Марио Гаврановиќ

Марио Гаврановиќ (роден на 24 ноември 1989 година во Лугано) е швајцарски фудбалер, напаѓач на Динамо Загреб и на швајцарската репрезентација.

Марио Гаврановиќ
Mario Gavranovic 2011-08-03.jpg
Лични податоци
Полно име Марио Гаврановиќ[1]
Роден на 24 ноември 1989 (1989-11-24) (30 г.)
Роден во Лугано, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001750000001,75 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Динамо Загреб Динамо Загреб
Број 11
Младинска кариера
Веција
Лугано Лугано
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2008 Лугано Лугано 21 (8)
2008-2010 Ивердон Ивердон 20 (8)
2009-2010Ксамакс Ксамакс 17 (8)
2010-2011 Шалке 04 II Шалке 04 II 5 (2)
2010-2012 Шалке 04 Шалке 04 10 (0)
2011-2012Мајнц Мајнц 05 5 (0)
2012-2016 Цирих Цирих 90 (26)
2016-2018 Риека Риека 59 (25)
2018- Динамо Загреб Динамо Загреб 28 (13)
Репрезентација
2005 Швајцарија Швајцарија 17 1 (2)
2007-2008 Швајцарија Швајцарија 19 8 (6)
2008-2011 Швајцарија Швајцарија 21 14 (3)
2011- Швајцарија Швајцарија 16 (4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

БиографијаУреди

Роден е од родители Босански Хрвати, неговото семејство се преселило од Градачац, Босна и Херцеговина во Лугано, Швајцарија една година пред да се роди Марио.

Клупска кариераУреди

Гаврановиќ ја започнал својата фудбалска кариера во екипата на Веција кога имал само 7 години, пред да стане професионалец во екипата на Лугано во 2006 година. Своето професионално деби го направил во натпреварот од Швајцарската Челенџ лига, Лугано-ЈФ Јувентус 2-2 на 14 октомври 2006, кога имал само 16 години. По две сезони во Лугано решил да ја промени средината и се преселил во екипата на Ивердон во 2008 година. За Ивердон одиграл само една сезона во Челенџ лигата во која на 20 натпревари постигнал 8 гола, а веќе следната сезона бил позајмен на прволигашот Ксамакс. Своето деби во Супер лигата против Белинцона на 12 јули 2009, го означил со првиот погодок во елитната лига на Швајцарија, со кој го спасил својот тим од пораз и ги поставил конечните 1-1. Гаврановиќ бил во одлична форма и постигнал 8 гола на 17 натпревари во првиот дел од сезоната, пред во зимската пауза да го напушти Ксамакс и да му се приклучи на германскиот бундеслигаш, Шалке 04.

На своето деби во Лигата на шампионите на 9 март 2011 против Валенсија, Гаврановиќ го постигнал својот прв гол во ова натпрварување помагајќи му на Шалке да помине во четврт-финалето. Тој одиграл вкупно 12 натпревари за Шалке во сите конкуренции и постигнал 2 гола. Сезоната 2011-12, ја поминал на заем во екипата на Мајнц 05, но таму одиграл само 5 натпревари по што се вратил во Швајцарија во екипата на Цирих.

На 21 април 2014, Гаврановиќ постигнал два гола во екстра времето од финалето на Купот на Швајцарија против Базел, носејќи му ја титулата на својот тим.

На 18 јануари 2016, Гаврановиќ потпишал две ипол годишен договор со хрватската Риека.[3] Тој постигнал гол уште на своето деби за клубот на 12 февруари 2016 против Локомотива Загреб, претворајќи го во погодок за водство од 2-0 центаршутот на Роман Безјак во 25-тата минута од натпреварот кој Риека го добила со истиот резултат.[4]

Во својата втора сезона во клубот, Гаврановиќ и помогнал на Риека да стигне до првата историска шампионска титула во хрватското првенство допринесувајќи со 11 постигнати гола. Тој исто така постигнал и 7 гола во 5 натпревари во Купот на Хрватска, вклучувајќи ги и двата во финалето против Динамо Загреб, во кое Риека победила со 3-1 и ја освоила двојната круна придодавајќи ја на освоениот наслов во првенството и титулата во купот. Вкупно во две години во Риека, Гаврановиќ постигнал 40 голови во 80 натпревари.

Во јануари 2018, Гаврановиќ потпишал три годишен договор со Динамо Загреб во договор за размена на играчи во кој биле вклучени и Домагој Павичиќ и Лука Цапан кој заминале во Риека.

Репрезентативна кариераУреди

Гаврановиќ го направил своето деби во сениорската репрезентација на Швајцарија во ремито 0-0 против Бугарија во квалификациите за Евро 2012. Швајцарија Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал во победата со 4-2 во пријателски натпревар против Хрватска на 15 август 2012 година, кога бил двоен стрелец.[5]

ТитулиУреди

  Шалке 04Уреди

  ЦирихУреди

  РиекаУреди

  Динамо ЗагребУреди

Хет-трикУреди

Гаврановиќ досега во својата кариера има постигнато еден хет-трик. Тој бил на 16 септември 2012 во дресот на Цирих против нисколигашот Ешален во Купот на Швајцарија.

НаводиУреди

  1. "2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players" (PDF). FIFA. 11 June 2014. стр. 30. Посетено на 25 June 2014.
  2. "Mario Gavranovic" (германски). schalke04.de. Посетено на 2 July 2011.
  3. "Gavranović se pridružio momčadi u Dubaiju" (хрватски). Radio Rijeka. 18 January 2016. Посетено на 19 January 2016.
  4. "Pobjeda za otvaranje sezone lova na naslov prvaka" (хрватски). HoćuRi.com. 12 February 2016. Посетено на 13 February 2016.
  5. "'Nikad ne bih mogao slaviti golove protiv Hrvatske, osjećam se Hrvatom koliko i Švicarcem'" (хрватски). jutarnji.hr. 16 August 2012. Посетено на 2 November 2012.

Надворешни врскиУреди