Сесар Аспиликуета

Сесар Аспиликуета Танко (роден 28 август 1989 година, во Памплона) — шпански фудбалер, играч од одбраната на Челзи и на шпанската репрезентацијата. Тој најчесто покрива две позиции во одбраната: неговата омилена позиција десен бек, а во подоцнежните етапи од кариерата бил користен и како централен дефанзивец.

Сесар Аспиликуета
Cesar Azpilicueta.jpg
Лични податоци
Полно име Сесар Аспиликуета Танко[1]
Роден на 28 август 1989 (1989-08-28) (31 г.)
Роден во Памплона, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Челси Челси
Број 28
Младинска кариера
Осасуна Осасуна
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2007 Осасуна Б Осасуна Б 27 (1)
2007-2010 Осасуна Осасуна 99 (0)
2010-2012 Марсеј Олимпик Марсеј 47 (1)
2012– Челси Челси 297 (9)
Репрезентација
2005 Шпанија Шпанија 16 3 (0)
2006 Шпанија Шпанија 17 14 (0)
2007-2008 Шпанија Шпанија 19 18 (2)
2009 Шпанија Шпанија 20 5 (0)
2008-2011 Шпанија Шпанија 21 19 (1)
2012 Шпанија Шпанија (олимп.) 5 (0)
2013- Шпанија Шпанија 25 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Како младински производ на Осасуна, тој поминал три сезони во клубот играјќи во Ла Лига, пред да се пресели во Марсеј, освојувајќи четири големи трофеи со францускиот клуб. Во летото 2012 година, тој се преселил во Челси, освојувајќи ја Лига Европа во неговата прва сезона во клубот и домашната двојна круна две години подоцна. Оттогаш тој запишал над 400 настапи за Челси и во моментов е осми на нивната вечна листа на играчи по бројот на настапи; а само Петр Чех е единствениот не-англичанец кој играл повеќе пати за сините од Аспиликуета. Во 2019 година, тој како капитен го предводел Челси до нова титула во Лига Европа, а подоцна и до титулата во Лигата на шампоните во 2021 година.

Аспиликуета ја претставувал Шпанија во младинските репрезентации речиси во сите возрасни категории, вклучувајќи ја и репрезентацијата под 21 година со која настапил на две Европски првенства, освојувајќи го изданието во 2011 година. Дебито за сениорската репрезентација го имал во 2013 година, а бил избран од селекторите да учествува на две Светски првенства во 2014 и 2018 како и на две Европски првенства во 2016 и 2020 година.

БиографијаУреди

Сесар Аспиликуета е син на Пачи Аспиликуета, по професија сликар, и Чаро Танко, наставничка во основно училиште.[2][3] Сесар има постар брат, Хуан Пабло (роден 1980 година), кој исто така бил фудбалер и играл нисколигашки фудбал.[4][5]

Оженет е со својата долгогодишна партнерка Адријана Герендиајин, со која имаат три деца:[6][7] две ќерки и син.[8]

Технички карактеристикиУреди

Аспиликуета е бек, кој се одликува со голема брзина[9] и одличен центаршут.[9] Исто така има многу моќен удар од далечина, и е многу добар во дриблинг еден на еден, што е резултат на тоа што својата кариера ја започнал како напаѓач, за потоа да биде префрлен во средниот ред, па на крајот во одбраната.[10]

На почетокот на својата професионална кариера тој се утврдил на позицијата десен бек, и тоа била неговата примарна позиција се до доаѓањето во Челси. Играјќи за лондонскиот клуб, тој бил користен во неколку разилчни улоги, како на пример лево (лев бек) од Жозе Мурињо,[9] додека последователното со пристигнувањето на Антонио Конте, тој бил користен како централен дефанзивец играјќи десно во одбрана со три играчи.

Клупска кариераУреди

ОсасунаУреди

Аспиликуета е роден во Памплона, Наваре. Како производ на младинскиот сектор на Осасуна, тој го направил своето деби во Ла Лига на 8 април 2007 година во гостинскиот пораз со 2-0 од Реал Мадрид, додека сè уште бил регистриран во резервниот тим.[11]

Во сезоната 2007-2008, како резултат на повредите во првиот тим, Аспиликуета се етаблирал како редовен стартер на возраст од само 18 години, играјќи на позицијата десен бек. Тој продолжил да игра редовно на таа позиција и во следните две сезони, забележувајќи вкупно 108 натпревари во дресот на Осасуна без ниту еден постигнат погодок.

