Драган Стојковиќ (роден на 3 март 1965 година во Ниш), исто така познат по својот прекар Пикси, е српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер и репрезентативец на Југославија.

Драган Стојковиќ
Драган Стојковиќ, како тренер на Гванџу Р&Ф
Лични податоци
Роден на 3 март 1965(1965-03-03)(59 г.)
Роден во Ниш, СФРЈ
Држава Југославија Југославија
СР Југославија СР Југославија (1992-2003)
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора (2003-2006)
Србија Србија (од 2006)
Висина &100000000000001750000001,75 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2001 (36 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1981-1986 Раднички Ниш 91 (8)
1986-1990 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 120 (54)
1990-1994 Марсеј Олимпик Марсеј 29 (5)
1991-1992Верона Верона 19 (1)
1994-2001 Нагоја Грампус Нагоја Грампус 184 (57)
Репрезентација
1983-1992 Југославија Југославија 41 (9)
1994-2001 СР Југославија СР Југославија 43 (6)
Раководител на екипите
2008–2013 Нагоја Грампус Нагоја Грампус
2015–2020 Гвангжу Р&Ф Гвангжу Р&Ф
2021– Србија Србија
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Стојковиќ долго време бил капитен на репрезентацијата на СР Југославија и на екипата на Црвена Ѕвезда од Белград.[1] Се смета за еден од најдобрите фудбалери во Југословенската и Српската историја. Бил учесник на две Светски првенства, во Италија 1990 година и во Франција 1998 година. На Мундијалот во Италија, тој бил избран во најдобриот тим на првенството, таканаречениот Ол-стар тим. Осум години подоцна, тој бил капитен на СР Југославија на Светкото првенство во Франција, каде што неговата репрезентација била поразена од Холандија во осминафиналето.

Тој е еден од петте фудбалери на Црвена Ѕвезда, кој е награден со титулата Ѕвездина ѕвезда. Тој изјавил дека смета оти не го покажал целиот свој потенцијал во Европа[2] поради повредата која го спречила да се етаблира во Марсеј, тогаш еден од најсилните клубови во Европа. И покрај тоа, постои консензус меѓу критичарите дека тој ги покажал извонредните способности во текот на кариерата и покрај хроничните повреди, во најреномираната лига во Јапонија.[3][4]

По завршувањето на играчката кариера, Стојковиќ останал во Јапонија, каде ја започнал својата тренерска кариера во клубот за кој последно настапувал Нагоја Грампус. Тој го водел овој клуб до 2013 година, а потоа пет години бил тренер и на кинескиот клуб Гвангжу Р&Ф во периодот 2015-2020. На 3 март 2021, бил назначен за селектор на Србија.[5][6]

Животопис

уреди

Стојковиќ е оженет со Снежана, со која ги има ќерките Андреа и Ања, како и синот Марко.[7]

Кариера

уреди

Наводи

уреди
  1. Piksi Архивирано на 21 декември 2008 г. on Red Star official web site
  2. [1] Архивирано на 17 октомври 2019 г. Outside of the Boot: Dragan Stojkovic, one of the Greatest – By Uros Popovic. 17 May 2013
  3. [2] Архивирано на 18 јуни 2020 г. Asian Football Feast: Top 10 Japanese Foreigners: No 1 – Dragan Piksi Stojkovic. December 2012
  4. [3] The Inside Left: Then and Now: Dragan Stojkovic. By Dominic Bliss
  5. „ДРАГАН СТОЈКОВИЋ СЕЛЕКТОР СРБИЈЕ“. FSS (српски). Посетено на 3 March 2021.
  6. 'I can't accept that Ireland play better than us' - The legendary manager and all you need to know about Serbia“. The 42. 24 March 2021. Посетено на 24 March 2021.
  7. Maja Jovanović, „Zaplakao sam kad sam video unuku“, Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 28-30.

Надворешни врски

уреди