Рахим Стерлинг
Рахим Шакил Стерлинг (англиски: Raheem Shaquille Sterling; 8 декември 1994) — англиски фудбалер, крило на Манчестер Сити и на англиската репрезентација.
Рахим Стерлинг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Рахим Шакил Стерлинг[1] | ||
Роден на | 8 декември 1994[2] | ||
Роден во | Кингстон, Јамајка | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м[3] | 1,72||
Позиција | напаѓач, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челси | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
2003–2010 | КПР | ||
2010–2012 | Ливерпул | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012–2015 | Ливерпул | 95 | (18) |
2015–2022 | Манчестер Сити | 115 | (40) |
2022– | Челси | 5 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2009–2010 | Англија 16 | 7 | (1) |
2010–2011 | Англија 17 | 13 | (3) |
2012 | Англија 19 | 1 | (0) |
2012–2013 | Англија 21 | 8 | (3) |
2012– | Англија | 49 | (8) |
* Ажурирано на: 20 април 2019 ** Ажурирано на: 20 април 2019 |
Роден во Јамајка, Стерлинг се преселил во Лондон на возраст од пет години и ја започнал својата фудбалска кариера во Квинс Парк Ренџерс пред да му се приклучи на Ливерпул во 2010 година. Во јули 2015 година, по подолг спор околу новиот договор, тој потпишал за Манчестер Сити во трансфер со потенцијална вредност од 49 милиони фунти, што е највисока сума некогаш платена за трансфер на англиски фудбалер.
Стерлинг го направил своето деби за сениорската репрезентација во ноември 2012, откако претходно играл и за неколку англиски младински селекции како репрезентациите под 16 години, под 17 години, под 19 години и под 21 година. Тој исто така ја претставувал Англија на две Светски првенства во 2014 и 2018 и Европското првенство во 2016 година.
Животопис
уредиСтерлинг е роден во областа Маверли во Кингстон, Јамајка и ги поминал неговите рани години таму.[4][5] На возраст од пет години, тој емигрирал во Лондон со неговата мајка,[6][7] и присуствувал и учел во Училиштето Копланд во Вембли, северозападен од Лондон.[8] Неговиот татко бил убиен во Јамајка кога Стерлинг имал само девет години.[9][10]
Технички одлики
уредиДесно крило, кое може ако е потребно да игра и на другата страна од теренот, како офанзивен играч од средниот ред, или втор напаѓач, иако најудобно се чувствува на позицијата десно крило.[11][12][13] Стерлинг е често пофален за неговата прилагодливост и способност да игра странично, и централно на врвот на дијамантот во средниот ред, нудејќи флексибилност.[14] Тој е екстремно брз играч и често знае да се извлече на левата страна а потоа да влезе во средината за да се обиде да ја заврши акцијата со погодок или асистенција. Покрај тоа тој е познат по неговото темпо, низок центар на гравитација, и дриблинг.[15] Тој исто така бил спореден со Алексис Санчес од неговиот поранешен менаџер од Ливерпул, Брендан Роџерс.[16]
Клупска кариера
уредиЛиверпул
уреди2010-2012; Рани години и деби за првиот тим
уредиСтерлинг бил доведен во академијата на Ливерпул од Квинс Парк Ренџерс во февруари 2010 година од страна на менаџерот Рафаел Бенитес за надомест од 600,000 фунти, со можност за зголемување до 5 милиони фунти во зависност од тоа колку настапи ќе оствари за првиот тим.[17][18]
Стерлинг во почетокот играл за младинскиот тим, а својот прв гол го постигнал во пријателски натпревар против Хиберниан што завршил 2-2. Неговиот прв натпревар во Премиер Академи лигата бил ремито 2-2 против Астон Вила, а својата прва победа ја доживеал на домашен терен против Бристол Сити една недела подоцна. На 15 декември, Стерлинг играл во младинскиот ФА куп во победата со 4-0 над Нотс Каунти. На 14 февруари 2011 година, Стерлинг постигнал пет голови во победа од 9-0 над Саутенд Јунајтед.[19]
На 24 март 2012, Стерлинг го направил своето сениорско деби за Ливерпул влегувајќи како замена за Дирк Кајт во 85-тата минута од првенствениот натпревар против Виган Атлетик (1-2), на возраст од само 17 години и 107 дена, со што станал третиот најмлад играч кој играл за клубот.[20] Тој имал уште два настапи во до крајот на сезоната, повторно како замена.[21][22]
2012-2013; Дебитантска сезона