МарсејУреди

 
Аспиликуета со Олимпик Марсеј во сезоната 2010–2011.

На 21 јуни 2010 година, од францускиот клуб Олимпик Марсеј потврдиле дека бил постигнат договор со Осасуна за трансферот на Аспиликуета во Јужна Франција, во трансфер вреден 7 милиони евра, додека играчот требало да потпише четиригодишен договор.[12][13] Една недела подоцна, трансферот бил потврден и од екипата на Осасуна, со тоа што надоместот за трансфер можел да се искачи на дури 9,5 милиони евра во зависност од бројот на настапи.[14]

Дебитирал за Марсеј на 28 јули 2010, во победата над Париз Сен Жермен во Суперкупот на Франција остварена по изведување на пенали; своето деби во Лига 1 го направил на 7 август 2010, во поразот со 1-2 на домашен терен од Кан. На своето деби во Лигата на шампионите, тој го постигнал единствениот гол во натпреварот одигран на домашен натпревар против Спартак Москва, но во сопствената мрежа за победа на русите од 0-1.[15] Својот прв гол во дресот на Олимпик Марсеј го постигнал на 10 октомври 2010, во победата со 2-1 над Монако во Лига купот.

На 27 ноември 2010 година, во раните минути од победата од 4-0 на домашен терен против Монпелје - што значела дека Марсеј ќе се искачи на врвот на табелата во лигата - Аспиликуета ги истегнал предните кружни лигаменти на левото колено;[16] повредата го оддалечила од терените повеќе од шест месеци и практички предвреме ја завршила неговата прва сезона во Марсеј, иако тој се вратил и играл во последните два првенствени натпревари. Следната сезона, тој бил стандарден првотимец и одиграл 44 натпревари во сите натпреварувања постигнувајќи еден гол (во победата со 3-0 над Осер во првенството).[17]

Во август 2012 година, поради шпекулациите дека многу клубови се заинтересирани за Аспиликуета, меѓу кои и Челси, Марсеј, потврдиле дека тој би можел да замине само "ако Челси испрати фер понуда за Аспиликуета, која ќе ги задоволи барањата на клубот."[18] И покрај лојалноста која ја покажал кон клубот, Аспиликуета пак од друга страна изјавил дека е подготвен да си замине доколку со тоа му помогне на Марсеј да ги реши финансиските проблеми.[19]

ЧелсиУреди

 
Аспиликуета во акција со Челси против Рома во 2013 година.

На 24 август 2012 година, Челси го комплетирале трансферот на Аспиликуета за неоткриена сума, пријавена како 7 милиони фунти.[20][21] Новиот соиграч во Челси и репрезентативец на Шпанија, Хуан Мата дал изјава во врска со доаѓањето на Аспиликуета велејќи: „тој е силен десен бек кој има одлично темпо, исто така, мислам дека тој веќе е комплетен играч“.[22] Поради неговото презиме, кое било тешко за изговарање за зборувачите на англискиот јазик, приврзаниците на Челси му го дале анонимниот прекар „Дејв“.[23]

Аспиликуета го направил своето деби на 25 септември 2012 година, започнувајќи од првата минута во победата со 6-0 против Вулверхемптон Вондерерс во Лига купот.[24] Својот прв натпревар во Премиер лигата го одиграл на 6 октомври, влегувајќи како замена за Бранислав Ивановиќ во победата со 4-1 над Норич Сити, исто така на Стемфорд Бриџ.[25]

На 3 ноември 2012 година, Аспиликуета го имал својот прв старт во лигата, играјќи против Свонси Сити во ремито 1-1.[26] Тој одиграл 48 официјални натпревари во својата прва година со сините водени од Рафаел Бенитес, вклучувајќи и осум натпревари во победничката кампања во УЕФА Лига Европа. Во финалето против Бенфика, тој направил пенал играјќи со рака во сопствениот шеснаесеттник во 67-мата минута, кој довел до изедначување на резултатот откако Оскар Кардосо го претворил пеналот во гол, но на крајот Челси славеле победа со 2-1 во Амстердам.[27]

Аспиликуета го постигнал својот прв гол за Челси на 29 октомври 2013 година, погодувајќи ја мрежата на Арсенал во победата со 2-0 во четвртото коло од Лига купот.[28] По пристигнувањето на новиот менаџер Жозе Мурињо, тој започнал редовно да се појавува во стартната постава како лев бек, заземајќи го местото на долгогодишниот неприкосновен сопственик на таа позиција, Ешли Кол.[29][30] Мурињо изјавил за него: „Аспиликуета е вид на играч кој многу ми се допаѓа. Мислам дека тим со 11 Аспиликуети веројатно ќе го освои натпреварувањето (Лигата на шампионите) затоа што во фудбалот не е важен само чистиот талент“.[31] На крајот на сезоната, тој бил изгласан за играч на сезоната на Челси.[32]

 
Аспиликуета во 2015 година.

