Фудбалска репрезентација на Косово
Фудбалската репрезентација на Косово го претставува Косово на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Косово.
Прекари(и) | Dardanët (Тројанци) | |||
---|---|---|---|---|
Сојуз | ФФК | |||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | |||
Селектор | Бернар Шаланде | |||
Капитен | Самир Ујкани | |||
Најмногу настапи | Самир Ујкани (25) | |||
Најдобар стрелец | Арбер Зенели (7) | |||
ФИФА код | KVX[1] | |||
| ||||
Пласман на рангирањето на ФИФА | ||||
Моментално | 120 (25 јули 2019) | |||
Највисок | 120 (јули 2019)[2] | |||
Најнизок | 190 (август 2016)[2] | |||
Прв меѓународен натпревар | ||||
Косово 0 - 0 Хаити (Косовска Митровица, Косово; 5 март 2014) | ||||
Најголема победа | ||||
Малта 0 - 5 Косово (Та Кали, Малта; 17 ноември 2018) | ||||
Најлош пораз | ||||
Косово 0 - 6 Хрватска (Скадар, Албанија; 6 октомври 2016) |
Историја
уредиПред прогласувањето на независност
уредиРепрезентациите на Југославија, Србија и Црна Гора и Србија на меѓународните натпреварувања често вклучувале играчи од Косово, како што се Фадил Вокри и Стеван Стојановиќ. Три играчи (Милутин Шошкиќ, Фахрудин Јусуфи, Владимир Дурковиќ) биле дел од тимот на Југославија кој освоил златен медал на Летните олимписки игри 1960 и сребрен медал на Европското првенство 1960 година.
Неофицијалната репрезентација на Косово била формирана по распадот на Југославија и тогаш одиграле низа на пријателски натпревари. Повеќето од овие натпревари биле одиграни против клубови, но некои од нив биле играни и против други репрезентации.
Официјално формирање
уредиНа 6 мај 2008 година, по прогласувањето на независност од Србија, Косово поднело барање за членство во ФИФА. Барањето на Косово било разгледувано на Конгресот на ФИФА во Цирих во октомври 2008 година, кога советот на ФИФА одлучил да го одбие барањето за членство на Косово и со тоа тие повеќе не можеле да играат ниту пријателски натпревари затоа што сметале дека не е во склад со членот 10 од статутот на ФИФА, да само "независна држава призната од страна на меѓународна заедница" може да биде примена во ФИФА. Истата одлука ФИФА ја повторила на 22 мај 2012 година, наведувајќи дека Косово може да игра против другите земји во меѓународните пријателски натпревари според членот 79 на статутот на ФИФА.
Во септември 2012, албанскиот репрезентативец Лорик Цана заедно со швајцарските репрезентативци Џердан Шакири, Гранит Џака и Валон Бехрами (сите тие имаат косовско-албанско потекло) напишал изјава до претседателот на ФИФА Сеп Блатер, барајќи од него да дозволи Косово да игра пријателски натпревари. Изјавата ја потпишале и осум други албански фудбалери, кој се од Косово: Арменд Далку, Мергим Маврај, Самир Ујкани, Албан Меха, Бурим Кукели, Етрит Бериша и Ахмед Јанузи. На состанокот одржан во мај 2012 година, ФИФА одлучила да му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари, но потоа ја укинала дозволата поради протестот на Фудбалскиот сојуз на Србија. Некој играчи, посебно косовски Срби (како што се Милош Красиќ и Милан Бишевац), продолжиле да играат за фудбалската репрезентација на Србија. По примањето на изјавата бил планиран да се одржи нов состанок на 27 и 28 септември на кој повторно требало да бидат разгледани барањата на Косово, но подоцна истиот е одложен за декември. Во февруари 2013 година, ФИФА најавила дека ќе му овозможи на Косово да игра против други земји во неформални натпревари, под услов да не се прикажуваат национални симболи.
На 13 јануари 2014 година, фудбалската репрезентација на Косово добила дозвола од ФИФА да може да игра против членките на ФИФА во меѓународни пријателски натпревари, со исклучок на "репрезентациите на земјите од бивша Југославија". После состанокот на Итната комисија на ФИФА, исто така било дозволено и на клупските екипи да играат пријателски натпревари. Меѓутоа, предвидено било клубовите и репрезентативните екипи (Фудбалскиот сојуз на Косово) да не смеат да прикажуваат нбационални симболи (знамиња, грбови итн.) или да пуштаат национални химни. Уште еден чекот напред бил направен по состанокот помеѓу Сеп Блатер и Фудбвалскиот сојуз На Србија. Премиерот на Косово Хашим Тачи ја поздравил одлуката и изразил надеж дека земјата во блиска иднина ќе биде полноправна членка на ФИФА и УЕФА. По одлуката на ФИФА, бил најавен и првиот официјален натпревар на Косово против Хаити на 5 март во Косовска Митровица.