уредиЗа сезоната 2012-2013 Стерлинг и официјално бил промовиран во првиот тим на Ливерпул со број на дрес 31. Во август 2012 година, тој го направил своето деби во европските натпреварувања за клубот, влегувајќи како замена на местото на Џо Кол во квалификациските за УЕФА Лигата на Европа против белорускиот Гомељ во победата на гости со 0-1.[23] На 23 август 2012, го имал својот прв старт во почетните единаесет на Ливерпул во победата со 0-1 на гостувањето кај Хартс во уште еден натпревар од квалификациите за Лига Европа.[24] Три дена подоцна го направил својот прв старт во лигата во ремито 2–2 на Енфилд против Манчестер Сити.[25] Тој ги одиграл комплетните 90 минути во поразот од Арсенал на 2 септември, и во ремито против Сандерленд на 15 септември, каде што забележал една асистенција и бил избран за играч на натпреварот. На 20 октомври, Стерлинг го постигнал својот прв гол за Ливерпул, во 29-тата минута во победата со 1-0 против Рединг со удар од работ на шеснаесетникот. Како резултат на тоа, тој станал вториот најмлад играч кој постигнал гол во официјален натпревар за Ливерпул, останувајќи само зад Мајкл Овен.[26]
На 21 декември 2012 година, Стерлинг потпиша продолжување на договорот со Ливерпул.[27] Својот втор лигашки гол за клубот го постигнал на 2 јануари 2013 година, отворајќи го резултатот во победата со 3-0 против Сандерленд лобувајќи го голманот Симон Мињоле.[28] Својата прва целосна професионална сезона ја завршил со вкупно 36 настапи (24 во Премиер лигата, 2 во куповите и 10 во Лига Европа) и 2 гола.
2013-2015; Вицешампион на Англија и добитник на наградата Golden Boy
уредиНа 27 август 2013, Стерлинг го постигнал својот прв гол за сезоната 2013-2014 во победата со 4-2 над Нотс Каунти во Лига купот.[29] На 4 декември, Стерлинг го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата во победата со 5-1 над Норич Сити. Неговата добра форма во декември продолжила откако тој постигнал уште два гола во победите над Тотенхем (5-0) и Кардиф Сити (3-1).[30][31] На 8 февруари 2014, тој постигнал два гола во победата со 5–1 над Арсенал на Енфилд,[32] а на 13 април, го постигнал првиот гол за Ливерпул во победата со 3–2 над Манчестер Сити.[33] Една недела подоцна, Стерлинг постигнал два гола и асистирал за уште еден во победата со 2–3 на гостувањето кај Норич Сити на Кароу Роуд.[34] Добрата сезона Стерлинг ја затворил со вкупно 38 настапи и 10 гола во сите натпреварувања; 9 од неговите голови биле во Премиер лигата а на нив додал и 7 асистенции што го прави огромен неговиот придонес во освојувањето на вицешампионското место. По завршувањето на сезоната тој бил избран за Млад играч на годината на Ливерпул.[35]
На 17 август 2014 година, Стерлинг го постигнал првиот гол за Ливерпул во сезоната 2014-2015, помагајќи им на црвените да дојдат до победата во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата над Саутхемптон со 2-1 на Енфилд.[36] На 31 август, Стерлинг го постигнал првиот гол во гостинската првенствена победа со 0–3 над Тотенхем на Вајт Харт Лејн и бил избран за играч на натпреварот.[37] Тој исто така бил избран за играч на месецот август на Ливерпул.[38]
На 16 септември, Стерлинг го направил своето деби во УЕФА Лигата на шампионите во победата со 2–1 над бугарскиот шампион Лудогорец Разград на Енфилд.[39] На 14 декември 2014, го забележал својот 100-ти настап за Ливерпул во дербито против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во кое неговиот тим бил поразен со 3-0.[40] На 17 декември, Стерлинг постигнал два гола во победата со 1–3 над Борнмут на Дин Корт во четвртфиналето од Лига купот.[41]
На 20 декември, Стерлинг бил избран за добитник на наградата Златно момче за 2014 година. "Се работи за напорна работа. Многу сум среќен што луѓето препознаваат дека напорно се трудам и работам да дадам се од себе за овој фудбалски клуб. Навистина сум благодарен што сум добитник на оваа награда" изјавил тој по добивањето на наградата.[42][43] На почетокот на јануари 2015, менаџерот Брендан Роџерс му дал одмор на Стерлинг со цел да спречи играчот да се исцрпи, а овој го искористил тоа време да замине на одмор во својата родна Јамајка.[44]
