Фабиен Бартез
Фабиен Ален Бартез (роден на 28 јуни 1971 во Лавелане) — поранешен француски фудбалски голман.
Фабиен Бартез | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 28 јуни 1971 | ||
Роден во | Лавалане, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | голман | ||
Повлекување | 2007 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1992 | Тулуза | 79 | (0) |
1992-1995 | Олимпик Марсеј | 106 | (0) |
1995-2000 | Монако | 143 | (0) |
2000-2004 | Манчестер Јунајтед | 92 | (0) |
2003-2006 | Олимпик Марсеј | 74 | (0) |
2006-2007 | Нант | 14 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1994-2006 | Франција | 87 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Тој освоил голем број на почести играјќи за Манчестер Јунајтед и француската репрезентација, со кого ги освоил Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000 и стигнал до финалето на Светското првенство 2006. Тој го дели рекордот за најмногу сочувани чисти мрежи на завршницата на Светските првенства со Питер Шилтон, откако и двајцата запишале 10 натпревари во кој не примиле погодок. Во клупскиот фудбал Бартез ја има освоено титулата во Лигата на шампионите во 1993, како и по неколку наслови во Лига 1 и во Премиер лигата на Англија.
Клупска кариера
уредиМарсеј
уредиРоден во Лавелане, Бартез го направил своето професионално деби во првата лига на Франција за екипата на Тулуза на 21 септември 1991 година, против Нанси. Тој му се приклучил на Марсеј во 1992 година, и освоил двојна круна, триумфирајќи и во француското првенство и во Лигата на шампионите на крајот од својата прва сезона во тимот. Успехот во 1993 година го направил Бартез најмлад голман кој успеал да ја освои титулата во Лигата на шампионите сè додека Икер Касиљас не го престигнал во 2000-тата година.
Сепак, подоцна титулата во домашното првенство на Марсеј ќе му биде одземена (но, не и таа во Лигата на шампионите), поради вклученост на тимот во скандал со наместени натпревари, а една година подоцна (1994) тие испаднале во втората лига поради финансиски банкрот. Бартез останал со клубот во втората дивизија за време на сезоната 1994-1995 и покрај многуте понуди од елитните француски клубови.
Монако
уредиВо 1995 година, тој му се приклучил на Монако и ја освоил Лига 1 во 1997 и во 2000 година.
Манчестер Јунајтед
уредиКако резултат на успесите на Бартез на Светското и Европското првенство, тој го привлекол вниманието на менаџерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон, кој бил во потрага по квалитетен голман кој требало да го замени неодамна продадениот Петер Шмајхел, бидејќи голманот кој бранел во претходната сезона, Марк Боснич, Фергусон не го сметал за долгорочна замена. Бартез му се приклучил на Јунајтед за сума од 7.800.000 £ во летото 2000 година. Тој подоцна соработувал во тимот и со својот долгогодишен колега во репрезентацијата на Франција Лоран Блан кои му се приклучил на Манчестер Јунајтед во 2001 година. Ритуалот кој овие двајца го изведувале на натпреварите од Светското првенство 1998, кога Блан му ја бакнува главата на Бартез оддозгора бил одново изведен пред почетокот на натпреварите од Лигата на шампионите.
Добро познат по својата ексцентричност, Бартез започнал добро во Манчестер Јунајтед. Неговата прва сезона бил триумфот во кој тој одговорил на сите прашања околу тоа како ќе се справи со врнежливите денови во Манчестер во споредба со сончевите во Монако. Бартез бранел брилијантно во текот на сезоната и набрзо станал омилен меѓу навивачите. Навивачите го сакале неговото ексцентрично однесување, неговиот талент да ги дрибла противничките напаѓачи, и што е најважно, неговата извонредна реакција со која одбранил многу удари. Многу често тоа биле и круцијални одбрани со што ги спасувал црвените ѓаволи од пораз или од губење на многу вредни бодови, помагајќи му на Јунајтед да стигне до титулата во Премиер лигата во сезоната 2000-01, нивна трета по ред. Незаборавен инцидент се случил кога Манчестер Јунајтед се сретнал со Лидс Јунајтед во март 2001 година, во натпревар што завршил 1-1. При резултат 0-0 во првото полувреме, Бартез ги загубил нервите и во една ситуација во шеснаесетникот на Манчестер намерно го удрил со нога противничкиот играч Ијан Харт, кој паднал на тревата и останал да лежи на работ од петерецот, а судијата досудил пенал за Лидс. Токму Харт шутирал од белата точка, но Бартез направил одлична ниска парада и со десната рака го сопрел ударот кој одел во неговиот десен агол. Единствениот недостаток во неговата прва сезона бил неуспешниот обид да го "измами" Паоло Ди Канио од Вест Хем Јуанјтед во 4.круг од ФА Купот. Ди Канио успеал успешно да ја избегне офсајд стапицата, кога Бартез застанал со раката нагоре очекувајќи судијата да свирне со неговото свирче, или Ди Канио да застане. Наместо тоа, Ди Канио продолжил со играта и го постигнал единствениот гол во натпреварот.