Во март 2015, Мишел Платини, претседателот на УЕФА, изјавил дека најверојатно Косово ќе биде прифатено од УЕФА во 2016 година.
Во септември 2015 на состанокот на Извршниот одбор во Малта, УЕФА го одобрила барањето на федерацијата за прием во УЕФА на следниот редовен конгрес кој требало да се одржи во Будимпешта на 3 мај 2016 година. На редовниот конгрес на 3 мај 2016 година, Косово било прифатено во УЕФА откако членовите гласале со резултат 28-24 во корист на Косово.
На 13 мај 2016 година Косово било прифатено и од ФИФА на 66-тиот конгрес во Мексико со 141 глас за и 23 против. На здружението покрај Косово му се приклучил и Гибралтар како 210-та и 211-та членка на ФИФА.
Првите квалификациски циклуси за СП и ЕП
уредиНа 9 јуни 2016, репрезентацијата на Косово за првпат се нашла во ждрепката за квалификации за некое натпреварување. Тие биле извлечени во групата И заедно со репрезентациите на Хрватска, Финска, Исланд, Турција и Украина. Поради сигурносни причини Панелот за итни случаи на УЕФА одлучил Босна и Херцеговина и Србија да не можат да бидат во група со Косово.[3][4] На 5 септември 2016, Косово го направило своето деби во квалификациите за Светско првенство играјќи нерешено 1-1 против Финска, а првиот гол за Косово во квалификациите го постигнал Валон Бериша од пенал во 60-тата минута за израмнување на резултатот.[5] Сепак, тој освоен бод против финците во гости останал единствениот за Косово во нивните први квалификации бидејќи репрезентацијата забележала девет порази во останатите девет натпревари со што завршиле на дното на групата.
Квалификации за Светско првенство 2018
|
|
Во декември 2018, Косово земало учество во својте втори квалификации, први за Европско првенство. Тие биле извлечени во групата А, заедно со репрезентациите на Англија, Чешка, Бугарија и Црна Гора.
Настапи на големите турнири
уредиСветско првенство
уредиСветско првенство | Квалификации за Светско првенство | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Домаќин/Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | |
2018 | 10 | 0 | 1 | 9 | 3 | 24 | |||||||||
2022 | Ќе учествуваат во квалификациите | Ќе учествуваат во квалификациите | |||||||||||||
Вкупно | 0/22 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 10 | 0 | 1 | 9 | 3 | 24 |
Европско првенство
уреди
Европско првенство | Квалификации за Европско првенство | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | Состави | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | Ref. |
1960–1992 | Учествувале во состав на Југославија | Учествувале во состав на Југославија | ||||||||||||||
1996–2004 | Учествувале во состав на Србија и Црна Гора | Учествувале во состав на Србија и Црна Гора | ||||||||||||||
2008 | Не учествувале | Не учествувале | ||||||||||||||
2012 | ||||||||||||||||
2016 | ||||||||||||||||
2020 | Учествуваат во квалификациите | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |||||||||
В К У П Н О | 0/3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | [6] |
Стадиони
уредиНа 12 јули 2019, било објавено дека Косово ќе гради стадион со капацитет од 30.000 места.[7][8]
- Обновено на 7 септември 2019
Домашни стадиони на Фудбалска репрезентација на Косово | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Бр. на натпревари |
Слика | Стадион | Капацитет | Локација | Прв натпревар | Последен натпревар | Ref |
8 | Стадион Фадил Вокри | 13,500 | Приштина, Косово | v. Албанија, 7 септември 2002 (неофицијален) |
v. Чешка, 7 септември 2019 | [9] | |
5 | Стадион Лоро Боричи | 16,000 | Скадар, Албанија | v. Хрватска, 6 октомври 2016 | v. Украина, 6 октомври 2017 | [b][10] | |
3 | Стадион Адем Јашари | 18,500 | Косовска Митровица, Косово | v. Хаити, 5 март 2014 | v. Латвија, 13 неомври 2017 | [11] |
Играчи
уредиМоментален состав