На 20 јануари 2015, Стерлинг постигнал убав соло гол против Челси во првиот полуфинален натпревар од Лига купот одигран на Енфилд кој завршил нерешено 1–1; тој ги минал Немања Матиќ и Гари Кејхил пред да го совлада Тибо Куртоа.[14] На 31 јануари, Стерлинг го постигнал првиот гол во победата со 2–0 над Вест Хем Јунајтед.[45] Добрата негова серија продолжила и на 4 февруари, кога тој го постигнал изедначувачкиот погодок во победата со 1-2 на гостувањето кај Болтон Вондерерс на Стадионот Макрон[46] и на 22 февруари, кога тој го постигнал вториот гол за Ливерпул во победата со 0–2 над Саутхемптон.[47]
Во февруари 2015, Ливерпул му понудил нов договор на Стерлинг со кој според некој шпекулации би требало да заработува околу 100.000 фунти неделно, меѓутоа тој одбил да потпише одложувајќи ја процедурата за летото.[48] На 1 април, самиот Стерлинг потврдил во едно интервју за БиБиСи, дека одбил да потпише нов договор со клубот, но негирал дека тоа било заради пари.[49] Во меѓувреме тој го постигнал својот последен гол за сезоната на 13 април во победата со 2-0 над Њукасл Јунајтед.[50] Тој бил прогласен за Млад играч на сезоната на клубот на 19 мај, за втора година по ред, а кога ја добил наградата бил исвиркан од навивачите поради неговото одбивање за потпишување на нов договор;[51] тој, исто така, заработил свирежи од трибините и на 7 јуни, додека играл за Англија во Даблин.[52]
На 11 јуни, Ливерпул, наводно, ја одбил првичната понуда од 30 милиони фунти за Стерлинг од Манчестер Сити. Една недела подоцна, тие, наводно, ја отфрлиле и втората понуда од Сити вредна 40 милиони фунти, додека Ливерпул го проценувал својот крилен напаѓач на 50 милиони фунти.[53] Стерлинг, наводно, подоцна побарал да биде изоставен од пресезонската турнеја на Ливерпул во Азија и пропуштил дводневен тренинг поради болест, што било пропратено со критики од поранешните играчи на Ливерпул, како Стивен Џерард, Џејми Карагер и Греам Сунес.[54][55]
Манчестер Сити
уреди2015-2016; Освојување на Лига купот и полуфинале во Лигата на шампионите
уредиНа 12 јули 2015 година, бил договорен трансферот на Стерлинг од Ливерпул во Манчестер Сити за почетна сума од 44 милиони фунти, со можност за уште дополинителни 5 милиони фунти, што би го направиле него еден од најскапите трансфери на сите времиња.[56][57] На 14 јули, Стерлинг официјално станал играч на Манчестер Сити, откако потпишал петгодишен договор со клубот..[58] Своето деби го направил на 10 август, започнувајќи во почетната единаесеторка на Сити на гостувањето кај Вест Бромвич Албион во првиот официјален натпревар на клубот за сезоната, во кој Стерлинг и неговите колеги победиле со 0-3.[59] Деветнаесет дена подоцна, Стерлинг го постигнал својот прв погодок во дресот на Манчестер Сити во победата со 2–0 над Вотфорд на Етихад.[60] На 17 октомври, Стерлинг го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5-1 над Борнмут.[61]
На 3 ноември, Стерлинг го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 1-3 над Севиља во Шпанија.[62] На 8 декември, тој постигнал два гола во последните десет минути во последниот натпревар на клубот од групната фаза против Борусија Менхенгладбах, помагајќи му на Сити да го анулира дефицитот од 1-2 и да стигне до победа од 4-2 со која го прескокнале Јувентус и избиле на првото место во конечниот поредок на групата.[63] На 28 февруари 2016, Стерлинг ги одиграл сите 120 минути во победата на пенали над неговиот поранешен клуб Ливерпул во финалето на Лига купот;[64] тоа бил неговиот прв освоен трофеј во кариерата. На 20 март 2016 година, тој претрпел повредa на препоните при поразот со 1-0 од градскиот соперник Манчестер Јунајтед, при што бил надвор акција 8 недели.[65] По враќањето на терен, Стерлинг го загубил своето место во почетната постава.[66] Во двата натпревари против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите Стерлинг играл влегувајќи како резерва во второто полувреме, меѓутоа без значаен придонес додека Сити бил елиминиран со вкупен резултат 1-0. Својата прва сезона во новиот клуб Стерлинг ја завршил со вкупно 47 одиграни натпревари и 11 постигнати гола, меѓутоа во англиските медиуми главно преовладувало мислењето дека не ги оправдал вложените средства во него.
2016-2018; Освојување на Премиер лигата и уште еден Лига куп
уредиПо доаѓањето на Пеп Гвардиола, Стерлинг редовно играл за Манчестер Сити во првите натпревари од сезоната 2016-2017.[67] Тој бил прогалсен за Играч на месецот во Премиер лигата за месец август 2016 година, откако постигнал два гола и забележал една асистенција во три натпревари.[68] На 21 февруари 2017, Стерлинг постигнал гол и му асистирал на Серхио Агуеро при победата од 5-3 против Монако во Лигата на шампионите.[69]
На 26 август 2017, Стерлинг го постигнал победнички погодок во гостинската победа со 2-1 против екипата на Борнмут. Сепак, веднаш потоа тој бил исклучен од натпреварот откако судијата Мајк Дин му покажал втор жолт поради тоа што славел со гостинските навивачи кој влетале на теренот.[70] На 20 септември 2017, Стерлинг го одиграл својот 100-ти натпревар во дресот на Сити во победата со 2-1 на гости против Вест Бромвич Албион во третата рунда на Лига купот. На 29 ноември 2017, Стерлинг постигнал уште еден победнички гол во судиското продолжение, овојпат во 96-тата минута во победата со 2–1 на домашен терен против Саутхемптон.[71] На 25 февруари 2018, Манчестер Сити го освоил петтиот трофеј во Лига купот во клупската историја победувајќи го Арсенал во финалето со 3-0, но Стерлинг не играл во тој натпревар поради повреда на тетивата која го оддалечила од теренот речиси еден месец. Сезоната ја завршил со 18 првенствени голови што претставува негов личен рекорд во кариерата, а својот последен првенствен гол за сезоната го постигнал во победата со 5–0 над Свонзи Сити на 22 април 2018.[72] На крајот од сезоната 2017-2018, Манчестер Сити ја освоил титулата во Премиер лигата, прва лична во кариерата на Стерлинг, кој пак бил втор стрелец на клубот (со 18 постигнати гола) со 3 гола помалку од најдобриот стрелец на граѓаните аргентинецот Серхио Агуеро кој постигнал 21.
2018-2019;
уредиНа 12 август 2018, Стерлинг го постигнал првиот гол за Манчестер Сити во победата со 2-0 над Арсенал;[73] тоа бил неговиот 50-ти гол во Премиер лигата.[74]
Челси
уредиНа 13 јули 2022, Стерлинг потпишал петгодишен договор со Челси, кој го довел од Сити за сума од 47.5 милиони фунти.[75] Дебитирал за сините на 6 август во победата со 1–0 на гостувањето кај Евертон во првото коло од Премиер лигата 2022-2023.[76] На 27 август, Стерлинг ги постигнал своите први голови за клубот, и двата, во првенствената победа со 2-1 над Лестер Сити.[77]
Репрезентативна кариера
уредиМладински репрезентации
уредиСтерлинг бил избран да игра за англиската репрезентација на Светското првенство за играчи под 17 години 2011 во Мексико.[78] Тој постигнал гол со удар од голема далечина во победата на Англија со 2-0 против Руанда во Пачука во првиот натпревар на Гордиот Албион на турнирот. Тој, исто така, постигнал гол и против Аргентина во осминафиналето каде Англија победила со 4-2 по изведување на пенали (натпреварот завршил 1-1 по 120 минути игра).[79] Англија го завршила учествотото на овој турнир во четвртфиналето после поразот од Германија со 3-2 во Морелија.
