDWIG WITTGENSTEIN: Philosopher (subscription required) — Time 100: Scientists and Thinkers issue“. Time Magazine Online. Архивирано од изворникот на 2013-08-26. Посетено на 29 November 2011.
  6. Dennett, Daniel. "Ludwig Wittgenstein: Philosopher" Архивирано на 26 август 2013 г., Time magazine, 29 March 1999.
  7. За публикациите за време на неговиот живот, видете Monk, R., How to read Wittgenstein. W.W. Norton & Company. 2005, стр. 5.
  8. Анкета помеѓу 400 американски универзитети и универзитетски професори по филозофија ја рангуваат на прво место во 1999; видете Lackey, Douglas „What Are the Modern Classics? The Baruch Poll of Great Philosophy in the Twentieth Century“, Philosophical Forum. 30 (4), December 1999, pp. 329–346. За краток преглед на анкетата, погледнете овде [1] Архивирано на 20 август 2011 г.. Retrieved 3 September 2010.
  9. За цитатот на Расел, видете McGuinness, Brian. Wittgenstein: A Life : Young Ludwig 1889–1921. University of California Press, 1988, стр. 118.
  10. Кога татко му умира во 1913, Лудвид наследува огромно богатство... Тогаш, во Првата светска војна, каде се бори како волонтер во Австроунгарската армија, го раздава целото богатство на браќата и сестрите, прогонет од депресија, бара засолниште во Долна Австрија, како учител во основно училиште. [Goethe Institute http://www.goethe.de/ges/phi/prt/en2341144.htm ]
  11. Duffy, Bruce. „The do-it-yourself life of Ludwig Wittgenstein“, The New York Times, 13 November 1988, стр. 4/10.
  12. За самоубиствата на браќата, видете Waugh, Alexander. „The Wittgensteins: Viennese whirl“, The Daily Telegraph, 30 August 2008.
  13. Monk, R., Ludwig Wittgenstein: The Duty of Genius. Free Press, 1990, pp. 232–233, 431.
    • За наградните обреди, видете Waugh, A., The House of Wittgenstein: a Family at War. Random House of Canada, 2008, p. 114.
  14. Malcolm, (Additional note) p. 84.
  15. PDF
  16. Malcolm, p. 6.

Надворешни врски

уреди