Пред почетокот на сезоната 2014-2015, Кол бил ослободен и клубот потрошил 15,8 милиони фунти за доведување на Филипе Луис, но Аспиликуета ја започнал сезоната како прв избор на позицијата лев бек.[33] На 2 септември 2014 година, тој потпиша нов петгодишен договор со клубот,[34] а на 18 октомври бил исклучен откако заработил црвен картон за фаул над Миле Јединак во првото полувреме од победата од 2-1 над Кристал Палас.[35]

На 1 март 2015 година, Аспиликуета го започнал за Челси финалето на Лига купот во кое сините го победиле Тотенхем со 2-0; во второто полувреме, тој заработил повреда по судир со Ерик Дајер, и морал да го напушти теренот за главата да му биде завиткана со завој.[36] Сезонатаа завршила со дополнително славје за клубот, со освојувањето на титулата во Премиер лигата, по петгодишно чекање.

На почетокот на следната сезона, Аспиликуета играл 69 минути во поразот со 1-0 од Арсенал во ФА Комјунити Шилд.[37] Деветнаесет дена подоцна, тој го постигнал третиот гол за својот тим во победата со 3-2 против Вест Бромвич Албион, негов прв гол во Премиер лигата во кариерата.[38] Против истиот противник, тој го постигнал и вториот свој гол во лигата, во ремито 2-2 на 13 јануари 2016 година.[39]

 
Аспиликуета со Челси во 2017 година

По доаѓањето на клупата на новиот менаџер Антонио Конте, Аспиликуета првично бил користен како лев бек, но по двата последователни порази во лигата, тој бил претворен во стопер во формација со тројца играчи позади: дебитирал на новата позиција веќе во следниот натпревар против Хал Сити на 1 октомври 2016, кој завршил со победа на сините од 2-0.[40] На 13 декември 2016 година, тој потпишал нов три ипол годишен договор со Челси, во трајност до 2020 година;[41] во првиот настап по потпишувањето на договорот тој го остварил својот 200-ти натпревар настап за клубот, во победата со 1-0 над Сандерленд.[42]

Во сезоната 2016-2017 Челси одново станал шампион во Премиер лигата, а Аспиликуета ја одиграл секоја минута од натпреварите на Челси во првенството, придонесувајќи исто така, и со еден гол постигнат во победата со 4-3 на домашен терен против Вотфорд, во натпревар кој се одиграл откако веќе титулата била освоена.[43] Во јули 2017 година, по заминувањето на Џон Тери, тој бил назначен за капитен.[44] На 12 септември 2017 година, Аспиликуета го постигнал својот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите, во победата со 6-0 во групната фаза на домашен терен против Карабах.[45]

Аспиликуета потпишал нов договор во декември 2018 година, со траење до 2022 година.[46] Откако Кејхил го напуштил Челси, тој бил избран за капитен на клубот во пресрет на сезоната 2019-2020; тој веќе ја носел лентата додека англичанецот бил надвор од терените, вклучително и во победата над Арсенал во финалето на УЕФА Лига Европа во Азербејџан.[47] На 23 октомври, тој го одбележал својот 350-ти настап за Челси играјќи во гостинската победа со 1-0 над Ајакс во Лигата на шампионите.[48][49]

На 1 јануари 2020 година, Аспиликуета го регистрирал својот 100-ти настап како капитен на клубот со гол и притоа бил прогласен за играч на натпреварот во ремито 1-1 против Брајтон и Хоув Албион.[50] На 1 август, за време на поразот од Арсенал со 2-1 во Финалето на ФА купот 2020, Аспиликуета направил пенал и подоцна се повредил, што довело до негова замена.[51]

Аспиликуета станал 13-тиот играч во историјата на Челси со најмалку 400 настапи, кога се појавил во натпреварот против Манчестер Сити на 3 јануари 2021 година.[52] На 23 мај, во последниот натпревар од првенството за сезоната 2020-2021, тој бил исклучен за прекршок над играчот на Астон Вила, Џек Грилиш, во натпреварот во кој сините биле поразени со 2-1; првично, Аспилилкуета бил казнет со три натпревари не играње, но суспензијата била поништена по жалбата.[53] Шест дена подоцна, тој бил капитен на составот на Челси кој излегол на Драгао во Порто и издвојувал победа со 1-0 против Манчестер Сити во финалето на Лигата на шампионите, помагајќи им на лондонските сини да ја освојат нивната прва титула во Лигата на шампионите после 9 години.

