Air France
Air France (Македонски: Ер Франс), е авиокомпанија, заснована во Париз, Франција, и една од најголемите светски авиокомпании и основач на SkyTeam алијансата од авиокомпании. Air France сообраќа на 185 одредишта во 83 земји низ целиот свет. Централата на авиокомпанијата е на аеродромот Де Гол кај Париз, како и помали централи на аеродромите Орли кај Париз, Лион и Ница. Авиокомпанијата беше формирана на 7 октомври 1993. Во 1990, авиокомпанијата ги откупи сите сообраќања на домашниот авиопревозник Air Inter, како и на нивните соперници Union des Transports Aériens. Air France беше официјален национален авиопревозник цели 7 декади, пред да се спои со KLM во 2003 година. Флотата на Air France е составена во најголем број од авиони од типот Airbus и Boieng. Регионалната подружница на Air France е одговорна за најголемиот дел од регионалните домашни и Европски одредишта. Слоганот на претпријатието е: „Да го направиме небото најдобро место на светот“.
| |||||||
Основан | 1933 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Аеродром Париз Де Гол | ||||||
Поважни градови | |||||||
Програма за чести летачи | Flying Blue | ||||||
Аеродромски салон | L'Espace Première Lounge Departures Lounge Arrivals Lounge Salon Air France SkyTeam Lounge | ||||||
Сојуз | SkyTeam | ||||||
Подружници | |||||||
Летала | 408 (вклучувајќи. Régional, Brit Air како и други регионални брендови) | ||||||
Одредишта | 248 | ||||||
Гесло | "Да го направиме небото најубаво место на светот" ("Faire du ciel le plus bel endroit de la terre") | ||||||
Матично претпријатие | Air France-KLM | ||||||
Седиште | Париз, Франција | ||||||
Раководство | Jean-Cyril Spinetta (Директор и CEO) Pierre-Henri Gourgeon (COO) Philippe Calavia (CFO) | ||||||
Мрежо место | http://www.airfrance.com |
Историја
уредиФормирање и почетни години
уредиAir France беше формиран на 7 октомври 1933 година, со спојување на Air Orient, Air Union, Compagnie Générale Aéropostale, Compagnie Internationale de Navigation Aérienne (CIDNA), и Société Générale de Transport Aérien (SGTA). Од сите овие авиопревозници, SGTA беше првиот цивилен авиоппревозник во Франција, формиран под името Lignes Aériennes Farman во 1919 година.
Реорганизација за џет-ерата
уредиВо 1952, Air France ги префрли сите свои собраќања на новиот јужен терминал на аеродромот Орли кај Париз. До тоа време, мрежата на одредишта се рашири, покривајќи околу 250.000 километри. Air France ја започна својата џет ера во 1953 со авион од типот de Havilland Comet, првиот авион на млазен погон во светот. На 26 септември 1953, Француската влада и наложи на Air France да ги дели одредиштате низ целиот свет со новите приватни авиопревозници. На 23 февруари 1960, Министерот за јавни работи и авиопревозот го префрли целиот домашен сообраќај на авиопревозникот Air Inter. За да Air France ги покрие загубите поради губењето на одредиштате, и беше даден дел од акциите во претпријатието. Од 1974 година, Air France започна со преместување на своите сообраќања на аеродромот Париз Шарл Де Гол, северно од Париз. Во 1974 година, Air France исто така постана и првиот светски авиопревозник со на Airbus A300, широкотрупен авион со два мотори, кој беше првиот авион произведен од страна на Airbus.
Конкорд сервис и соперништво
уредиНа 21 јануари 1976 година, Air France започна со надзвучен авиопревоз на релацијата Париз - Дакар - Рио, со авион од типот Конкорд. Следната година започнаа и со супоерсонични летови кон Њујорк и Вашингтон. Патувањето од Париз до Њујорк траеше 3 часа и 23 минути, или двапати побрзо од брзината на звукот. Air France, покрај British Airways беа единствените два превозника што користеле надзвучни авиони.
До 1983 година, бројот на вработени беше околу 34.000, флотата броеше околу 100 авиони, 634000 километри мрежа со одредишта и околу 150 одредишта во 73 земји. Со ова, Air France беше четвртиот најголем авиопревозник во светот. Во 1988 година, Air France беше првиот корисник на авионите од типот Airbus А320 (со вградена лет преку жица технологија).
Соединување и приватизација
уредиНа 12 јануари 1990 година, авиосообраќајот на во тоа време државното претпријатие Air France, полу приватизираната Air Inter и целосно приватизираната UTA беа споени во едно претпријатие, Air France. Спојувањето на сета работа беше план на владин план за еден обединет национален авиопревозник кој ќе се спротивстави достоинствено на конкурентите со либерализацијата на воздушниот простор во рамките на Европската Унија. На 25 јули 1994 година, ново холдинг-претпријатие, наречена Groupe Air France беше регистрирана. Претпријатието започна со работа на 1 септември 1994 година. Ов претпријатие ги откупи сите сопственички права на Air France и Air Inter. На 31 август 1994, Стефан Волф, поранешен извршен директор на United Airlines, беше назначен за советник на директорот на Air France, Кристијан Блан. Волф доби пофалби за воведувањето на моделот на главна централа на аеродромот Париз Де Гол. На 19 февруари 1999, владата на Францускиот премиер Лионел Жоспен одобри приватизација на одреден дел од Air France. Акциите беа понудени на берзата во Париз на 22 февруари 1999. Во јуни 1999, Air France и Delta Air Lines формираа билатерално трансатлантско партнерство. На 22 јуни 2000, ова партнерство се прошири во гловалната алијанса SkyTeam.