уредиАжурирано: 7 септември 2019.[12]
Статистика на играчите
уредиИграчи со најмногу настапи
уредиПоследна промена 10 септември 2019.[13]
Место | Позиција | Име | Кариера | Настапи | Голови |
---|---|---|---|---|---|
1 | ОД | Амир Рахмани | 2014– | 26 | 4 |
2 | ГМ | Самир Ујкани | 2014– | 25 | 0 |
3 | СР | Милот Рашица | 2016– | 24 | 4 |
4 | НП | Ведат Муричи | 2016– | 22 | 7 |
5 | СР | Бесар Халими | 2015– | 21 | 1 |
ОД | Мергим Војвода | 2017– | 21 | 1 | |
7 | СР | Хекуран Крјезиу | 2015– | 19 | 0 |
8 | СР | Арбер Зенели | 2016– | 18 | 7 |
ОД | Леарт Пакарада | 2014– | 18 | 1 | |
10 | СР | Берсант Целина | 2014– | 17 | 2 |
ОД | Фидан Алити | 2017– | 17 | 0 |
Играчи со најмногу постигнати голови
уредиПоследна промена 10 септември 2019.[14]
Место | Позиција | Име | Кариера | Голови | Настапи | Просек |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | СР | Арбер Зенели | 2016– | 7 | 18 | 0.39 |
НП | Ведат Муричи | 2016– | 7 | 20 | 0.25 | |
3 | ОД | Амир Рахмани | 2014– | 4 | 24 | 0.17 |
СР | Милот Рашица | 2016– | 4 | 24 | 0.17 | |
НП | Елба Рашани | 2015– | 4 | 7 | 0.57 | |
6 | СР | Бенџамин Кололи | 2016– | 3 | 12 | 0.25 |
НП | Алберт Бунџаку | 2014–2016 | 3 | 6 | 0.5 | |
СР | Валон Бериша | 2016– | 3 | 16 | 0.19 | |
9 | СР | Берсант Целина | 2014– | 2 | 15 | 0.13 |
НП | Атдхе Нухиу | 2017– | 2 | 14 | 0.14 | |
СР | Едон Жегрова | 2018– | 2 | 12 | 0.17 | |
НП | Шпетим Хасани | 2005–2015 | 2 | 7 | 0.29 |
Селектори
уредиХронолошки список на сите селектори кои го воделе Косово од 1993 година.
Тренери | Од | До | Скор | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Н | П | Н | И | Успешност % | |||
Ајет Шошоли | 1993 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0,00 | |
Билбил Соколи | 2002 | 1 | 0 | 0 | 1 | 0,00 | |
Муарем Саити | 2005 | 2006 | 3 | 2 | 0 | 1 | 66,67 |
Едмонд Ругова | 2006 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | |
Кујтим Шала | 2006 | 2008 | 1 | 1 | 0 | 0 | 100,00 |
Алберт Бунџаки | 2009 | 2017 | 14 | 3 | 3 | 8 | 21,43 |
Муарем Саити (привремен) | 2017 | 1 | 1 | 0 | 0 | 100,00 | |
Бернар Шаланде | 2018 | денес | 13 | 8 | 5 | 0 | 61,54 |
Наводи
уреди- ↑ Dryomin, Mark; Tabeira, Martin; Lozano, Carles; Jeffree, Iain (2 June 2016). „FIFA Country Codes“. rsssf.com. RSSSF.
Kosovo (KVX)
- ↑ 2,0 2,1 „The FIFA/Coca-Cola World Ranking - Associations - Kosovo - Men's“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2019-04-04. Посетено на 4 April 2019.
- ↑ „Kosovo and Gibraltar assigned to 2018 FIFA World Cup qualifying groups“. UEFA. 9 June 2016. Архивирано од изворникот на 2019-06-20. Посетено на 2019-09-09.
- ↑ „Kosova në Grupin I për kualifikimet e Botërorit 2018“ [Kosovo in Group I for 2018 World Cup qualifiers] (албански). Football Federation of Kosovo. 9 June 2016. Архивирано од изворникот на 2018-06-14. Посетено на 2019-09-09.
- ↑ „Debutim fantastik i Kosovës, baras me Finlandën“ [Fantastic debut of Kosovo, draw with Finland] (албански). Bota Sot. 5 September 2016.
- ↑ „Kosovo team profile“. UEFA.com. Посетено на 21 септември 2016.
- ↑ „Stadiumi Nacional i Kosoves“.
- ↑ „Prezantohet projekti per stadiumin e ardhshem te Kosoves“.
- ↑ „Stadiumi Fadil Vokrri, Pristina“. eu-football.info.
Only matches from 2014 are included
- ↑ „Loro Boriçi Stadium, Shkodër“. eu-football.info.
- ↑ „Stadiumi Olimpik Adem Jashari, Mitrovica“. eu-football.info.
- ↑ „Kosovo (2–1) Czech Republic“. eu-football.info. 7 September 2019.
- ↑ „Kosovo international footballers of all-time“. eu-football.info. Посетено на 10 June 2019.
- ↑ „Kosovo national football team goalscorers of all-time“. eu-football.info. Посетено на 10 June 2019.
Only top goalscorers from 2014 are included
Надворешни врски
уреди- Матична страница (албански) (англиски)
- Косово на National Football Teams
- Косово на RSSSF