Сезоната 2001-02 била поделена на два дела за него. Првиот дел од сезоната бил вистински кошмар за Бартез. Изгледало дека Французинот преземал некои непотребни ризици надвор од неговото казнено поле, и неговите глупости во некој натпревари го чинеле тимот примање на непотребни голови. На 17 октомври 2001 година тој бил виновен за два од трите гола кој ги примил Јунајтед во поразот на домашен терен од Депортиво Ла Коруња со 2-3.[1] Уште неколку грешки против Арсенал наредниот месец го ставиле Бартез под голем притисок. Имало многу шпекулации за тоа што било извор за падот во формата на Бартез, а критичарите барале тој да биде изоставен од почетниот тим. Сепак, Сер Алекс Фергусон имал верба во неговиот голман и останал со него на голот и во следните натпревари. Како резултат на тоа во втората половина од сезоната, Бартез ја подобрил неговата игра, со солидни перформанси и спектакуларни одбрани што беа и неговиот заштитен знак. Во ноември 2001 година, кога Лестер Сити гостувал на Олд Трафорд, Бартез одбранил пенал кој бил изведен од страна на Мази Изет.
Во сезоната 2002-2003, Бартез освоил уште една титула во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед. Ова била уште една неконстантна сезона за Бартез во која тој бранел и фантастично, но и имал големи киксови кој скапо го чинеле неговиот тим. Во натпреварот против Ливерпул на Енфилд тој одбранил прекрасен удар од далечина на Дитмар Хаман со фантастична парада помагајќи му на својот тим да го задржи водството и да победи со 2-1. Оваа одбрана на Бартез и ден-денес се смета за една од најдобрите во историјата на Премиер лигата. Во друг натпревар пак, против Реал Мадрид во Лигата на шампионите тој бил главен виновник за раната елиминација на Јунајтед, а особено за првиот гол на Роналдо. Тоа ќе се покаже како негов последен натпревар во неговата кариера во Јунајтед откако трпението на Сер Алекс Фергусон ќе достигне до неговиот крај. Како резултат на сето тоа, Бартез дури бил и заменет за последните три натпревари од сезоната, кога Рој Керол го заземал неговото место меѓу стативите.
Враќањето во Марсеј
уредиВо октомври 2003 година, откако новото засилување американецот Тим Хауард го заземал местото на голманскиот пост во почетната постава на тимот, Јунајтед се согласил да го ослободи Бартез од неговиот договор на Олд Трафорд по завршувањето на сезоната 2003-04, а исто така се согласиле тој да ја помине оваа сезона на заем во Марсеј. Сепак, од ФИФА го блокирале овој договор за заем врз основа на тоа што не бил договорен во рамките на меѓународниот трансферен прозорец. Па така, овој договор стапил на сила кога трансфрниот прозорец одново бил отворен, а тоа се случило на 1 јануари 2004 година и Бартез му се приклучил на Марсеј набргу потоа. На 27 април, Марсеј и Бартез се согласиле на две и пол годишен договор кој ќе го задржи во клубот до пролетта 2006 година.
Бартез бил вмешан во контроверзи за време на пријателскиот натпревар меѓу Марсеј и мароканскиот тим Видад Казабланка на 12 февруари 2005. Откако поминале 10-тина минути од натпреварот, играч на Марсеј бил исклучен, и избувнала тепачка меѓу играчите на теренот. Бартез бил пријавен за плукање кон мароканскиот судијата. На 21 април, Бартез бил повикан на сослушување пред дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација, следниот ден, и му била доделена шестмесечна суспензија, која потоа била смалена на три месеци суспензија. За тој необичен потег, сојузниот совет на ФФФ поднел жалба на суспензијата, тврдејќи дека казната требало да изнесува најмалку шест цели месеци. Конечно, неговата суспензија била продолжена до шест цели месеци поради политички притисоци.
