Стадион Теди
31°45′4.20″N 35°11′26.22″E / 31.7511667° СГШ; 35.1906167° ИГД
Стадион Теди אצטדיון טדי | |
---|---|
Место | Ерусалим, Израел
темели= 1990 |
Отворен | 1992 |
Сопственик | град Ерусалим |
Игра | |
Гледачи | 31,733 |
Стадионот Теди (хебрејски: אצטדיון טדי, Itztadion Teddy) е стадион кој се наоѓа во Ерусалим, Израел, поточно на Булевар 404. Наречен е по поранешниот градоначалник на Ерусалим Теди Колек (1911–2007), кој бил еден од главните потикнувачи за изградба на оваа арена.
Овој стадион моментално го користат фудбалските клубови од Ерусалим, Беитар Ерусалим и Хапоел Ерусалим.
Во прво време, стадионот имал сместивост од 12 000 гледачи, но со неговата реконструкција во 1997 година, сместивоста се зголемилa на 21 600 гледачи.