Вили Хју Нелсон (англиски: Willie Hugh Nelson; роден во Абот, Тексас, на 29 април 1933 година) ― американски кантри-пејач и гитарист.[1][2] Бил еден од најистакнатите претставници на поджанрот „кантри-одметници“ кој се развил кон крајот на 1960-тите како реакција на конзервативните ограничувања на нешвилската кантри-музика. Со неговите албуми: Shotgun Willie (1973), Red Headed Stranger (1975) и Stardust (1978) се вброил меѓу најпознатите кантри-музичари. Добил 12 Греми награди, вклучително и награди за Музичка легенда (1990) и за Животно дело (2000). Примен е во Куќата на славните на кантри музиката (1993).[3]

Вили Нелсон
Нелсон во 2007
Роден(а)Вили Хју Нелсон
29 април 1933(1933-04-29)(91 г.)
Абот, Тексас, САД
Занимање
  • Пејач
  • музичар
  • композитор
  • актер
  • активист
Активен период1956–денес
Сопружник
  • Марта Метјуз (в. 1952; раз. 1962)
  • Ширли Коли (в. 1963; раз. 1971)
  • Кони Коепки (в. 1971; раз. 1988)
  • Ени Д'анџело (в. 1991)
Деца8, вклучувајќи ги и Лукас and Пола
РодниниБоби Нелсон (сестра)

Покрај музичката кариера, глумел во многу филмови и серии, а најпознат е по филмот Барбароса (1982) и филмот Крадец (1981). Нелсон се појавил во филмовите Остин Пауерс: Шпионот (1999), Војна против вистината (1997), Војводите од Хазард (2005) и многу други. [4]

Наводи

уреди
  1. „Willie Nelson Biography (1933-)“. www.filmreference.com. Посетено на 2023-01-19.
  2. „Willie Nelson“. TVGuide.com (англиски). Посетено на 2023-01-19.
  3. „Willie Nelson | Biography, Songs, On the Road Again, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2023-01-19.
  4. „Willie Nelson Songs, Albums, Reviews, Bio & More“. AllMusic (англиски). Посетено на 2023-01-19.

Надворешни врски

уреди