Клеман Тирпен (француски: Clément Turpin); (Улен, 16 мај 1982)[1] — француски фудбалски судија. На списокот на меѓународни судии на ФИФА е од 2010 година, а на списокот на елитната група судии на УЕФА од 2012 година.

Клеман Тирпен
Clément Turpin
Роден 16 мај 1982(1982-05-16)(42 г.)
Улен, Рона, Франција
Домашна
Години Лига Улога
2006-2007 Државно првенство на Франција Судија
2007-2009 Лига 2 Судија
2008-до денес Лига 1 Судија
Меѓународна
Години Лига Улога
2010-до денес ФИФА Судија

Кариера

уреди

Тирпен стана судија на ФИФА во 2010 година.[2] Бил судија во квалификациите за Светското првенство во фудбал 2014 – УЕФА[3] и квалификациите за Светското првенство во фудбал 2018 – УЕФА, како и на Европското првенство во фудбал 2016 во Франција.

Во клупските натпревари на УЕФА почнал да суди од Лига Европа 2010/11.

Во мај 2016 година, Тирпен бил прогласен за најдобар француски судија од Фудбалската федерација на Франција.

Бил судија на Светското првенство во фудбал за играчи помлади од 17 години 2017 во Индија.

На 29 март 2018 година, ФИФА објавила дека тој ќе води некои натпревари на Светското првенство во фудбал 2018 со Сирил Гренгор и Никола Дано како негови помошници.[4]

Наводи

уреди
  1. „Profile“. Архивирано од изворникот на 2018-06-30. Посетено на 2018-06-15.
  2. FIFA. "France: Referees" Архивирано на 27 февруари 2015 г.. Посетено на 24 May 2013.
  3. FIFA. "Match Report - Moldova - Ukraine 0:0" Архивирано на 9 јули 2014 г.. 12 October 2012. Посетено на 24 May 2013.
  4. „List of Match Officials at 2018 FIFA World Cup“ (PDF). fifa.com. 29 March 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-03-30.