Стад де ла Мосон

Стад де ла Мосон е фудбалски стадион во францускиот град Монпелје. Тој е домашен терен на фудбалскиот клуб Монпелје кој се натпреварува во Лига1. Стадионот бил надоградуван за потребите на Светското фудбалско првенство во Франција 1998. Исто така, стадионот бил користен и за време на Светскиот куп во рагби 2007 година, кој во најголем дел се играл во Франција.

Стад де ла Мосон
Australie-Fidji.4.JPG
Место Монпеље
Франција
Изграден 1972
Отворен 1997
Сопственик градот Монпелје
Игра Монпелје Монпелје
Гледачи 32.939

ИсторијаУреди

Стадионот бил отворен во 1972 и е во сопственост на градот Монпелје. Се наоѓа во западниот дел на градот, во близина на реката Мосон, по која и годобил името. Токму заради близината на реката, стадионот бил поплавен во 2002 и 2003 година[1] кога водата од реката скршнала од коритото. Колку била голема поплавата, докажува податокот кој вели дека дури и соблекувалните на стадионот биле целосно поплавени. Теренот бил уништен, и морал да биде заменет со нов.

1987 година кога клубот домаќин на стадионот ФК Монпелје се пласирал во Лига 1, капацитетот на стадионот бил зголемен на 23.500 места. За потребите на Мундијалот 1998 година, капацитетот на стадионот дополнително бил зголемен на 35.500 места.

Општи податоциУреди

Адресата на стадионот е Avenue Heidelberg, 34 080 Монпелје. Најголема посетеност стадионот имал на 17 август 2005. Тогаш 31.457 гледачи дошле да го одгледаат натпреварот помеѓу Триколорите и репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Одиграни натпревари на стадионотУреди

Светско првенство 1998.Уреди

Дата Време (ЦЕВ) Тим #1 Резултат Тим #2 Рунда Публика
10 јуни 1998 21:00   Мароко 2 – 2   Норвешка Група А 29,800
12 јуни 1998 14:30   Парагвај 0 – 0   Бугарија Група А 27,650
17 јуни 1998 21:00   Италија 3 – 0   Камерун Група Б 29,800
22 јуни 1998 17:30   Колумбија 1 – 0   Тунис Група Г 29,800
25 јуни 1998 21:00   Германија 2 – 0   Иран Група Ф 29,800
29 јуни 1998 16:30   Германија 2 – 1   Мексико Осминафинале 29,800

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди