Марк Овермарс (роден во Емст, на 29 март 1973) — поранешен холандски фудбалер и репрезентативец на Холандија.

Холандија Марк Овермарс
Лични податоци
Роден на 29 март 1973(1973-03-29)(51 г.)
Роден во Емст, Холандија
Висина &100000000000001730000001,73 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Ајакс (спортски директор)
Младинска кариера
Го Ахед Иглс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1991 Го Ахед Иглс 11 (1)
1991-1992 Вилем II 31 (1)
1992-1997 Ајакс 136 (36)
1997-2000 Арсенал 100 (25)
2000-2004 Барселона 97 (15)
2008-2009 Го Ахед Иглс 24 (0)
Репрезентација
1993-2004 Холандија 86 (17)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Животопис уреди

Овермарс се оженил со својата долгогодишна партнерка Шантал ван Вунсел во мај 2013 година.Пред свадбата, двојката веќе имаше два сина, Френки и Ник, и двајцата се фудбалери[1] Тој е ко-сопственик на ресторан во Епе каде што живее.[2] Семејниот бизнис, Овермарс Фастхуд БВ, беше основан во деведесеттите и тој продолжи да инвестира меѓу другото и во комерцијални и станбени објекти.[3] Со својот татко Бен и брат Едвин, тој исто така, работи на автомобилски услуги за реставрација на класични автомобили.[4] Во 2002 година, Овермарс се појави на списокот на 500 најбогати холанѓани.[3][5]

Кариера уреди

Овермарс ја започнал својата професионална кариера во тимот на Го Ахед Иглс. По својата прва професионална сезона во кариерата во дресот на Го Ахед, Вилем II го купил Овермарс за сума од 200.000 ₤, a по завршувањето на сезоната 1991-92 во холандската лига, тој преминал во редовите на амстердамскиот Ајакс.

Тој бил дел од тимот на Ајакс кој триумфирал во Лигата на шампионите во 1995 година, откако во финалето бил победен Милан со 1-0. Овермарс ги одиграл комплетните 90-минути во овојо натпревар. Поради повреда потоа, тој морал да го пропушти Европското првенство во 1996-тата. И покрај тоа што постојано се мачел со повреди во последните неколку сезони додека играл за Ајакс, англискиот, премиерлигаш Арсенал решил да го доведе Овермарс во својте редови во летото 1997 година за 5,5 милиони ₤. Играјќи за Арсенал Овермарс се закитил со три трофеја Премиер лигата во сезоната 1997-98, ФА Куп (1998) и Черити Шилд (истата година), по што во летото 2000 се преселил во Шпанија каде и се приклучил на Барселона за 25 милиони ₤ (40.600.000 €), што го прави Овермарс најскапиот холандски играч на сите времиња.

Овермарс ја завршил својата кариера во 2004 година и станал технички директор на неговиот прв клуб Го Ахед Иглс.

На 10 август 2008 Овермарс ја шокирал јавноста најавувајќи дека повторно му се враќа на фудбалот и дека пак ќе игра за Го Ахед Иглс во сезоната 2008-09. Но поради повреда на коленото пропуштил многу натпревари. По завршувањето на сезоната 2008-09 Овермарс повторно се повлекол од активното играње фудбал, овојпат за секогаш.

За холандската репрезентација Овермарс одиграл 86 натпревари и постигнал 17 голови.

Наводи уреди

  1. Domènech, Oriol; Gascón, Javier (18 May 2013). „Ajax, faithful to the Barcelona party“. El Mundo Deportivo (шпански). Barcelona. Посетено на 29 January 2014.
  2. „Marc Overmars: "We don't need to fear Brazil!". World Cup Blog. 1 July 2010. Архивирано од изворникот на 12 August 2011. Посетено на 29 January 2014.
  3. 3,0 3,1 Zwartkruis, Simon (30 November 2010). „Marc Overmars Ajax provides an open goal“. Voetbal International (холандски). Amsterdam. Посетено на 29 January 2014.
  4. Bromet, Charles; Rengers, Merijn (9 March 2005). „The Overmars empire“. de Volkskrant (холандски). Amsterdam. Посетено на 29 January 2014.
  5. „Marc Overmars married“. De Telegraaf (холандски). Amsterdam. 17 May 2013. Посетено на 29 January 2014.

Надворешни врски уреди