Меѓународна кариераУреди

 
Аспиликуета игра за репрезентациите на Шпанија до 21 година

Младински репрезентацииУреди

Во 2007 година, Аспиликуета му помогна на шпанскиот тим под 19 години да победи на Европското првенство во таа возрасна категорија. Набргу потоа, откако почнал да игра за репрезентацијата под 21 година, бил избран да учествува на Европското првенство во Шведска во 2009 година, каде играл во трите натпревари во групната фаза.

На 11 мај 2010 година, тогаш 20-годишниот Аспиликуета бил повикан во сениорскиот тим од селекторот Висенте дел Боске и се нашол на поширокиот список од 30 играчи, во пресрет на Светското првенство во Јужноафриканската Република. На крајот, тој не го преживеал последното скратување на списокот и испаднал од комбинација да настапи на мундијалот.[54]

Аспиликуета бил избран во составот на Шпанија за Летните олимписки игри во 2012 година, откако го пропуштил Европското првенство 2012 неколку месеци пред тоа.[55] Поради присуството на Алваро Домингес, тој се појавил само во последниот натпревар во групата, ремито 0-0 против Мароко на Олд Трафорд, а репрезентацијата испаднала уште во фазата по групи.[56]

Сениорска репрезентацијаУреди

На 1 февруари 2013 година, Аспиликуета бил повикан во сениорскиот состав за пријателски натпревар против Уругвај. Селекторот Дел Боске рекол: "Аспиликуета игра многу натпревари за Челси. Тој има многу енергија, добро брани и секогаш е подготвен да нападне. Имаме многу надеж за него.[57] Тој го направил своето деби пет дена подоцна, играјќи ги сите 90 минути во победата со 3-1 над јужноамериканците во Доха, Катар;[58] по натпреварот, тој изјавил дека тоа бил негов „сон да игра за Шпанија“ на сениорско ниво.[59]

Аспиликуета бил избран да учествува на Купот на конфедерациите 2013, што се одржал во Бразил:[60] тој го започнал вториот натпревар во групата против Тахити, кој Шпанија го добила со 10-0 - што претставува рекорд за победа со најголема маргина на ова натпреварување,[61] и го заменил Алваро Арбелоа на полувремето во поразот со 3-0 во финалето против домаќинот.[62]

Во јуни 2014 година, Аспиликуета бил избран да ја претставува Шпанија на Светското првенство 2014 во истата јужноамериканска земја.[63] Тој бил стартер на позицијата десен бек за време на првите два натпревари, против Холандија[64] и Чиле, но Црвената фурија разочарала и како бранител на титулата била елиминирана уште во групната фаза.[65]

Аспиликуета бил вклучен и во составот од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[66] како и во 24-члениот состав на Шпанија на Европското првенство 2020.[67] Во осминафиналето на Евро 2020, тој го постигнал својот прв гол за шпанската сениорска репрезентација во победата со 3-5 по продолженија против Хрватска.

