Фабијан Лукас Шер (роден на 20 декември 1991) — швајцарски фудбалер, играч од одбраната на Њукасл Јунајтед и на швајцарската репрезентација.

Фабијан Шер
Лични податоци
Роден на 20 декември 1991(1991-12-20)(32 г.)
Роден во Вил, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
Број 5
Младинска кариера
Вил Вил
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2012 Вил Вил 52 (9)
2012-2015 Базел Базел 73 (9)
2015-2017 Хофенхајм Хофенхајм 30 (1)
2017-2018 Депортиво Депортиво 25 (2)
2018- Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 40 (6)
Репрезентација
2010-2011 Швајцарија Швајцарија 20 3 (0)
2012 Швајцарија Швајцарија 21 5 (1)
2013- Швајцарија Швајцарија 42 (7)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Шер ја започнал својата играчка кариера во екипата на Вил. Тој ги минал сите младинските категории и за брзо време станал редовен стартер во резервниот тим на Вил. Своето деби за првиот тим го направил лига на 29 ноември 2009 година во првенствен натпревар против екипата на Стад Нион, влегувајќи како доцна замена. Тој го постигнал својот прв погодок во Челенџ лигата во гостинската победа над Ивердон на 30 октомври 2010 година.

Базел

уреди

На 4 јули 2012 година, Шер направил трансфер во Базел.[1] Тој потпишал тригодишен договор со опција за продолжување за уште една година.[2] Шер го направил своето деби во Швајцарската Супер лига на 29 септември 2012 во ремито 1-1 на гостувањето кај Лозана.[3] Првиот гол за својот нов клуб го постигнал на Сент Јакоб Парк во домашната победа со 3-2 над Сервет. Голот го постигнал со глава по изведениот корнер од страна на Фабијан Фрај за моментален резултат 1-1.[4] Во вториот дел од сезоната Шер бил стандарден првотимец на позицијата централен одбранбен играч и формирал одлично партнерство со Австриецот Александар Драговиќ. На крајот од сезоната 2012-13, Шер ја освоил првенствената титула[5] и бил финалист во Купот на Швајцарија со Базел.[6] Истата сезона Базел стигнал до полуфиналето на Лига Европа, каде биле елиминирани од подоцнежниот шампион екипата на Челзи, со вкупен резултат 2-5.[7]

Сезоната 2013-14, Шер ја освоил својата втора шампионска титула со Базел.[8] Тој го постигнал својот прв гол во сезоната во рамките на второто коло од Супер лигата во дербито против Грасхопер на 21 јули 2013, што завршило 1-1. Веќе следната недела Шер одново бил стрелец во победата над Лозана со 2-0 на Сент Јакоб Парк. Својот трет и четврт првенствен гол ги постигнал во натпреварите против Луцерн на домашен терен; ремито 1-1 на 14 декември 2013 и победата со 3-1 на 7 мај 2014. Сезоната ја завршил со 22 настапи во Супер лигата, еден во Купот на Швајцарија, 10 во Лигата на шампионите и 2 во Лига Европа.

Својата трета сезона во клубот, Шер ја започнал со победа над Луцерн од 3-0 во првото коло од Швајцарската Супер лига. Во второто коло од првенството, го постигнал својот прв гол во сезоната во 88-мата минута на гостувањето кај Тун и тој се покажал победнички за Базел при успехот со 3-2.

Хофенхајм

уреди

На 4 јуни 2015,потпишал четиригодишен договор со Хофенхајм.[9] Својата прва сезона во Бундеслигата ја завршил со 24 настапи и еден постигнат гол во лигата и еден настап во купот.

Репрезентативна кариера

уреди

Шер дебитирал за сениорската репрезентација на Швајцарија на 14 август 2013, при победата со 1-0 над Бразил во пријателски натпревар игран во Базел; тој се појавил во игра како замена на полувремето.

Бил повикан во 23-цата играчи за Светското првенство 2014.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Швајцарија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-08-2013 Базел Швајцарија   1 – 0   Бразил Пријателска -   46'
06-09-2013 Берн Швајцарија   4 – 4   Исланд Квал. за СП 2014 1
10-09-2013 Осло Норвешка   0 – 2   Швајцарија Квал. за СП 2014 2
11-10-2013 Тирана Албанија   1 – 2   Швајцарија Пријателска -   80'
15-11-2013 Сеул Јужна Кореја   2 – 1   Швајцарија Пријателска -   46'
03-06-2014 Луцерн Швајцарија   2 – 0   Перу Пријателска -
25-06-2014 Манаус Хондурас   0 – 3   Швајцарија СП 2014 - Прва фаза -
01-07-2014 Саун Пауло Аргентина   1 – 0 прод.   Швајцарија СП 2014 - Осминафинале -
15-11-2014 Сенкт Гален Швајцарија   4 – 0   Литванија Квал. за Евро 2016 1
Вкупно Настапи 9 Голови 4

Титули

уреди

  Базел

уреди

Наводи

уреди
  1. „Olympia-Teilnehmer Schär zum FCB“. Schweizerischer Fussballverband (германски). 4 July 2012. Посетено на 4 July 2012.
  2. „Der FCB verpflichtet Innenverteidiger Fabian Schär vom FC Wil 1900“ (германски). FC Basel 1893. 4 July 2012. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 6 November 2013.
  3. Weber, Dominik (29 September 2012). „FCB kommt bei Lausanne-Sport nicht über ein 1:1-Remis hinaus“ (германски). FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 6 November 2013.
  4. Meister, Remo (7 October 2012). „Der FCB holt gegen Servette den fünften Liga-Sieg, Tor-Premiere für Schär“ (германски). FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 6 November 2013.
  5. Schifferle, Michael (10 June 2013). „Season review: Switzerland“. UEFA. Посетено на 6 November 2013.
  6. „Telegramm Schweizer Cup Fina“ (германски). Schweizerischer Fussballverband. 20 May 2013. Посетено на 6 November 2013.
  7. Haylett, Trevor (3 May 2013). „Basel take heart after Chelsea defeat“. UEFA. Посетено на 6 November 2013.
  8. Grossenbacher, Sacha (2014). „Fotos vom Spiel gegen Lausanne sowie den anschliessenden Feierlichkeiten“ (германски). FC Basel 1893. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2014-05-18.
  9. „Fabian Schär kommt vom FC Basel zur TSG“. TSG 1899 Hoffenheim. Посетено на 4 June 2015.

Надворешни врски

уреди