Кристијан Виери
Кристијан Виери (роден на 12 јули 1973 во Болоња) — пензиониран италијански фудбалер кој играл како центарен напаѓач.
Кристијан Виери | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 12 јули 1973 | ||
Роден во | Болоња, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,86||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 1 април 2009 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Торино | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1991-1992 | Торино | 7 | (1) |
1992-1993 | Пиза | 18 | (2) |
1993-1994 | Равена | 32 | (12) |
1994-1995 | Венеција | 29 | (11) |
1995-1996 | Аталанта | 19 | (7) |
1996-1997 | Јувентус | 23 | (8) |
1997-1998 | Атлетико Мадрид | 24 | (24) |
1998-1999 | Лацио | 22 | (12) |
1999-2005 | Интер | 143 | (103) |
2005-2006 | Милан | 8 | (1) |
2006 | Монако | 7 | (3) |
2006 | Сампдорија | 0 | (0) |
2006-2007 | Аталанта | 7 | (2) |
2007-2008 | Фјорентина | 26 | (6) |
2008-2009 | Аталанта | 9 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1992-1996 | Италија 21 | 22 | (11) |
1997-2005 | Италија | 49 | (23) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Виери бил именуван во ФИФА 100, списокот на 125 најголеми живи фудбалери избрани од Пеле како дел од стогодишнината на ФИФА. Неколку години по ред тој се сметал за еден од најдобрите напаѓачи во Европа, што довело до тоа да стане најскапиот фудбалер на светот во 1999 година, кога Интер на Лацио му платил 32.000.000 £ за неговите услуги. Оваа сума оттогаш била надмината само уште неколкупати.
Како фудбалски-номад, Виери играл за 13 различни клубови во текот на неговата кариера, од кој најголемиот број од нив ги напуштал после само една сезона од доаѓањето. Најзначајни биле неговите престој во Јувентус, Атлетико Мадрид, Лацио и Интер; како играч на Интер тој постигнал повеќе од 100 гола за време на неговиот престој таму. Виери често бил опишуван како старомоден напаѓач, поради неговата физичка присутност и исклучителните антенски способности, тој е најдобар стрелец на сите времиња во историјата на италијанската лига по бројот на постигнати голови со глава.
Виери бил најдобар стрелец во шпанската лига и во италијанската лига, а исто така бил прогласен и за италијански фудбалер на годината на двапати во 1999 и 2002 година. Тој е еден од најдобрите стрелци на италијанската репрезентација на завршницата на Светските првенства со постигнати 9 голови во 9 натпревари за време на неговите настапи на првенствата во 1998 и 2002 година.
Почетоци
уредиКристијан Виери е роден во Болоња, но неговото семејство се преселило во Австралија во текот на 1970-тите години, и живееле таму во предградието Ветерил Парк во југозападниот дел на Сиднеј. Самиот Виери таму посетувал настава во Prairiewood High School. Неговиот татко, Роберто Виери настапувал за малиот сиднејски клуб Маркони Сталионс. Неговиот брат Масимилијано Макс Виери исто така е професионален фудбалер, и за разлика од Кристијан решил да ја одбере австралиската репрезентација, за која настапил на 6 натпревари во 2004 и 2005 година. Следејќи ги стапките на својот татко, Кристијан како дете играл за тамошниот клуб Маркони Јуниорс (подмладок на Маркони Сталионс, каде неговиот татко ја завршил кариерата), но неговото семејство набрзо се вратило во Италија.
