Алберто Гарсија Аспе
Алберто Гарсија Аспе Мена (роден на 11 мај 1967 во Град Мексико) — поранешен мексикански фудбалер, играч од средниот ред.
Алберто Гарсија Аспе | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 мај 1967 | ||
Роден во | Мексико Сити, Мексико | ||
Држава | Мексико | ||
Висина | м | 1,69||
Играчки податоци | |||
Позиција | Среден ред | ||
Повлекување | 2002 (35 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1984-1991 | УНАМ Пумас | 180 | (40) |
1991-1997 | Некакса | 185 | (69) |
1995 | → Ривер Плејт | 5 | (0) |
1997-1999 | Клуб Америка | 66 | (11) |
1999-2002 | Пуебла | 97 | (29) |
Репрезентација ‡ | |||
1988-2002 | Мексико | 109 | (21) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
За мексиканската репрезентација одиграл 109 натпревари и постигнал вкупно 21 гол. Учествувал на три Светски првенства во 1994, 1998 и 2002 година.
Животопис
уредиВо брак е со Роси Пелаес, сестрата на Рикардо Пелаес - негов соиграч од Некакса, Клуб Америка и репрезентацијата на Мексико, со која се оженил во 1990 година.[1][2] Двојката има две женски деца: Марија Роса родена во 1992 година и Химена родена во 1995 година.[2]
По завршувањето на кариерата работел како извршен директор во екипата на УНАМ Пумас.[3] Моментално работи како коментатор за телевизијата Fox Deportes.
Технички одлики
уредиВреден и работлив централен играч од средниот опремен со добра техника, на кој му се допаѓа идејата често да ја има топката кај себе и да оди напред.[4] Има добар шут со десната нога што го прави закана за противниците кога се приклучува во нападот.[4] Покрај тоа, Гарсија Аспе бил познат и по својте лидерски способности, поради што често ја носел капитенската лента во клубовите во кој што настапувал како и во мексиканската репрезентација.
Бил познат и како добар изведувач на слободни удари и пенали.
Клупска кариера
уредиСвојата фудбалска кариера ја започнал во екипата на УНАМ Пумас, за која дебитирал со само 17 години во 1984 година, во победата со 4-1 над Пуебла. За време на сезоната 1990-1991, тој станал првак во мексиканската лига со Пумас, откако во големото финале биле подобри од Америка, и покрај тоа што вкупниот резултат бил нерешен 3-3 титулата му припаднала на клубот на Гарсија Аспе поради повеќе постигнати голови на гости во тоа двомеч финале.
Во 1991 година, тој се преселил во екипата на Некакса, каде играл со неколку одлични играчи како Игнасио Амбрис, Херардо Ескивел, Алекс Агинага, Иво Басај и Рикардо Пелаес, под водството на тренерот Роберто Сапорити, а потоа и на Мануел Лапуенте.[5] Во оваа златна ера за клубот од Агуаскалиентес, Гарсија Аспе дал голем придонес со преку 200 настапи и над 70 голови во сите натпреварувања за освојувањето на двете титули во првенството во сезоните 1994-1995 и 1995-1996, Купот на Мексико во сезоната 1994-1995, Првенството на прваците во 1995 и КОНКАКАФ Купот на победниците на куповите во 1994 година.[5]
Во 1995 година, како позајмен играч од Некакса, Гарсија Аспе потпишал за аргентинскиот гигант Ривер Плејт. Сепак, искуството во овој клуб не било позитивно за него, бидејќи додека сè уште се обидувал да се адаптира на новата земја и нејзиниот фудбал, по еден слабо одигран натпревар тој паднал во заден план и минутажата му се намалила дотолку што во голем број натпревари не бил пријавен ниту на клупата за резерви.[2] Сето тоа го погодило играчот и по неколку месеци во Аргентина, тој се вратил назад во својата татковина во екипата на Некакса.
Од 1997 до 1999 година, Гарсија Аспе го носел дресот на Клуб Америка, а последните три години од кариерата ги поминал во дресот на Клуб Пуебла. Својот последен клупски натпревар го одиграл на 14 април 2002 година, во поразот на неговата Пуебла на гостувањето кај Морелија со 5-2.
Вкупно во мексиканското првенство Гарсија Аспе одиграл 518 натпревари, постигнал 142 гола и забелажал 51 асистенција.
Репрезентативна кариера
уредиГарсија Аспе дебитирал за мексиканската репрезентација на 21 февруари 1989 година, во победата со 2-1 над Гватемала во пријателски натпревар одигран во Лос Анџелес.
Како дел од репрезентацијата тој освоил две натпреварувања: КОНКАКАФ Голд купот во 1996 и Купот на конфедерации во 1999 година.
Покрај тоа, учествувал на три Светски првенства во 1994, 1998 и 2002 и четири турнири на Копа Америка во 1993, 1995, 1999 и 2001.[6] На Светското првенство 1994, тој постигнал гол од пенал во осминафиналето против Бугарија, но бил еден од тројцата играчи кој промашиле од белата точка што довело до тоа мексиканците да бидат елиминирани по изведување на пенали. На следниот мундијал 1998 во Франција, тој исто така постигнал еден гол и повторно од пенал во ремито 2-2 против Белгија во групната фаза. На Светското првенство 2002, тој се појавил во игра само во еден натпревар, запишувајќи 12 минути во поразот од САД во осминафиналето.
На дебито на Мексико на Копа Америка во 1993 година, Гарсија Аспе постигнал два гола во победата со 4-2 над Перу во четвртфиналето; мексиканците стигнале до финалето во кое загубиле од Аргентина со 2-1. Тој бил во составот на Мексико и осум години подоцна, кога мексиканците го повториле својот најдобар успех на Копа Америка, стигајќи повторно до финалето во кое овојпат биле поразени од домаќинот Колумбија со 1-0. Претходно, тој од пенал го постигнал победничкиот гол во полуфиналниот двобој против Уругвај (2-1 за Мексико).
Вкупно за мексиканската репрезентација одиграл 109 натпревари и постигнал 21 гол.
Титули
уредиКлупски
уредиУНАМ Пумас
уреди- Примера Дивисион : 1
- 1990-1991
- 1989
Некакса
уреди- Примера Дивисион : 2
- 1994-1995, 1995-1996
- Куп на Мексико : 1
- 1994-1995
- 1995
- 1994
Репрезентативни
уреди- 1996
Наводи
уреди- ↑ „Futbolistas que anduvieron con la hermana de un compañero“. publimetro. 20 март 2019. Text "https://www.publimetro.com.mx/mx/publisport/2019/03/20/futbolistas-que-anduvieron-con-la-hermana-de-un-companero.html" ignored (help);
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 „Alberto García Aspe, un campeón tocado por la fe“. 17 август 2016. Посетено на 24 март 2021.
- ↑ El Porvenir Архивирано на 28 септември 2007 г.
- ↑ 4,0 4,1 „Алберто Гарсија Аспе“. Посетено на 25 март 2020.
- ↑ 5,0 5,1 „Necaxa por: Alberto García Aspe“. 14 мај 2009. Посетено на 24 март 2021.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-04-08.
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на Гарсија Аспе Архивирано на 27 ноември 2011 г.
- Профил на National Football Teams
- Репрезентативна статистика на rsssf