Хронологија на репрезентативните настапиУреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
06-02-2013 Доха Шпанија   3 – 1   Уругвај Пријателска -
08-06-2013 Мајами Гарденс Шпанија   2 – 1   Хаити Пријателска -
20-6-2013 Рио Де Жанеиро Шпанија   10 – 0   Тахити Куп на конф. 2013 - Прва фаза -
30-6-2013 Рио Де Жанеиро Бразил   3 – 0   Шпанија Куп на конф. 2013 - Финале -   46'
5-3-2014 Мадрид Шпанија   1 – 0   Италија Пријателска -
30-5-2014 Севиља Шпанија   2 – 0   Боливија Пријателска -
13-6-2014 Салвадор Шпанија   1 – 5   Холандија СП 2014 - Прва фаза -
18-6-2014 Рио де Жанеиро Шпанија   0 – 2   Чиле СП 2014 - Прва фаза -
4-9-2014 Сен Дени Франција   1 – 0   Шпанија Пријателска -
18-11-2014 Виго Шпанија   0 – 1   Германија Пријателска -
12-10-2015 Киев Украина   0 – 1   Шпанија Квал. за Евро 2016 -
13-11-2015 Аликанте Шпанија   2 – 0   Англија Пријателска -   82'
24-3-2016 Удине Италија   1 – 1   Шпанија Пријателска -
29-5-2016 Санкт Гален Шпанија   3 – 1   Босна и Херцеговина Пријателска -
1-6-2016 Siezenheim Шпанија   6 – 1   Јужна Кореја Пријателска -   46'
17-6-2016 Ница Шпанија   3 – 0   Турција Евро 2016 - Прва фаза -   81'
1-9-2016 Брисел Белгија   0 – 2   Шпанија Пријателска -   59'
15-11-2016 Лондон Англија   2 – 2   Шпанија Пријателска -
7-6-2017 Мурсија Шпанија   2 – 2   Колумбија Пријателска -
9-10-2017 Ерусалим Израел   0 – 1   Шпанија Квал. за СП 2018 -
27-3-2018 Мадрид Шпанија   6 – 1   Аргентина Пријателска -   72'
3-6-2018 Виљареал Шпанија   1 – 1   Швајцарија Пријателска -
11-9-2018 Елче Шпанија   6 – 0   Хрватска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   75'
11-10-2018 Кардиф Велс   1 – 4   Шпанија Пријателска -   63'
18-11-2018 Лас Палмас Шпанија   1 – 0   Босна и Херцеговина Пријателска -   51'
23-6-2021 Севиља Словачка   0 – 5   Шпанија Евро 2020 - Прва фаза -   77'
28-6-2021 Копенхаген Хрватска   3 – 5 прод.   Шпанија Евро 2020 - Осминафинале -
Вкупно Настапи 27 Голови 1

СтатистикаУреди

Клупска статистикаУреди

Статистиката е ажурирана на 28 јуни 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2006-2007   Осасуна Б СДБ 24 1 - - - - - - - - - 24 1
2007-2008 СДБ 3 0 - - - - - - - - - 3 0
Вкупно Осасуна Б 27 1 - - - - - - 27 1
2006-2007   Осасуна ПД 1 0 КШ 1 0 КУ 1 0 - - - 3 0
2007-2008 ПД 29 0 КШ 0 0 - - - - - - 29 0
2008-2009 ПД 36 0 КШ 2 0 - - - - - - 38 0
2009-2010 ПД 33 0 КШ 5 0 - - - - - - 38 0
Вкупно Осасуна 99 0 8 0 1 0 - - 108 0
2010-2011   О. Марсеј Л1 15 0 КФ+ЛКФ 0+1 0+1 ЛШ 4 0 СФ 1 0 21 1
2011-2012 Л1 30 1 КФ+ЛКФ 3+3 0+0 ЛШ 8 0 СФ 0 0 44 1
авг. 2012 Л1 2 0 КФ+ЛКФ - - ЛЕ 1[68] 0 - - - 3 0
Вкупно О. Марсеј 47 1 7 1 13 0 1 0 68 2
2012-2013   Челси ПЛ 27 0 ФАКуп+ЛК 5+5 0+0 ЛШ+ЛЕ 1+8 0+0 КШ+СУ+Скп 0+0+2 0+0+0 48 0
2013-2014 ПЛ 29 0 ФАКуп+ЛК 2+3 0+1 ЛШ 10 0 СУ 0 0 44 1
2014-2015 ПЛ 29 0 ФАКуп+ЛК 2+5 0+0 ЛШ 4 0 - - - 40 0
2015-2016 ПЛ 37 2 ФАКуп+ЛК 3+0 0+0 ЛШ 8 0 КШ 1 0 49 2
2016-2017 ПЛ 38 1 ФАКуп+ЛК 6+3 0+1 - - - - - - 47 2
2017-2018 ПЛ 37 2 ФАКуп+ЛК 4+2 0+0 ЛШ 8 1 КШ 1 0 52 3
2018-2019 ПЛ 38 1 ФАКуп+ЛК 3+6 0 ЛЕ 9 0 КШ 1 0 57 1
2019-2020 ПЛ 36 2 ФАКуп+ЛК 5+0 0 ЛШ 7 2 СУ 1 0 49 4
2020-2021 ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 4+2 0 ЛШ 11 0 - - - 43 1
Вкупно Челси 297 9 60 2 66 3 6 0 429 14
Вкупно во кариерата 470 11 75 3 80 3 7 0 632 17

