Виктор Јохан Антон Класон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Краснодар и на шведската репрезентација.

Виктор Класон
Лични податоци
Полно име Виктор Јохан Антон Класон[1]
Роден на 2 јануари 1992(1992-01-02)(32 г.)
Роден во Вернамо, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Копенхаген Копенхаген
Број 7
Младинска кариера
ИФК Вернамо ИФК Вернамо
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 ИФК Вернамо ИФК Вернамо 70 (29)
2012–2017 Елфсборг Елфсборг 134 (32)
2017–2022 Краснодар Краснодар 114 (32)
2022– Копенхаген Копенхаген 20 (7)
Репрезентација
2008 Шведска Шведска 17 2 (0)
2009-2010 Шведска Шведска 19 9 (3)
2011-2015 Шведска Шведска 21 20 (1)
2012- Шведска Шведска 69 (13)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Клупска кариера уреди

Роден и израснат во Вернамо, својата кариера ја започнал во екипата на ИФК Вернамо, за која дебитирал како професионалец во третата шведска лига во 2009 година. Под водството на тренерот Јонас Терн, клубот изборил промоција во Суперетан - втората лига на земјата - благодарение на својте млади и талентирани играчи како Симон Терн, Лалавеле Атакора и Класон. Следната година Класон постигнал 13 гола на 29 натпревари во втората лига, и покрај тоа, што тимот бил принуден да победува во баражот за да остане во лигата.

 
Класон во дресот на Елфсборг.

По одличната сезона во Суперетан со ИФК Вернамо, Класон потпишал четиригодишен договор со многу попознатиот шведски прволигашки клуб Елфсборг.[2] Дебитирал во Алсвенскан на 31 март 2012, во победата на домашен терен со 2-1 над Јургорден, а својот прв погодок во дресот на Елфсборг го забележал на 12 април 2012 во победата со 2-0 над Норчепинг. Веќе во првата сезона со клубот, тој го освоил шведското првенство придонесувајќи за титулата со 27 настапи и 5 голови. Во мај 2014, тој играл од почетокот на натпреварот во победата со 1-0 над Хелсингборг во финалето на Купот на Шведска, освојувајќи ја својата втора титула со Елфсборг.

На 25 јануари 2017 година, Класон потпишал три ипол годишен договор со руската екипа Краснодар.[3] Дебитирал на 16 февруара 2017 година против турскиот Фенербахче во Лига Европа; во четвртата минута од истиот натпревар го постигнал првиот гол за новиот клуб уште при првиот допир со топката, а УЕФА потоа го избрала за најдобар играч на натпреварот.[4]

На 5 март 2022 година, тој го раскинал договорот со Краснодар по конфликтот меѓу Русија и Украина.[5] На 31 март, тој потпишал за данскиот ФК Копенхаген.[6]

Репрезентативна кариера уреди

Класон ја претставувал Шведска во неколку младински репрезентации: под 17 години, под 19 години и под 21 година.

Дебитирал за сениорската репрезентација на Шведска на 18 јануари 2012, во пријателски натпревар против Бахреин,[7] а својот прв гол го постигнал само пет дена подоцна во победата со 5-0 против Катар во својот втор натпревар за шведската репрезентација.

Во мај 2018 годинa, бил избран во составот на Шведска за Светското првенство 2018 во Русија,[8] каде ги одиграл сите натпревари за својата земја, а Шведска дошла до четвртфиналето каде била елиминирана од Англија. Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство 2020, каде исто така ги одиграл сите натпревари, заклучно со поразот од Украина во осминафиналето по продолженија со кои швеѓаните биле елиминирани. Класон постигнал еден гол на турнирот, во последниот натпревар од групната фаза против Полска погодувајќи ја мрежата на полјаците во четвртата минута од судиското продолжение со што и донел победа на својата репрезентација и воедно прво место во групата Е.

