Куаутемок Бланко

Куаутемок Бланко (роден на 17 јануари 1973 во Мексико Сити) — мексикански политичар и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Куаутемок Бланко
Blanco Veracruz.jpg
Лични податоци
Роден на 17 јануари 1973 (1973-01-17) (48 г.)
Роден во Мексико Сити, Мексико
Држава Мексико Мексико
Висина &100000000000001770000001,77 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 22 април 2015 (42 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-2007 Клуб Америка Клуб Америка 308 (108)
1997-1998Некакса Некакса 18 (11)
2000-2002Реал Ваљадолид Реал Ваљадолид 23 (3)
2004Веракрус Веракрус 15 (5)
2007-2009 Чикаго Фајр Чикаго Фајр 62 (16)
2008Сантос Лагуна Сантос Лагуна 4 (1)
2010 Веракрус Веракрус 14 (5)
2010-2011 Ирапуато Ирапуато 47 (9)
2012-2013 Дорадос Дорадос 40 (14)
2013-2014 Лобос БУАП Лобос БУАП 22 (6)
2014-2015 Пуебла Пуебла 19 (3)
2016 Клуб Америка Клуб Америка 1 (0)
Репрезентација
1995-2014 Мексико Мексико 120 (39)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

ЖивотописУреди

Бланко е роден во Мексико Сити, во областа Тлатилко,[1] но пораснал во Тепито.[2] Неговите родители Фаустино Бланко и Хортенсија Браво,[3] го крстиле по последниот ацтечки император Куаутемок, чие име во превод значи „оној што слезе како орел“.[4]

Технички карактеристикиУреди

ПрофилУреди

 
Бланко претвара пенал во гол против Франција на СП 2010.

Бланко важи за еден од најголемите мексикански фудбалери на сите времиња. Неговиот дрзок, агресивен и конфронтативен стил на игра се рефлектира и на теренот и надвор од него.[5]

Тој бил офанзивен играч од средниот ред, поточно класичен плејмејкер, кој и покрај тоа што играл како играч за врска, се истакнувал со своите технички квалитети, асистенции и голови.

Со реализирани 71 од 73 пенали во својата кариера, тој несомнено се смета за еден од најдобрите пеналџии во историјата на фудбалот.[6]

КуаутемињаУреди

Во деведесеттите години, тој станал познат по измислувањето на Куатемиња, посебен технички потез кој што се состои од ослободување од противникот со скокање заглавувајќи ја топка меѓу нозете,[7] нешто што тој го изложил во натпреварот против Јужна Кореја на Мундијалот 1998 во Франција и за време на Мундијалот 2002 против репрезентацијата на Италија.[8][9] Трикот е лесен за изведување, но е привлечен и е вметнат како посебна вештина во серијалот на фудбалски видео игри на ФИФА.

Прослава на головитеУреди

Самиот Бланко признал за мексиканската телевизија и во печатот дека прославата на неговите голови со стрелата е имитација на прославата на головите создадена од поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид Кико. Во интервју за мексиканскиот весник Ел Универсал од 2005 година, Бланко објаснува дека додека гледал натпревар од шпанската лига во придружба на неговиот соиграч Херман Виља, двајцата играчи се согласиле да го прослават својот следен гол имитирајќи го гестот со стрелата. На крајот, само Бланко го сторил тоа, и на шега го прекорил Виља дека не го одржал зборот.[10] Сепак, официјалното мрежно место на Чикаго Фајр тврдела дека Бланко ги слави постигнатите голови дејствувајќи како императорот Куаутемок, со цел да се покаже почит кон мексиканскиот народ и домородното население.[11]

Клупска кариераУреди

Америка, Некакса, Реал Ваљадолид и ВеракрусУреди

 
Бланко со Америка.

Бланко ја започнал својата кариера во Америка во 1992 година, каде што освоил разни награди, тимски и индивидуални. Бланко дебитирал во мексиканската Примера Дивисион во 1992 година на 19-годишна возраст. Тој останал под договор со Америка до 2007 година, што значи дека најголемиот дел од својата кариера го поминал во овој клуб, но исто така бил позајмуван и во други екипи како Некакса, шпански клуб Реал Ваљадолид, и Веракрус. Забележувајќи 333 настапи и 135 погодоци за клубот во кој што поникнал, Бланко стана идол на симпатизерите на Америка и важна фигура во историјата на тимот. Тој ја освоил својата прва Златна копачка со 16 погодоци во зимското првенство 1998.

Потоа, тој бил позајмен во Некакса, каде постигнал 13 гола на 28 настапи. Подоцна, Бланко го имал првото интернационално искуство кога се преселил на европскиот континент да игра како позајмен играч на шпанскиот Реал Ваљадолид за сезоната 2000-2001. Сепак, тој се здобил со скршеница на ногата додека бил на должност со репрезентацијата, која го извадила од терените за околу шест месеци. Следната сезона Бланко се врати во Ваљадолид на уште една позајмица, но се борел со копнежот да ја врати формата. За разлика од претходната сезона овојпат тој одиграл многу повеќе натпревари и постигнал 3 гола, меѓу кој најзабележителен бил оној од слободен удар против Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу.[12]

Во Апертура 2004 Бланко играл на заем во Веракрус, каде што на крајот со клубот ја освоиле својата група, но биле поразени во плејофот од УНАМ. Во мај 2005 година, Бланко ја освоил својата прва клупска шампионска титула како играч, водејќи ја Клуб Америка до десеттата титула во мексиканското првенство, кога клубот го совлада УАГ со вкупен резултат 7–4 (1–1, 6–3). Во следните три последователни години помеѓу 2005 и 2007 година, тој беше избран за МВП.