Репрезентативна статистикаУреди

Обновено на на 28 јуни 2021[69]
Репрезентација Год. Настапи Голови
Шпанија 2013 4 0
2014 6 0
2015 2 0
2016 6 0
2017 2 0
2018 5 0
2021 2 1
Вкупно 27 1

ТитулиУреди

КлупскиУреди

[70]

  МарсејУреди

2010-2011, 2011–2012
2010, 2011

  ЧелсиУреди

2014–2015, 2016–2017[71]
2017–2018[72]
2014–2015[73]
2012–2013,[74] 2018–2019[75]
2020-2021[76]

РепрезентативниУреди

  Шпанија под 19 годиниУреди

2007

  Шпанија под 21 годинаУреди

2011

ИндивидуалниУреди

 
Аспиликуета (десно), заедно со Андре Ају и Eдуар Сисе го слават освојување на Суперкупот на Франција со Марсеј во 2011 година.

НаводиУреди

  1. „Updated squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 2 February 2018. Посетено на 10 February 2018.
  2. „Azpilicueta también es del Chelsea“. elpais.es (шпански). 24 August 2012. Посетено на 15 June 2021.
  3. „Charo, la madre de César Azpilicueta: "Tenía ganas de que pasara las vacaciones con nosotros pero prefiero que vaya a la Eurocopa". ondacero.es (шпански). 29 May 2021. Посетено на 15 June 2021.
  4. „Entrevista en El Penalty a Juan Pablo Azpilicueta jugador del C.D. Tudelano“ [El Penalty interview to Juan Pablo Azpilicueta C.D. Tudelano player] (шпански). iVoox. 28 November 2013. Посетено на 20 October 2015.
  5. Astráin, Fermín (26 March 2014). „Juan Pablo Azpilicueta reapareció después de dos meses de baja“ [Juan Pablo Azpilicueta reappeared after two months out]. Diario de Navarra (шпански). Посетено на 20 October 2015.
  6. „Boda española en el Chelsea“. elmundo.es (шпански). 28 May 2015. Посетено на 15 June 2021.
  7. „César Azpilicueta y Adriana Guerendiain“. elmundo.es (шпански). 28 May 2018.
  8. „¿Quién es César Azpilicueta, el navarro que ha levantado la Copa de Europa como capitán del Chelsea?“. diariodenavarra.es (шпански). 30 May 2021.
  9. 9,0 9,1 9,2 „I calciatori più sottovalutati del decennio“. L'Ultimo Uomo (италијански). 2020-01-08. Посетено на 2020-01-18.
  10. „César Azpilicueta, intentad atacar por la otra banda“ [César Azpilicueta, try the other wing] (шпански). El Blog de los Trolacas. 20 February 2009. Посетено на 24 August 2012.
  11. „Real Madrid 2–0 Osasuna“. ESPN Soccernet. 8 April 2007. Посетено на 24 August 2012.
  12. „Accord de principe pour le transfert de César Azpilicueta“ [Deal arranged for transfer of Azpilicueta] (француски). Olympique Marseille. 21 June 2010. Посетено на 23 June 2010.
  13. „OM: Azpilicueta et Modesto arrivent!“ [OM: Azpilicueta and Modesto arrive!] (француски). Les Transferts. 22 June 2010. Посетено на 15 April 2014.
  14. „Azpi pour 9.5 million euros?“ [Azpi for 9.5 million euros?] (француски). Mercato 365. 28 June 2010. Посетено на 28 June 2010.
  15. „Spartak sucker punch downs Marseille“. UEFA. 15 September 2010. Посетено на 19 September 2010.
  16. Marseille go top but pay high price Archived 29 ноември 2010 на Wayback Machine; Soccerway, 27 November 2010
  17. „Olympique Marseille 3–0 Auxerre“. Goal.com. 13 May 2012.
  18. Marseille confirm need to sell; Sky Sports, 14 August 2012
  19. Azpilicueta open to Blues move; Sky Sports, 21 August 2012
  20. „Azpilicueta signs“. Chelsea F.C. 24 August 2012. Архивирано од изворникот на 30 August 2012. Посетено на 24 August 2012.
  21. „Azpilicueta joins Chelsea“. Sky Sports. 24 August 2012. Посетено на 24 August 2012.
  22. „Di Matteo: Cesar offers options“. Chelsea F.C. 24 August 2012. Архивирано од изворникот на 30 August 2012. Посетено на 24 August 2012.
  23. Moore, Glenn (26 September 2014). „Cesar 'Dave' Azpilicueta shows the attitude to delight Chelsea manager Jose Mourinho“. The Independent. Посетено на 18 October 2014.