Хронологија на репрезентативни настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-1-2012 Доха Бахреин   0 – 2   Шведска Пријателска -   73'
23-1-2012 Доха Катар   0 – 5   Шведска Пријателска 1   63'
23-1-2013 Чијанг Мај Шведска   1 – 1
(4 – 1 пен.)
  Северна Кореја Пријателска -
26-1-2013 Чијанг Мај Шведска   3 – 0   Финска Пријателска -
6-1-2016 Абу Даби Шведска   1 – 1   Естонија Пријателска -   46'
10-1-2016 Абу Даби Шведска   3 – 0   Финска Пријателска -
15-11-2016 Будимпешта Унгарија   0 – 2   Шведска Пријателска -   65'
8-1-2017 Абу Даби Шведска   1 – 2   Брег на Слоновата Коска Пријателска -
12-1-2017 Абу Даби Шведска   6 – 0   Словачка Пријателска -
25-3-2017 Солна Шведска   4 – 0   Белорусија Квал. за СП 2018 -   85'
28-3-2017 Фуншал Португалија   2 – 3   Шведска Пријателска 2
9-6-2017 Солна Шведска   2 – 1   Франција Квал. за СП 2018 -   77'
13-6-2017 Осло Норвешка   1 – 1   Шведска Пријателска -  
31-8-2017 Софија Бугарија   3 – 2   Шведска Квал. за СП 2018 -   82'
3-9-2017 Борисов Белорусија   0 – 4   Шведска Квал. за СП 2018 -   67'
7-10-2017 Солна Шведска   8 – 0   Луксембург Квал. за СП 2018 -
10-10-2017 Амстердам Холандија   2 – 0   Шведска Квал. за СП 2018 -   68'
10-11-2017 Солна Шведска   1 – 0   Италија Квал. за СП 2018 -
13-11-2017 Милано Италија   0 – 0   Шведска Квал. за СП 2018 -   71'
24-3-2018 Солна Шведска   1 – 2   Чиле Пријателска -
27-3-2018 Крајова Романија   1 – 0   Шведска Пријателска -   83'
9-6-2018 Гетеборг Шведска   0 – 0   Перу Пријателска -
18-6-2018 Нижни Новгород Шведска   1 – 0   Јужна Кореја СП 2018 - Прва фаза -   61'
23-6-2018 Сочи Германија   2 – 1   Шведска СП 2018 - Прва фаза -   74'
27-6-2018 Екатеринбург Мексико   0 – 3   Шведска СП 2018 - Прва фаза -
3-7-2018 Санкт Петербург Шведска   1 – 0   Швајцарија СП 2018 - Осминафинале -
7-7-2018 Самара Шведска   0 – 2   Англија СП 2018 - Четвртфинале -
6-9-2018 Прага Австрија   2 – 0   Шведска Пријателска -   67'
10-9-2018 Солна Шведска   2 – 3   Турција УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
11-10-2018 Калининград Русија   0 – 0   Шведска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Солна Шведска   1 – 1   Словачка Пријателска -   66'
17-11-2018 Ескишехир Турција   0 – 1   Шведска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   90'
20-11-2018 Солна Шведска   2 – 0   Русија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   80'
23-3-2019 Солна Шведска   2 – 1   Романија Квал. за Евро 2020 1
26-3-2019 Осло Норвешка   3 – 3   Шведска Квал. за Евро 2020 1
7-6-2019 Солна Шведска   3 – 0   Малта Квал. за Евро 2020 1
10-6-2019 Мадрид Шпанија   3 – 0   Шведска Квал. за Евро 2020 -   27'
8-10-2020 Москва Русија   1 – 2   Шведска Пријателска -   77'
11-10-2020 Загреб Хрватска   2 – 1   Шведска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   65'
14-10-2020 Лисабон Португалија   3 – 0   Шведска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
14-11-2020 Солна Шведска   2 – 1   Хрватска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   74'
17-11-2020 Сен Дени Франција   4 – 2   Шведска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1   66'
25-3-2021 Солна Шведска   1 – 0   Грузија Квал. за СП 2022 1   74'
28-3-2021 Приштина Косово   0 – 3   Шведска Квал. за СП 2022 -   83'
29-5-2021 Солна Шведска   2 – 0   Финска Пријателска -   77'
5-6-2021 Солна Шведска   3 – 1   Ерменија Пријателска -   46'   79'
14-6-2021 Севиља Шпанија   0 – 0   Шведска Евро 2020 - Прва фаза -   69'
18-6-2021 Санкт Петербург Шведска   1 – 0   Словачка Евро 2020 - Прва фаза -   64'
23-6-2021 Санкт Петербург Шведска   3 – 2   Полска Евро 2020 - Прва фаза 1   78'
29-6-2021 Глазгов Шведска   1 – 2 прод.   Украина Евро 2020 - Осминафинале -   97'
Вкупно Настапи 50 Голови 10

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Репрезентативна статистика уреди

Репрезентација Год. Настапи Голови
Шведска
2012 2 1
2013 2 0
2016 3 0
2017 12 2
2018 14 1
2019 4 3
2020 5 1
2021 8 2
Вкупно 50 10

Титули уреди

Клупски уреди

  Елфсборг уреди

2012
2013-2014

Наводи уреди

  1. „2018 FIFA World Cup Russia – List of Players“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 4 June 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-02. Посетено на 4 June 2018.
  2. „Viktor Claesson är klar för Elfsborg“. bt.se. 29. 7. 2011. Архивирано од изворникот на 15. 08. 2011. Посетено на 15. 8. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  3. „Краснодар укрепил рядыВиктором Клаэссоном“. fckrasnodar.ru. FC Krasnodar. 25. 1. 2017. Посетено на 25. 1. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Krasnodar-Fenerbahce game report“. UEFA. 16. 2. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „«Краснодар» расторг контракт с Виктором Классоном“ (руски). Посетено на 2022-03-05.
  6. „Viktor Claesson bliver FCK-spiller resten af sæsonen“ (дански). Посетено на 2022-06-03.
  7. „Бахреин VS. Шведска 0:2“ (англиски). soccerway.com. 18. 1. 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  8. „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists - Goal.com“.

Надворешни врски уреди