Повлекување од фудбалот
уредиНа 8 август 2006 година, Бартез објавил дека сè уште се надева дека ќе игра професионално фудбал барем уште две години, изјавувајќи исто така, дека можеби ќе ја продолжи својата кариера и во Француската репрезентација. Неговото идеално сценарио би било враќањето во неговиот прв клуб Тулуза, каде што би можел да биде доволно блиску за да може да се грижи за неговата болна мајка. Тој исто така изјавил, дека ако до 31 август не неуспее да пронајде нов клуб, тој нема да продолжи со фудбалот. На 5 октомври 2006 година било потврдено дека тој се повлекува од фудбалот, откако пропаднал трансферот за негово враќање во Тулуза. Потоа Бартез искоментирал: "Во единствениот клуб во кој ја сакав да одам не беа толку среќни да ме имаат. Тоа се случува и треба да се живее со него.".[2]
Враќање
уредиНа 17 декември 2006 година, Бартез го најавил неговото враќање во фудбалот потпишувајќи договор со францускиот Лига 1 тим, Нант, кои биле во потрага по искусен голман откако Микаел Ландро заминал во Париз Сен Жермен претходното лето. Првично во клубот бил донесен српскиот голман Владимир Стојковиќ, кој требало да биде успешна замена за Ландро, но тој не успеал да ги импресионира челните луѓе на клубот и заминал на заем во зимската пауза од првенството.
На 29 април, претседателот на Нант Руди Русијон објавил дека по расправија со еден навивач на Нант, Бартез го напуштил градот со своето семејство. Следниот ден, Бартез потврдил дека го напушта тимот,[3] и бара од клубот да го прекине неговиот договор. Бартез негирал дека планира да се пензионира, и во една статија за францускиот дневен весник Л'Екип, изјавил дека е во потрага по уште еден договор за најмалку две години. Оттогаш Бартез бил поврзуван со бројни клубови, но ништо не се случило и тој никогаш не заиграл професионален фудбал повторно.
Репрезентативна кариера
уредиРана репрезентативна кариера
уредиНа 26 мај 1994 година, Бартез го направил својот прв настап за Франција против Австралија. Иако Бартез бил замена на Бернард Лама на Евро 1996 - на кое Франција стигнала до полуфиналето - тој станал број еден на голманската позиција набргу потоа и нема да биде сменет речиси една деценија.
Светско првенство 1998
уредиНа Светското првенство 1998 кое се одржало во неговата родна земја, Бартез примил само два гола во седум натпревари и ја освоил наградата Yashin Award како најдобар голман на турнирот. Бартез бил исто така добро познат за време на турнирот и по ритуалот кој го правеле со неговиот тимски колега и добар пријател Лоран Блан во кој Блан му ја бакнувал неговата избричена глава пред почетокот на секој натпревар, наводно за среќа. Бартез бил составен дел од триумфот на неговиот репрезентација, кој исто така бил првпат во 20 години домаќин кој го освоил Светското првенство. Во финалето Бартез ја сочувал празна својата мрежа во импресивната победа со 3-0 над тогашните актуелни шампиони репрезентативците на Бразил. Во текот на натпреварот, Бартез направил спектакуларна одбрана по шут на бразилската суперѕвезда Роналдо. Бартез потоа бил прогласен за еден од најпопуларните национални играчи на Франција, по Зинедин Зидан. Бартез исто така се нашол и во идеалниот тим на првенството.
Европското првенство 2000
уредиДве години подоцна, Бартез повторно бил стартер на голманската позиција кога неговата земја триумфирала на Евро 2000. Тоа било првпат во повеќе од дваесет години еден репрезентација по титулата од Светското да ја освои и онаа на Европското првенство, подвиг кој претходно бил остварен само од Западна Германија во 1974 година. По тој триумф, Франција го презела врвот на ФИФА ранг листата од 2001 до 2002.
Титули
уредиКлубови
уредиТулуза
уреди- Француско кадетско првенство : 1987
Марсеј
уреди- Лига на шампиони : 1993
- Куп на УЕФА : 2004-вицешампион
Монако
уреди- Лига 1 : 1997, 2000
Манчестер Јунајтед
уреди- Премиер лига : 2000-2001, 2002-2003
Репрезентација
уредиФранција
уреди- Светско првенство во фудбал : 1998, 2006-вицешампион
- Европско првенство во фудбал: 2000
- ФИФА Куп на конфедерации : 2001
Архива
уредиНаводи
уреди- ↑ Anderson, D. (2001). Manchester United 2:3 Deportivo La Coruna. Архивирано на 29 ноември 2005 г. RedCafe.net – Unofficial Manchester United Website. Посетено на 6 July 2006.
- ↑ „Barthez announces his retirement“. BBC News. 5 October 2006. Посетено на 2 April 2010.
- ↑ Бартез го напушта Нант по нападот – BBC Sport