  24. „Chelsea 6–0 Wolves“. BBC Sport. 25 September 2012. Посетено на 26 September 2012.
  25. Sanghera, Mandeep (6 October 2012). „Chelsea put their off-field troubles aside as they emphatically beat struggling Norwich to continue to set the Premier League pace“. BBC Sport. Посетено на 26 July 2017.
  26. „Swansea City 1–1 Chelsea“. ESPN FC. 3 November 2012. Посетено на 3 November 2012.
  27. „Ivanović heads Chelsea to Europa League glory“. UEFA. 15 May 2013. Посетено на 16 May 2013.
  28. Magowan, Alistair (29 October 2013). „Arsenal 0–2 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 30 October 2013.
  29. Thompson, Peter (22 October 2013). „Schalke 0–3 Chelsea: Impressive Torres bags double“. Goal. Посетено на 18 December 2013.
  30. Lewis, Darren (12 November 2013). „Chelsea's Cesar Azpilicueta ready to keep sub standard Ashley Cole on the bench“. Daily Mirror. Посетено на 18 December 2013.
  31. „Premier League – Mourinho: A team of Azpilicuetas would win the Champions League“. Eurosport. 26 February 2014. Архивирано од изворникот на 15 May 2014. Посетено на 13 May 2014.
  32. Strange, Joe (12 May 2014). „Eden Hazard wins Chelsea Player of the Year award after fine season for Jose Mourinho's side“. Daily Mail. Посетено на 24 August 2012.
  33. Johnson, Simon (25 September 2014). „Jose Mourinho has taught me to put the collective first – Chelsea's Filipe Luis happy to play waiting game“. London Evening Standard. Посетено на 19 October 2014.
  34. „New contract for Azpilicueta“. Chelsea F.C. 2 September 2014. Посетено на 2 September 2014.
  35. Fifield, Dominic (18 October 2014). „Chelsea stay top after Cesc Fàbregas nets winner at Crystal Palace“. The Guardian. Посетено на 18 October 2014.
  36. Steinberg, Jacob (1 March 2015). „Chelsea v Tottenham Hotspur: Capital One Cup final – as it happened“. The Guardian. Посетено на 2 March 2015.
  37. Cryer, Andy (2 August 2015). „Arsenal 1–0 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 2 August 2015.
  38. Magowan, Alistair (23 August 2015). „West Bromwich Albion 2–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 23 August 2015.
  39. Henson, Mike (13 January 2016). „Chelsea 2–2 West Bromwich Albion“. BBC Sport. Посетено на 21 August 2016.
  40. Henson, Mike (1 October 2016). „Hull City 0–2 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 18 October 2016.
  41. Fifield, Dominic (13 December 2016). „César Azpilicueta extends Chelsea stay but Terry's situation stays on hold“. The Guardian. Посетено на 13 December 2016.
  42. „Sunderland 0–1 Chelsea“. Chelsea F.C. 14 December 2016. Посетено на 17 December 2016.
  43. Perrin, Charles (16 May 2017). „Chelsea star reflects on 'special moment' after Watford win“. Daily Express. Посетено на 25 May 2017.
  44. „Captain Cahill: Delighted, proud and excited“. Chelsea F.C. 26 July 2017. Посетено на 26 July 2017.
  45. Law, Matt (12 September 2017). „Chelsea 6 Qarabag 0: Davide Zappacosta marks full debut with goal as half-strength hosts run riot“. The Daily Telegraph. Посетено на 12 September 2017.
  46. de Menezes, Jack (4 December 2018). „Cesar Azpilicueta signs new four-year Chelsea deal to 'keep the club where it belongs'. The Independent. Посетено на 25 April 2021.
  47. „Cesar Azpilicueta exclusive part one: Captaincy, Gary Cahill and youth international leadership“. Chelsea F.C. 11 September 2019. Посетено на 8 November 2019.
  48. „🎥 "ONE OF THE BEST" | CESAR AZPILICUETA MAKES 350TH CHELSEA APPEARANCE!👏“. Chelsea F.C. 23 October 2019. Посетено на 24 October 2019.
