Маскоти на светските првенства во фудбал
список на статии на Викимедија
Секое Светско првенство во фудбал обично има своја маскота. World Cup Willie, маскотата за Светското Првенство во Фудбал 1966 беше првата маскота на Светските Првенства, и една од првите маскоти поврзани за некој голем спортски настан. Дизајнот на маскотата прикажува некоја специфична одлика (изглед, флора, фауна и сл.) на земјата домаќин.
Светско Првенство | Маскота/ти | Опис |
Англија 1966 |
World Cup Willie |
Лав, типичен симбол на Велика Британија, како носи дрес со знамето на Обединетото Кралство и зборовите „WORLD CUP“. |
Мексико 1970 |
Juanito |
Дете како носи дрес на Мексико и сомбреро (со зборовите "MEXICO 70"). Неговото име е деминутив од Хуан, често име во шпанскиот јазик. |
Западна Германија 1974 |
Tip и Tap |
Две деца како носат дресови на Западна Германија, со буквите (Weltmeisterschaft, Светско Првенство) и број 74. |
Аргентина 1978 |
Gauchito |
Дете како носи дрес на Аргентина. Неговата капа (со зборовите ARGENTINA '78), шал и камшик се типични за гаучосите. |
Шпанија 1982 |
Naranjito |
Портокал, типично овошје за Шпанија, како носи дрес на домаќинот. Името доаѓа од naranja, шпански за портокал, и деминитивната наставка "-ito". |
Мексико 1986 |
Pique |
Халапињо пиперка, одлика на мексиканската кујна, со мустаќи и сомбреро. Името доаѓа од picante, шпански за зачинета пиперка и сосови. |
Италија 1990 |
Ciao |
Цртана фигура на играч со глава - фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав. |
САД 1994 |
Striker |
Куче, како носи црвено, бело, син дрес со зборовите „USA 94“. |
Франција 1998 |
Footix |
Петел, типичен симбол на Франција, со зборовите „FRANCE 98“ на градите. Телото е најмногу сино, како дресот на земјата-домаќин, а името е скратеница од зборот фудбал („Foot“) и завршетокот „-ix“ од популарниот стрип Астерикс. |
Кореја/Јапонија 2002 |
Ato, Kaz и Nik (The Spheriks) |
Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ato е тренер додека Kaz и Nik се играчи. Трите поединечни имиња се избрани според предлози на корисници на Интернет и купувачи во McDonald's во земјите домаќини. |
Германија 2006 |
Goleo VI |
Лав како носи дрес на Германија со број 06 и фудбалска топка што зборува. |
Јужна Африка 2010 |
Zakumi |
Леопард со зелена коса кој носи дрес на кој пишува Јужна Африка 2010. Зелените и златните бои кај Закуми ги симболизираат фудбалските бои на Јужна Африка. Неговото име доаѓа од „ZA“, ISO 3166-1 кодот за Јужна Африка, и „куми“ што значи „десет“ на многу африкански јазици. |
Надворешни врски
уреди- Маскоти на Светските Првенства Архивирано на 11 август 2002 г.
- Информации за Goleo VI и Pille Архивирано на 23 март 2007 г.