Својот последен гол за Америка го постигнал во 2007 година за време на финалето на Клаусура првенството против Пачука, во кое неговиот клуб бил поразен со вкупен резултат 2-3 (1-2, 1-1).

Чикаго ФајрУреди

На 2 април 2007 година, Бланко потпишал за американскиот Чикаго Фајр, клуб кој се натпреварува во МЛС лигата. Тој бил пречекан од околу 5.000 навивачи на Тојота Парк додека спроведувал интервјуа со медиумите, потпишувал автограми и се поздравувал со навивачите. Дебитирал во МЛС лигата во победата со 3-0 на гостувањето кај Торонто, забележувајќи асистенција за првиот гол кој го постигнал Иван Гереро. Својот прв гол го постигнал во третиот натпревар за Фајр, во победата со 2-0 над Реал Солт Лејк; голот подоцна бил избран за МЛС гол на годината.[13] Својата прва сезона ја завршил со 14 натпревари, 4 гола и 6 асистенции. Тој, исто така, одиграл 3 натпревари и во плејофот, каде Чикаго Фајр стигнале до полуфиналето во кое загубиле од Њу Ингланд Револушн. Бланко подоцна бил изгласан како финалист за наградите МВП и Новајлија на годината за сезоната 2007.[14]

За време на своето играње во МЛС, Бланко бил втор најплатен играч во лигата, по играчот за врска на Лос Анџелес Галакси Дејвид Бекам, заработувајќи 2,7 милиони долари годишно.[15]

На 24 јули 2008 година, во МЛС Ол-стар натпреварот против Вест Хем Јунајтед, Бланко ја освоил наградата МВП забележувајќи една асистенција и еден гол, за 46 минути игра. МЛС Ол-стар тимот победил со 3-2.

Сантос ЛагунаУреди

На 19 ноември 2008, Сантос Лагуна го довел Бланко на позајмица, за да игра само во натпреварите од плејофот на Апертура, како замена за нивниот повреден напаѓач еквадорецот Кристијан Бенитес. Бланко бил официјално презентиран пред медиумите следниот ден, облечен во дресот со број 9, и изјавил дека со нетрпение чека да излезе на терен и да му помогне на Сантос да ја одбрани титулата.[16][17][18]

На 29 ноември 2008 година, Бланко го постигнал својот прв гол за Сантос Лагуна, реализирајќи од пенал во победата со 2-1 во реваншот од четвртфиналето на плејофот против Сан Луис. Сепак, тоа бил неговиот единствен погодок за клубот, бидејќи популарните Лагунерос биле елиминирани во полуфиналето од подоцнежниот шампион Толука со вкупен резултат 2-1.

Последните сезониУреди

 
Бланко играјќи за Дорадос во 2012.

Во октомври 2009 година, Бланко објавил дека нема да го продолжи договорот со Чикаго Фајр и наместо тоа ќе потпише со мексиканскиот второлигаш Веракрус.[19] Сепак, по 6 месеци го напуштил Веракрус и заминал во Ирапуато, клуб кој се натпреварувал во истата лига.[20] Предводен од Бланко, Ирапуато ја освои Клаусура во 2011 година, но тимот не успеал да се пласира во Примера Дивисион, губејќи од Тихуана во финалето за промоција.

Во декември 2011 година, Бланко се приклучил на Дорадос де Синалоа од Лига де Асенсо.[21] За време на Апертура 2012, Бланко го освоил Купот на Мексико со Дорадос. И покрај тоа што Бланко објавил дека ќе се повлече по крајот на 2012 година, тој се предомислил и играл уште шест месеци со Дорадос. Сепак, по завршувањето на турнирот, тој не го продолжил договорот и бил ослободен од клубот во јуни 2013 година.

Потоа тој потпишал за Лобос БУАП, каде играл една година, по што тој не го продолжил договорот со БУАП и бил ослободен од клубот на крајот на сезоната, откако клубот не успеал да се пласира во плејофот за промоција.[22]

Размислувајќи за пензија, Бланко уште еднаш одлучил да ја продолжи својата кариера потпишувајќи за Пуебла, по што се вратил на играњето во најсилната мексиканска лига за првпат по повеќе од пет години. На 21 април 2015 година, тој играл во финалето на Клаусура купот на Мексико против Гвадалахара, влегувајќи од клупата. Пуебла го освоила купот и го испратила Бланко како шампион, во она што требало да биде последниот натпревар во неговата кариера.