Клупска кариера
уредиКариера од Торино до Јувентус
уредиОфицијално кариерата на Виери започнала во Маркони Сталионс, каде тој тренирал фудбал некое време. Со врќањето во Италија, кариерата на Виери продолжила во младинскиот тим на Торино. Одличните настапи за јуниорите му овозможиле да влезе во првиот тим веќе во следната сезона. Во Серија А и Купот на Италија, Виери настапил на вкупно седум натпревари и постигнал еден гол. Во ноември 1992 продаден е на третолигашот Пиза во кој двојно ги зголемил својте настапи и постигнати голови во однос на периодот додека играл за Торино. Во сезоната 1993-94 потпишал за Равена каде постигнал 12 голови, а веќе следната сезона (1994-95) потпишал за Венеција (каде постигнал 11 гола). По традиција, Виери следната сезона повторно го сменил клубот, и преминал во редовите на Аталанта. Со добрите настапи и 7-те постигнати гола во Серија А за Аталанта, тој го привлекол вниманието на италијанскиот гигант Јувентус кој го довел во својте редови во сезоната 1996-97.
Кариерата во Јувентус, Атлетико Мадрид и Лацио
уредиКариерата на Виери во Јувентус започнала одлично откако тој го освоил Европскиот Суперкуп уште во месец август. Како партнер на Ален Бокшиќ во нападот на Јувентус, го сочинувале убоитиот напаѓачки тандем во Серија А таа сезона. Виери одиграл 23 првенствени натпревари и постигнал 8 голови за Јувентус, додека во европските натпреварувања, во 10 настапи постигнал 6 гола. Престојот во Јувентус бил и најуспешниот период во неговата кариера. Покрај суперкупот, токму таа сезона Виери за првпат во својата кариера (и единствен) ја освоил и италијанската лига како и Интерконтиненталниот куп.
Ни во Јувентус Виери не се задржал подолго од една сезона. Во сезоната 1997-98 тој ја напуштил Италија, и отишол во мадридски Атлетико. Во Атлетико Мадрид, Виери постигнал неверојатен скор - 24 погодоци во 24 одиграни натпревари за клубот во Примера. На тоа придодал уште 5 голови постигнати во 7 европски натпревари. Благодарение на тие 24 гола, тој го освоил Пичичи трофејот наменет за најдобриот стрелец на лигата. По завршувањето на Светското првенство во Франција 1998 година, на кое одлично одиграл, Виери се враќа во Италија потпишувајќи за римски Лацио. Како играч на овој клуб го освоил Купот на победниците на куповите иако постигнал само еден погодок во ова натпреварување. Неговиот единствен гол дошол во финалето во кое Лацио ја победил Мајорка со 2-1.
Кариерата во Интер
уредиВо летото 1999 година претседателот на Интер од Милано, Масимо Морати го доедува Виери во овој клуб за тогаш рекордно-неверојатни 32 милиони £. Исто така, како тренер, во клубот бил доведен Марчело Липи, чија желба запрво бил Виери (бидејќи тие двајцата веќе соработувале заедно во Јувентус).
Со доаѓањето на Виери во Интер, тренерот Липи сакал да формира застрашувачки напаѓачки тандем Виери - Роналдо. Но, поради многубројните повреди на двајцата играчи, тие не биле во можност да играат често заедно. Виери бил импресивен во првите неколку сезони, но заради честата промена на играчите и на тактичките замисли, Интер не бил во можност да се бори за освојување на Скудетото. Поради тоа во клубот бил доведен аргентинскиот тренер Ектор Купер кој бил познат по својата "челична дисциплина". Како и неговиот претходник (Липи), и Купер имал одлична тренерска позадина, односно две финалиња на Лигата на шампионите со Валенсија. Ектор Купер создал нов стил на игра во Интер, кој на клубот му донел резултатски развој. Тоа му помогнало и на Кристијан Виери кој во сезоната 2001-02 постигнал 22 гола во 25 натпревари, и пред самиот крај на сезината Интер бил на еден натпревар од освојување на титулата во Серија А. Меѓутоа, во натпреварот од последното коло во првенството Интер во Рим бил срамотно поразен од Лацио со 4-2 и титулата ја отишла кај Јувентус. И покрај загубената титула во претходната сезона, во следната Виери бил уште подобар, постигнувајќи 24 погодоци во само 23 првенствени настапи. Во таа сезона партнер на популарниот Бобо бил аргентинецот Ернан Креспо. Истата сезона, Виери постигнал три гола и во Лигата на шампионите, од кој 2 кога било најпотребно - во четвртфиналето потив Валенсија. За жал, во тој натпревар потешко се повредил, и бил надвор од конкуренција за двата полуфинални натпревари против градскиот соперник - Милан.
