Виктор Икпеба

Ова е објавената верзија, проверена на 18 јули 2023. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Виктор Носа Икпеба (роден на 12 јуни 1973 во Бенин Сити) — поранешен нигериски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Виктор Икпеба
Лични податоци
Роден на 12 јули 1973(1973-07-12)(51 г.)
Роден во Бенин Сити, Нигерија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001740000001,74 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2007
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1989 АЦБ Лагос
1989-1993 РФК Лиеж РФК Лиеж 79 (27)
1994-1999 Монако Монако 169 (55)
1999-2001 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 30 (3)
2001-2002Бетис Бетис 3 (0)
2002-2003 Ал-Итихад Триполи Ал-Итихад Триполи 26 (13)
2004 Шарлероа Шарлероа 15 (5)
2005-2007 Ал-Сад Ал-Сад ? (?)
Репрезентација
1992-2002 Нигерија Нигерија 31 (7)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Во својата кариера настапувал за осум клубови, а најдлабока трага оставил играјќи пет години за Монако. Во 1997 година токму како играч на Монако ја добил наградата за Африкански фудбалер на годината доделена од КАФ.

Со нигериската репрезентација настапил на две Светски првенства во 1994 и 1998. Исто така, тој бил дел од репрезентацијата која победила на Африканскиот куп на нациите во 1994 и го освоила златниот олимписки медал во Атланта 1996 година.

Животопис

уреди

Икпеба е оженет и има три деца. Во мај 2000 година неговата сопруга Атинуке починала на возраст од 26 години, од рак на градата.

Икпеба со својте деца денес живее во Монако.

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Талентот на Икпеба бил отркриен од страна на белгискиот клуб РФК Лиеж уште додека тој настапувал со својата репрезентација на Светско првенство за играчи под 17 години. Во 1989 година Икпеба се договорил со клубот и отпатувал за Белгија заедно со соиграчот Сандеј Олисех. Во 1994 година Икпеба бил продаден на Монако каде што ќе ги доживее својте најдобри фудбалски години. Во почетокот тој бил трениран од страна на Арсен Венгер кој многу ја унапредил неговата игра. Во сезоната 1996-97, Икпеба играл одлично и постигнал 13 голови со што му помогнал на клубот да ја освои титулата во Лига 1. Во истата таа 1997 година бил избран и за Африкански фудбалер на годината. Во последните две сезони тој оформил впечатливо партнерство во нападот со Давид Трезеге.

Икпеба му се придружил на Сандеј Олисех во Борусија Дортмунд во 1999 година, за надомест за трансфер од £ 4,8 милиони. Икпеба постигнал само два гола во неговата прва сезона во Бундеслигата и речиси воопшто неиграл во својата втора, откако се скарал со тренерот Матијас Замер. Во потрага по трансфер во странство, Икпеба го одбил Саутхемптон, за да му се приклучи на Реал Бетис на заем за една сезона.[1] Работите отишле уште подалеку во надолна линија за играчот во Шпанија откако тој бил критикуван за прекумерната тежина од тренерот, откако направил само еден настап за клубот. Тој не влегол во игра за Бетис повторно, сè до последните два натпревари од сезоната.

По мало лутање по клубови од послаба класа и послаби лиги Икпеба ја завршил кариерата во 2007 година откако претходно две сезони бил фудбалер на катарскиот Ал Сад.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој одиграл 31 натпревар и постигнал седум гола за нигериската репрезентација. Со репрезентацијата играл на две Светски првенства во 1994 и 1998. Тој, исто така, му помогнал на својот репрезентација да триумфира на Африканскиот куп на нациите во 1994 и да го освои златниот олимписки медал на Олимпијадата во Атланта 1996 година.

Титули

уреди

Клупски

уреди

  РФК Лиеж

уреди
1989-1990

  Монако

уреди
1996-1997
1997

  Ал-Итихад

уреди
2002-2003

Репрезентативни

уреди

  Нигерија

уреди
1994
1996

Поединечни

уреди
1993
1997

Наводи

уреди
  1. „Икпеба ги одби светците за Бетис“. BBC Sport. 9 August 2001. Посетено на 11 February 2012.

Надворешни врски

уреди