Спојувањето со KLM
уредиНа 30 септември 2003, Air France и KLM објавија спојување на двете авиопревозници во една единствена авиоавиопревозник, која ќе се води под името Air France - KLM. Групацијата набргу стана најголема во светот во однос на добивката, како и трета во однос на изминатите километри на годишно ниво. Иако раководени под една единствена групација, Air France и KLM продолжија да летаат под своето посебно име.
Одредишта
уредиПогледнете опширно, одредишта на Air France.
Кабински класи
уредиAir France моментално на своите меѓународни одредишта има 3 класи во своите авиони: L'Espace Première (Прва), L'Espace Affaires (Бизнис), и Tempo (Економска). За летовите кон Карибите и Индискиот Океан, напредна економска класа, Alize, исто така е понудена. Забава за време на летот е понудена преку AVOD (Audio Video on Demand).
L'Espace Première
уредиL'Espace Première e првата класа понудена од Air France, која се среќава во интерконтиненталните летови, и е понудена во авионите од типот Боинг 777-300ER и Боинг 777-200ER. Класата нуди 4 до 8 седишта кои се движат за 180 степени, и со тоа формирајќи кревет долг 2 метри. Секое место нуди 10.4" екран на допир, доволно приватност, поддршка за аутомасажа, слушалки за намалување на бучавата, личен телефон како и влезови за напојување. Јадењето се сервира од À la carte мени. Класата ќе биде преименувана во Première како дел од ребрендирањето на авиопревозникот.
L'Espace Affaires
уредиL'Espace Affaires, или бизнис класата на Air France, и е достапна во авионите Ербас А330, Ербас А340, Боинг 747 како и Боинг 777. Класата нуди lie-flat седишта како и личен телефон, влезови за напојување и AVOD. Исхраната содржи три јадења. Класата ќе биде реименувана Affaires како дел од ребрендирањето на авиопревозникот.
Alizé
уредиAlizé е напредна регионална економска класа за летовите кон Карибите и одредиштате во Индискиот Океан. Во оваа класа се сместени 36 седишта во 2-4-2 конфигурација на седишта.
Premium Voyageur
уредиНовата класа ќе биде достапна на авионите од типот Боинг 777 стартувајќи од сезоната Есен/Зима 2009/2010. Заснована е на напредно економската класа, со таа разлика дека кабината ќе биде покомфорна, и ќе има место за 32 патника.
Tempo
уредиTempo или економска класа, вклучува личен телефон, AVOD забава со игри и филмови. Исхраната во оваа класа е избор помеѓу две јадења на интерконтиненталните летови како и ограничен избор на алкохол. Класата ќе биде реименувана во Voyaguer со ребрендирањето на авиопревозникот.
Инциденти и несреќи
уреди- На 27 октомври 1949 година, боксерот Марсел Сердан, виолинистот Жинет Нево, некои членови на циркусот Барнум & Бејли и шефот за маркетинг во Волт Дизни Кеј Камен починаа кога авион на Air France се урна при слетување на аеродромот во Сао Мигел на Азорите.
- На 12 и 14 јуни 1950 година, два Air France Douglas DC-4 авиони се урнаа во водите близу Бахреин со околу 86 изгубени животи во двете несреќи.
- На 3 февруари 1951 година, Douglas DC-4 кој работел кон Нимеј, Нигер, се урна во Камерунските Гори близу Буеја на висина од 8500 стапки. Авионот беше уништен а имаше и 29 жртви. Причина за несреќата била тоа што пилотите не се раководеле според процедурата за слетување, туку се раководеле по нивно убедување.
- На 3 Мари, 1951 година, авион на Air France се урнал при полетувањето од аеродромот во Ница со 38 жртви од несреќата. Причинител на оваа несреќа бил механички проблем на авионот.
Надворешни врски
уреди„Air France“ на Ризницата ? |
- Air France
- Air France experience Архивирано на 21 ноември 2008 г.
- Air France history Архивирано на 24 јануари 2007 г.
- Air France, la vie à bord Архивирано на 4 јули 2008 г.
- Fly Air France online game
- Air France mobile site (WAP/i-Mode) Архивирано на 4 март 2021 г. (Англиски, Француски)
Фотографии од:
- DC-3 (circa 1950s) - [1]
- Caravelle (circa 1960s) - [2]
- A300-B (circa 1970s) - [3] Архивирано на 25 март 2009 г.