Играјќи за Интер, Виери станал икона на клубот во овој период од 6 сезони, во кој одиграл вкупно 143 првенствени натпревари и постигнал вкупно 103 гола.
После Интер до завршувањето на кариерата
уредиВо јули 2005, со обострана согласност дошло до раскинување на договорот меѓу Виери и Интер, и на изненадување тој отишол во редовите на градскиот соперник - Милан. После само шест месеци Виери ги напуштил росонерите затоа што не бил стандарден во почетните 11 на тимот. После Милан, Виери вторпат во својата кариера ја напуштил Италија и заминал во француски Монако. Во тимот од "кнежевството" Виери отишол првенствено заради тоа, да би можел да игра редовно во својот клуб за да може да избори место во италијанската репрезентација за Светското првенство во Германија 2006 година. Но за жал, играјќи за Монако, Виери претрпел многу тешка повреда, и после екстензивната операција била отфрлена можноста да заигра на своето трето Светско првенство едноподруго.
На 6 јули 2006 година, Виери се договорил со Сампдорија на договор во траење од една година. Меѓутоа, тој подоцна ја одбил таа можност, и на 29 август истата година се вратил во Аталанта од Бергамо. Десет години подоцна од неговиот прв престој во Аталанта, Виери се вратил потпишувајќи едногодишен договор за минимална месечна плата од 1500 евра. И покрај тој факт, Виери во својот договор потпишал клаузула со која може да заработи по 100.000 евра за секој постигнат погодок. Поради тоа претседателот на клубот Иван Руџери изјавил: "Ако работите тргнат добро, Виери може да ме чини 2 милиони евра." Виери настапил 7 пати за клубот (сите седум како замена) и постигнал два гол (вклучувајќи го и голот од преку 40 метри против Сиена, кој го постигнал свртен со грбот кон голот).
Во јуни 2007 година од клубот Аталанта објавиле дека нема да ја продолжуваат соработката со Виери, и дека по завршувањето на постоечкиот договор со клубот, на 30 јуни 2007 Виери ќе биде слободен агент. Набрзо потоа тој потпишал за Фјорентина. Официјално бил претставен на новинарите на 21 јули 2007 година[1] По подолго време, Виери повторно играл во Европа - и тоа во Купот на УЕФА и го зголемил бројот на настапите во првенството (26). По истекувањето на неговиот договор со Фјорентина, Виери по третпат доаѓа во Аталанта.[2] После само 9 одиграни натпревари, Виери и Аталанта го раскинале договорот.[3]. На 20 октомври 2009 Виери го објавил своето повлекување од активното играње фудбал и заминување во пензија.[4]
Титули
уредиТорино
уреди- Куп на Италија : 1992-93
Јувентус
уреди- Серија А : 1996-97
- УЕФА Супер Куп : 1996
- Интерконтинентален куп : 1996
Лацио
уреди- Суперкуп на Италија : 1998
- УЕФА Куп на победниците на куповите : 1998-99
Интер
уреди- Куп на Италија : 2004-2005
Наводи
уреди- ↑ Виери: Драго ми е што станав Виола
- ↑ Потврдено: Виери потпиша за Аталанта
- ↑ Виери го раскина договорот со Аталанта
- ↑ „Виери ја завршува својата фудбалска кариера“. Архивирано од изворникот на 2010-02-11. Посетено на 2013-02-27.
Надворешни врски
уреди- Кристијан Виери-статистика во репрезентацијата Архивирано на 11 јануари 2009 г. на FIGC.it (италијански)
- Интер-Архива Архивирано на 31 октомври 2011 г.
- 9-ти во 1997 во изборот за Европски фудбалер на годината
- 7-ми во 1999 во изборот за Европски фудбалер на годината
- Кристијан Виери на soccerway