Џонатан Дем (англиски: Jonathan Demme) - американски филмски режисер.

Биографија

уреди

Џонатан Дем починал на 29 април 2017 година.[1]

Творештво

уреди

Дем започнал да го пече филмскиот занает во средината на 1970-тите, под менторство на Роџер Корман, работејќи на повеќе Б-филмови. вниманието на критиката и на публиката го свртел во 1977 година, со постмодернистичката комедија Citizen's Band, како и со комедијата „Нешто диво“ (Something Wild) од 1986 година. Сепак, најголема популарност и признание стекнал со филмовитеКога ќе стивнат јагнињата“ од 1991 и „Филаделфија“ од 1993 година, за кои ја добил наградата „Оскар“. Исто така, познат е неговиот документарен филм од 1985 година, „Престани да мудруваш“ (Stop making sense) во кој ја прикажува групата „Токинг хедс“ за време на концерт.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ѓорѓи Јаневски, „Стоп мејкинг сенс (Stop making sense)“, Економија и бизнис, година 19, број 228, јуни 2017, стр. 100.