Емануел Лорен "Ману" Пети (роден на 22 септември 1970) — француски пензиониран фудбалер кој во својата клупска фудбалска кариера играл за Монако, Арсенал, Барселона и Челзи. Тој ја претставувал репрезентацијата на Франција на сениорско ниво, и го постигнал третиот гол во победата на Франција од 3-0 над Бразил во финалето на Светското првенство 1998.

Франција Емануел Пети
Лични податоци
Роден на 22 септември 1970(1970-09-22)(54 г.)
Роден во Дјеп, Франција
Висина &100000000000001850000001,85 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2004
Младинска кариера
Арке-ла-Батај
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1997 Монако Монако 222 (4)
1997-2000 Арсенал Арсенал 85 (9)
2000-2001 Барселона Барселона 23 (1)
2001-2004 Челси Челси 55 (2)
Репрезентација
1990-2003 Франција Франција 63 (6)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Пети е роден во Дјеп, пристаништен град во близина на каналот Ламанш во северниот дел од државата. Тој ја започнал својата кариера во малиот клуб Арке-ла-Батај пред да биде потпише со Монако на Арсен Венгер на возраст од 18 години. Тој го направил своето деби набргу потоа, откако играл во финалето на францускиот куп во 1989 година. Пети станал редовен член на почетната постава во Монако, играјќи како лево крило или како внатрешен играч од средниот ред, а во 1991 година го освоил купот со Монако. Исто така во 1992 година играл во финалето на Купот на победниците на куповите (кое Монако го загубил од Вердер Бремен). Во сезоната 1996-97, неговата последна сезона во Монако тој бил капитен на својот тим кој го освоил насловот во Лига 1.

И покрај интересот од Глазгов Ренџерс, Пети се одлучил да му се приклучи на Арсенал во јуни 1997 година за 2,5 милиони £, каде што тој се вратил на соработката со својот поранешен менаџер од Монако, Арсен Венгер. Венгер веднаш го вклучил Пети во почетната постава да игра како централен играч од средниот ред или како дефанзивен играч од средината на теренот, и тој соработувал со неговиот сонародник и колега од репрезентацијата на Франција Патрик Виера. Француското дуо формирало одлично партнерство во средниот ред кое донело инстантен успех, откако Пети ја освоил двојната круна со Арсенал во својот прва сезона: Премиер лигата и насловот во ФА Купот. Вкупно, во три сезони кариера во Арсенал, Пети имал 118 настапи и постигнал 11 голови, вклучувајќи го и оној прекрасен лоб удар надвор од шеснаесетникот против Дарби Каунти (кој воедно бил и победнички гол), за време на сезоната 1997-1998.

Летото 2000 година Пети се преселил во Барселона заедно со својот соиграч од Арсенал, холанѓанецот Марк Овермарс за сума од 7 милиони £. Во Барселона тој бил преместен назад во одбраната, и се здобил со неколку повреди, па како резултат на тоа, тој не успеал да го задржи место во почетната постава. Во неговата биографија објавена во 2008 година, играчот го дал својот пат во Барселона како посебно поглавје, во кое тој образложил дека тренерот Лоренцо Сера Ферер дури и не знаел која е неговата примарната позиција кога тој се приклучил на тимот.

По завршувањето на неговата прва сезона на Камп Ноу, тој бил поврзан со трансфери назад во Англија со тимови како Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи. Тоа се остварува, и тој се вратил назад во Англија за да потпише за Челзи во 2001 година за 7.500.000 £. Тој првично бил редовен во почетниот тим на сините иако во голема мера имал разочарувачка деби сезона. Тој играл и во финалето на ФА Купот 2002 година во кој Челзи загубил од својот стар клуб, Арсенал. Тој го постигна својот прв гол за Челзи во победата со 2-1 над Дерби Каунти на 30 март 2002 година. Неговата втора сезона во Челзи донела значителен напредок, така што тој формирал импресивно партнерство во средниот ред со Френк Лампард и Челзи импресионирал со победа во финалниот натпревар од сезоната против Ливерпул кога тимот го обезбедил 4-тото место во лигата и натсап во квалификациите на Лигата на шампионите. Тој, исто така, постигна два гола во текот на сезоната: против Евертон во Лига Купот и против Арсенал во лигата. Сепак, по серијата повреди на коленото, тој поминал голем дел од неговата последна сезона во кариерата надвор од терените, и тој бил пуштен со слободен трансфер во текот на летото на 2004 година, а последниот настап за клубот го имал против Блекбурн Роверс на 1 февруари 2004. Откако минал шест месеци во потрага по нов клуб, вклучувајќи ги и пропаднатите преговори со Болтон, Пети го најавил своето пензионирање на 20 јануари 2005 година, кога тој открил дека ќе треба да оди на операција на коленото и веројатно никогаш нема да го поврати целосниот фитнес.

Репрезентативна кариера

уреди

Играјќи за француската репрезентација, Пети забелажал 63 настапи и постигнал 6 репрезентативни голови во кариерата. Тој исто така бил во државните репрезентации кој триумфурале на Светското првенство 1998 година и Евро 2000. Тој постигнал два гола на Светското 1998 година и на тој начин меѓудругото го дал својот голем придонес во освојувањето на првата титула светски првак на французите. Неговиот прв гол дошол по моќен шут од работ на шеснаесетникот против Данска, кој накрајот се покажал и како победнички во победата со 2-1, додека вториот Пети го постигнал во последните мигови од финалето против Бразил, поставувајќи ги конечните 3-0. Голот кој го постигна Пети во финалето беше особено незаборавен, заради начинот по кој тој тргна да трча уште од своето поле пред смирено да ја заврши акцијата со прецизен удар во далечниот агол. По некоја случајност, овој ист погодок бил јубилејниот 1000-ти гол во историјата на Француската фудбалска федерација, и последен на последното Светско првенство во дваесеттиот век.

Титули

уреди

  Монако

уреди

  Арсенал

уреди

  Француска репрезентација

уреди

Надворешни врски

уреди