  49. „Tonight's game will be @CesarAzpi's 3️⃣5️⃣0️⃣th as a Blue! 👏 Go well, Azpi! #AJACHE“. Twitter. Chelsea F.C. Посетено на 24 October 2019.
  50. „Set for @CesarAzpi's 100th start as Chelsea captain! 💯 #CFC #Chelsea“. Instagram. 1 January 2020. Посетено на 1 January 2020.
  51. McNulty, Phil (1 August 2020). „Arsenal 2–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 3 August 2020.
  52. „Joining the 400 club“. Chelsea F.C. 5 January 2021. Посетено на 25 April 2021.
  53. Ouzia, Malik (25 May 2021). „Chelsea FC defender Cesar Azpilicueta has red card overturned after Jack Grealish clash“. Evening Standard. Посетено на 29 May 2021.
  54. „Valdés, De Gea, Azpilicueta, Javi Martínez y Pedro entran en la preselección de 30“ [Valdés, De Gea, Azpilicueta, Javi Martínez and Pedro make shortlist of 30]. Marca (шпански). 10 May 2010. Посетено на 15 April 2014.
  55. „Euro 2012 trio Mata, Alba & Martinez in Spain Olympic squad“. BBC Sport. 5 July 2012. Посетено на 8 September 2017.
  56. „Spain 0–0 Morocco: La Roja fail to fire again to finish bottom of Olympics Group D“. Goal. 1 August 2012. Посетено на 14 August 2018.
  57. „Azpilicueta called up by Spain“. Chelsea F.C. 1 February 2013. Архивирано од изворникот на 3 February 2013. Посетено на 1 February 2013.
  58. „Azpilicueta impresses Spain boss Vicente del Bosque on debut“. Sky Sports. 7 February 2013. Посетено на 7 February 2013.
  59. „Cesar Azpilicueta happy after Spain debut“. Sky Sports. 11 February 2013. Посетено на 11 February 2013.
  60. Lara, Miguel Ángel (5 June 2013). „Azpilicueta: "España todavía tiene hambre" [Azpilicueta: "Spain are still hungry"]. Marca (шпански). Посетено на 14 November 2013.
  61. „Spain hit ten in record-smashing win“. FIFA. 20 June 2013. Архивирано од изворникот на 5 November 2013. Посетено на 14 November 2013.
  62. „Fred and Neymar claim Confeds for Brazil“. FIFA. 30 June 2013. Архивирано од изворникот на 2 July 2013. Посетено на 14 November 2013.
  63. „Spain World Cup 2014 squad“. The Daily Telegraph. 2 June 2014. Посетено на 14 June 2014.
  64. Ornstein, David (13 June 2014). „Spain 1–5 Netherlands“. BBC Sport. Посетено на 26 June 2014.
  65. Ornstein, David (18 June 2014). „Spain 0–2 Chile“. BBC Sport. Посетено на 26 June 2014.
  66. „Morata misses out on Spain's 23-man World Cup squad“. Goal. 21 May 2018. Посетено на 21 May 2018.
  67. Braidwood, Jamie (24 May 2021). „Euro 2020 news LIVE: Sergio Ramos left out of Spain squad plus latest before England announcement“. The Independent. Посетено на 24 May 2021.
  68. Во плејофот.
  69. „César Azpilicueta“. EU-football.info. Посетено на 21 December 2015.
  70. Сесар Аспиликуета на soccerway
  71. „César Azpilicueta: Overview“. Premier League. Посетено на 15 April 2018.
  72. McNulty, Phil (19 May 2018). „Chelsea 1–0 Manchester United“. BBC Sport. Посетено на 19 May 2018.
  73. McNulty, Phil (1 March 2015). „Chelsea 2–0 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 22 April 2019.
  74. McNulty, Phil (15 May 2013). „Benfica 1–2 Chelsea“. BBC Sport. Архивирано од изворникот на 25 January 2016.
  75. Bevan, Chris (29 May 2019). „Chelsea 4–1 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 29 May 2019.
  76. McNulty, Phil (29 May 2021). „Man. City 0–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2021.
  77. „Hazard wins Player of the Year“. Chelsea F.C. 13 May 2014. Архивирано од изворникот на 15 May 2014. Посетено на 22 August 2016.
  78. „UEFA Europa League Squad of the 2018/19 Season“. UEFA. 30 May 2019. Посетено на 30 May 2019.
  79. „UEFA Champions League Squad of the Season“. UEFA. 31 May 2021. Посетено на 1 June 2021.

Надворешни врскиУреди