Леонардо Спинацола

Леонардо Спинацола (италијански: Leonardo Spinazzola; р. 25 март 1993 во Фолињо) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Рома и на италијанската репрезентација.

Леонардо Спинацола
Лични податоци
Роден на 25 март 1993(1993-03-25)(31 г.)
Роден во Фолињо, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Рома Рома
Број 37
Младинска кариера
Виртус Фолињо Виртус Фолињо
Сиена Сиена
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013Емполи Емполи 7 (1)
2013Виртус Ланчано Виртус Ланчано 3 (0)
2013-2014Сиена Сиена 24 (1)
2014-2015Аталанта Аталанта 2 (0)
2015Виченца Виченца 10 (0)
2015-2016Перуџа Перуџа 34 (0)
2016-2018Аталанта Аталанта 48 (0)
2018-2019 Јувентус Јувентус 10 (0)
2019- Рома Рома 54 (3)
Репрезентација
2011 Италија Италија 19 1 (0)
2012 Италија Италија 20 1 (0)
2017- Италија Италија 5 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Технички одлики уреди

Лев бек, кој исто така може да биде користен по десната страна, се одликува со големи физички и атлетски квалитети, отпорен на притисок и одличен во промената на темпото.[1] Меѓу неговите најдобри квалитети се дриблингот, особено лажњакот, правејќи двојни чекори напред што му овозможува лесно да го надтрча противникот:[1] оваа способност го прави многу ефикасен во двобоите еден на еден и во натпреварите со брзо темпо на игра.[1]

Исто така, тој се одликува со голема брзина. Во ситуација кога ја има топката во својте нозе, најчесто одбегнува да навлегува кон средината на теренот и се движи напред по својата страна од каде што потоа испраќа дијагонално додавање кон напаѓачите или играчот од средниот ред од спротивната страна на теренот; неговиот стил на игра се одликува со први допири и брзина, чести излети на противничката половина и напаѓање во длабочина.[1] Наспроти тоа, меѓу неговите слабости во играта се воздушните двобои и сопирање на противникот.[1] Според стилот на игра тој е споредуван со Џанлука Ѕамброта,[1] играч за кој Спинацола изјавил дека го вдахновува.[2]

Кариера уреди

Титули уреди

  Јувентус уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Francesco Federico Pagani (22 март 2017). „Leonardo Spinazzola, il terzino che sarà“.
  2. „Petagna, Verdi e Spinazzola: i racconti e le emozioni dei nuovi arrivati in casa azzurra“. 21 март 2017. Архивирано од изворникот на 2017-03-23. Посетено на 2018-08-30.

Надворешни врски уреди