Пежо
Пежо (француски: Peugeot) — франуско претпријатие за производство на моторни возила, во сопственост на Стелантис (Stellantis).[1][2][3] Почетоците на Пежо датираат од 1810 година, кога бил основан семејниот бизнис кој е претходник на сегашното претпријатие,[4] поради што Пежо се смета за најстарото автомобилско претрпијатие во светот.[5] На 20 ноември 1858 година, Емил Пежо го поднел логото со лавот за регистрација, а Арман Пежо (1849-1915) го направил првиот автомобил на Пежо — трицикл со мотор на пареа. Во 1886 година, тие се здружиле со Леон Серполе и во 1890 година направиле автомобил на погон со внатрешно согорување, кој го користел моторот на Дајмлер.[6]
Семејството и претпријатието Пежо потекнуваат од градот Сошо, каде и денес постои голема фабрика на Пежо, а таму се наоѓа и Музејот на Пежо. Во февруари 2014 година, акционерите го усвоиле планот за рекапитализација на Групата ПСА со кој француската влада и кинеското претпријатие Донгфенг Моторс купиле по 14 % од акциите,[7][8][9] со што семејството Пежо ја загубило контролата врз претпријатието.
Галерија
уреди-
Пежо 1007
-
Пежо 205 SXS
-
Пежо 106
-
Пежо 206
-
Пежо 306 (седан)
-
Пежо 307
-
Пежо 208
-
Пежо 308
-
Пежо 508
-
Пежо Бипер
-
Пежо Партнер
Наводи
уреди- ↑ Chaudhary, Utkarsh (17 Oct 2023). „Peugeot 408 GT, our 7th car in Dubai: Initial ownership experience“. Team-BHP.com. Посетено на 20 Jan 2024.
- ↑ „PEUGEOT Appoints Accenture Song as Global Creative Agency of Record“. Newsroom. 6 Nov 2023. Посетено на 20 Jan 2024.
- ↑ Wood, Tom (19 Jan 2024). „Autonomous Peugeot E-Legend concept is the car of the future“. Supercar Blondie. Посетено на 20 Jan 2024.
- ↑ „History of the Peugeot family, pioneers of the french industry“. www.peugeot.com. Архивирано од изворникот на 5 June 2017. Посетено на 1 May 2018.
- ↑ „9 Oldest Car Companies in the World“. Oldest.org. 25 October 2017. Посетено на 20 September 2023.
- ↑ Darke, Paul. "Peugeot: The Oldest of Them All", in Ward, Ian, executive editor. World of Automobiles (London: Orbis, 1974), Volume 15, p.1683.
- ↑ „Dongfeng, French Government to Invest in Peugeot“. TIME. Архивирано од изворникот на 19 February 2014. Посетено на 19 February 2014.
- ↑ Gough, Neil; Jolly, David (18 February 2014). „"Chinese Firm and France to Buy Stakes in Peugeot" 18 February 2014“. The New York Times. Архивирано од изворникот 11 November 2014. Посетено на 14 September 2014.
- ↑ Jolly, David (19 February 2014). „After two centuries, Peugeot family cedes control“. The New York Times. Архивирано од изворникот 11 November 2014. Посетено на 14 September 2014.