Бријан Лаудруп

Бријан Лаудруп (роден на 22 февруари 1969 година) — поранешен дански фудбалер кој играл на позицијата напаѓач или како играч за врска. Тој во моментов работи како фудбалски коментатор, критичар и аналитичар на Канал 5 и 6'ерен. Заедно со поранешниот репрезентативен голман Ларс Хег, Лаудруп ја управува фудбалска академија за маргинализирани младите.[7]

Бријан Лаудруп
Brian-Laudrup-Darren-Laver-Lars-Hogh (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Бријан Лаудруп
Роден на 22 февруари 1969 (1969-02-22) (52 г.)
Роден во Виена, Австрија
Висина 1.86 м (6 ст 1 ин)
Играчки податоци
Позиција напаѓач[1][2][3]
среден ред[4][5][6]
Повлекување 2000
Младинска кариера
Брондби Брондби
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1986–1989 Брондби Брондби 49 (13)
1989–1990 Ирдинген Ирдинген 34 (6)
1990–1992 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 53 (11)
1992–1993 Фјорентина Фјорентина 31 (5)
1993–1994Милан Милан 9 (1)
1994–1998 Ренџерс Ренџерс 116 (33)
1998 Челси Челси 7 (0)
1998–1999 Копенхаген Копенхаген 12 (2)
1999–2000 Ајакс Ајакс 31 (13)
Total 342 (84)
Репрезентација
1984 Данска Данска 17 6 (0)
1985–1987 Данска Данска 19 12 (6)
1987–1988 Данска Данска 21 5 (0)
1987–1998 Данска Данска 82 (21)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

За време на неговата кратка играчка кариера кој на крајот завршила поради повреди, Лаудруп настапувал за голем број европски клубови. Тој ја започна кариерата во данскиот клуб Бронби, со кој двапати го освоил данското првенство во доцните 1980-тите. Тој подоцна играл за германски и италијански клубови, со кој ја  освоил Серија А, како и Лигата на Шампионите со Милан во сезоната 1993-94. Исто така тој бил витален дел од тимот на Ренџерс, тимот кој доминирал во Шкотската Премиер Лига во 1990-тите, освојувајќи три првенства, меѓу другото. Во својот краток ангажман во англискиот клуб Челси, тој го освоил Уефа Супер Купот во 1998 година, а подоцна  имал краток ангажман во екипата на Копенхаген во Данска, пред да ја заврши својата кариера со Ајакс во 2000 година.

На репрезентативно ниво, Лаудруп одиграл 82 натпревари и постигна 21 гол за данскиот репрезентацијата, и претставувал наземенлив дел од данската тимови кои го освоиле УЕФА Еуро 1992 и Купот на конфедерациите во 1995 година..

Лаудруп ја освоил наградата за дански Фудбалер на годината рекордни четири пати. Тој бил именуван од страна на ФИФА , како петти-најдобар играч во светот во 1992 година и бил именуван од страна на Пеле како еден од најдобрите 125 најголемите живи фудбалери на ФИФА 100 церемонија во март 2004 година, заедно со неговиот постар брат Михаил Лаудруп.

НаводиУреди

  1. McElroy, Robert; Ferrier, Bob (2005). Rangers The Complete Record. Breedon Books. стр. 320. ISBN 1-85983-481-7.
  2. Palmer, Jon (1998). Superstars of the World Cup. Parragon. стр. 46. ISBN 0-7525-2418-6.
  3. Halliday, Stephen (2002). The Essential History of Rangers. Headline. стр. 186. ISBN 0-7553-1145-0.
  4. 79fjm (25 August 2010). „EURO Masters Brian Laudrup“ – преку YouTube.
  5. Rangers Classics: Wing Wizards DVD
  6. Radnedge, Keir (1998). World Football Records. Carlton Books. ISBN 978-1-78097-568-9.
  7. „Fodbold Fulton – Kræfterne bag“ (дански). Архивирано од изворникот на 22 March 2012.