На 22 февруари 2016 година, по еден месец од неговата политичка кариера, било објавено дека Бланко ќе учествува во официјален натпревар од 9-тото коло на мексиканската Примера Дивисион за време на Клаусура првенството 2016, играјќи за клубот во којшто ја започнал неговата кариера - Клуб Америка.[23] Овој натпревар требало да има за цел да му овозможи официјално да ја заврши кариерата во клубот во којшто и ја започнал. На 5 март, Бланко го започна натпреварот против Морелија облечен во дрес со број 100 и одиграл 36 минути за Америка на Естадио Ацтека, пред да биде заменет со Дарвин Квинтеро.[24] За време на натпреварот, Бланко го демонстрирал својот трејдмарк потез по кој станал познат - Куаутемиња - и имал два удари кон голот, од кои едниот ја завршил во пречката. Америка го добила натпреварот со 4–1.[25][26]

Репрезентативна кариераУреди

Бланко ја претставувал мексиканската репрезентација од 1995 до 2010 година (со посебен настап во 2014 година). Тој забележал вкупно 120 настапи и постигнал 39 погодоци за Мексико, со што претставува трет најдобар стрелец за својата земја.

Политичка кариераУреди

Куаутемок Бланко
 
Гувернер на Морелос
На должноста
Стапил
1 октомври 2018
Претходник Грасо Рамирес
Лични податоци
Партија ПСС

НаводиУреди

  1. „Cuauhtémoc Blanco cumple 46 años de vida“.
  2. „Cuauhtémoc Blanco regresa a su antiguo barrio“.
  3. „La última 'Cuauhteminha'.
  4. Elzaurdia, Paco (2013). Superestrellas del Futbol: Cuauhtémoc Blanco. Mason Crest.
  5. Fernandez de Castro, Rafael (8 June 2015). „Can Mexico's most controversial soccer star score the most improbable goal of his career?“. Splinter News. Посетено на 27 September 2018. The soccer star was known for his ingenuity in the field with famous tricks like the celebrated Cuatemiña and controlling the ball with his butt and his camel-hump back.
  6. „The best penalty takers of all time“. 23 март 2018. Посетено на 27 март 2021.
  7. Cuauhtemiña, YouTube.com.
  8. Cuauhtemiña Archived 23 март 2009 на Wayback Machine, Intergoals.co.uk. посетено 27 март 2021
  9. gazzetta.it, уред. (11 септември 2008). „Messico, Blanco dice basta - Addio alla "Cuauhteminha". Посетено на 25 октомври 2014.
  10. „Así nació el festejo del 'Flechador'. El Universal. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 2010-06-18.
  11. „Chicago Fire Player Bio“. Chicago Fire S.C. Архивирано од изворникот на 25 February 2009. Посетено на 9 May 2009. Blanco is equally creative with his goal celebrations. To honor Mexican tradition and history, Blanco strikes the iconic pose of prehispanic ruler Tlatoani Cuauhtémoc...
  12. S.A., Sarenet. „El gozo de marcar en el Bernabéu - Real Valladolid C. F.“. realvalladolid.elnortedecastilla.es. Посетено на 18 March 2018.
  13. Media Player Archived 22 март 2009 на Wayback Machine
  14. „MLSnet.com: Press release“. 2007 MLS award finalists & announcement schedule. Архивирано од изворникот на 29 December 2007. Посетено на 2007-10-29.
  15. „Mr. White Gets to 100 Caps (Maybe), Walks Away“. New York Times. Архивирано од изворникот на 22 July 2011. Посетено на 21 September 2008.
  16. Blanco va a Santos pero sólo para la Liguilla Archived 23 март 2009 на Wayback Machine
  17. Blanco quiere el bicampeonato para el Santos Archived 5 јануари 2009 на Wayback Machine
  18. „Blanco loaned to Santos Laguna“. Chicago.fire.mlsnet.com. 6 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2 January 2009. Посетено на 18 June 2010.
  19. „Cuauhtemoc Blanco to leave Chicago Fire for Mexico“. usatoday.com. 29 October 2010. Посетено на 18 June 2010.
  20. „Cuauhtémoc Blanco confirma su pase al club Irapuato“. CNN Mexico (шпански). 16 јули 2010. Архивирано од изворникот на 27 јануари 2012. Посетено на 6 април 2012.
  21. „Cuauhtémoc Blanco es nuevo jugador de los Dorados de Sinaloa“ (шпански). 22 December 2011.
  22. „Cuau, nuevo jugador de Lobos BUAP“. record.com.mx. 6 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 9 June 2013. Посетено на 1 June 2013.
  23. „Club America to give Cuauhtemoc Blanco special farewell in Liga MX“. espnfc.us. 22 February 2016.
  24. „Informe Arbitral, América 4-1 Morelia“. LigaMX.net.
  25. „Cuauhtemoc Blanco farewells Club America, Estadio Azteca in style“. espnfc.com. 6 March 2016.
  26. „Regalan goles al 'Cuau'. Televisa Deportes. 5 March 2016. Архивирано од изворникот на 9 March 2016. Посетено на 8 March 2016.

Надворешни врскиУреди