Во октомври 2012, за првпат бил повикан во англиската репрезентација под 21 година и дебитирал влегувајќи како замена во натпреварот против Србија на 16 октомври.[80][81] Својот прв гол за У21 репрезентацијата го постигнал на 13 август 2013, во победата со 6-0 над Шкотска.[82]
Сениорска репрезентација
уредиСтерлинг го направил своето деби за Англија на 14 ноември 2012, започнувајќи како стартер во пријателски натпревар против Шведска.[83] На 5 март 2014 година, Стерлинг го забележал својот втор настап и бил прогласен за играч на натпреварот во победата на Англија над Данска со 1-0 во пријателски натпревар одигран на Вембли.[84][85]
На 12 мај 2014, Стерлинг бил избран во 23-члениот состав на Англија за Светското првенство 2014 во Бразил.[86] Во подготвителен пријателски натпревар за самиот турнир одигран на 4 јуни, против Еквадор во Мајами, Стерлинг го фаулирал Антонио Валенсија со лизгачки старт, а тој пак реагирал со фаќање на Стерлинг за неговиот врат; како проследица на тоа и двајцата играчи добиле црвени картони за нивните постапки.[87] Валенсија подоцна се извинил за неговата реакција.[88][89] На 14 јуни, Стерлинг го започнал во почетните единаесет на Англија првиот натпревар на репрезентацијата на турниор, во кој тие загубиле со 2-1 од Италија во Манаус и бил оценет како најдобар играч на англискиот тим од Би-Би-Си.[90]
На 27 март 2015 година, Стерлинг го постигнал својот прв погодок за Англија во квалификациите за Европското првенство 2016 против Литванија во победата со 4-0 на Вембли.[91] На 9 октомври 2015 година, Стерлинг го постигнал својот втор гол во квалификациската кампања во победата со 2-0 против Естонија.[92] Во мај 2016, тој бил избран во тимот за Европското првенство 2016 во Франција,[93]
Две години подоцна, тој бил избран помеѓу 23-те играчи на Англија за Светското првенство 2018.[94] Тој ги одиграл сите натпревари (освен третиот во групната фаза кога Англија веќе била пласирана понатаму) на Англија на турнириот, играјќи како втор напаѓач во тандем со Хари Кејн.
Na 15 октомври 2018, Стерлинг постигнал два гола во победата со 3-2 над Шпанија во Севиља во УЕФА Лигата на нации.[95]
На 22 март 2019, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата за англиската репрезентација во победата со 5–0 над Чешка на Вембли во квалификациите за Европското првенство 2020.[96]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСпонзорство
уредиВо 2012 година, Стерлинг го потпишал спонзорски договор за Најк. Тој се појавил во реклама за новите Nike Green Speed II заедно со Марио Геце, Тио Волкот, Еден Азар, Кристијан Ериксен и Стефан Ел Шарави во ноември 2012 година.[97][98] Во јануари 2013 година, тој бил модел за новите Nike Mercurial Vapor IX.[99]
Статистика на кариерата
уредиКлупска статистика
уредиСезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Ливерпул | ПЛ | 3 | 0 | ФАКуп+ЛК | 0+0 | 0 | ЛЕ | 0 | 0 | - | - | - | 3 | 0 |
2012-2013 | ПЛ | 24 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | ЛЕ | 10[100] | 0 | - | - | - | 36 | 2 | |
2013-2014 | ПЛ | 33 | 9 | ФАКуп+ЛК | 3+2 | 0+1 | - | - | - | - | - | - | 38 | 10 | |
2014-2015 | ПЛ | 35 | 7 | ФАКуп+ЛК | 5+4 | 1+3 | ЛШ+ЛЕ | 6+2 | 0 | - | - | - | 52 | 11 | |
Вкупно Ливерпул | 95 | 18 | 16 | 5 | 18 | 0 | - | - | 129 | 23 | |||||
2015-2016 | Манчестер Сити | ПЛ | 31 | 6 | ФАКуп+ЛК | 2+4 | 1+1 | ЛШ | 10 | 3 | - | - | - | 47 | 11 |
2016-2017 | ПЛ | 33 | 7 | ФАКуп+ЛК | 5+1 | 1+0 | ЛШ | 8[101] | 2[102] | - | - | - | 47 | 10 | |
2017-2018 | ПЛ | 33 | 18 | ФАКуп+ЛК | 2+3 | 1+0 | ЛШ | 8 | 4 | - | - | - | 46 | 23 | |
2018-2019 | ПЛ | 30 | 17 | ФАКуп+ЛК | 3+3 | 1+0 | ЛШ | 9 | 5 | КШ | 0 | 0 | 45 | 23 | |
Вкупно Манчестер Сити | 127 | 48 | 23 | 5 | 35 | 14 | 0 | 0 | 185 | 67 | |||||
Вкупно во кариерата | 222 | 66 | 39 | 10 | 53 | 14 | 0 | 0 | 314 | 90 |
Репрезентативна статистика
уредиРепрезентацијата | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Англија | 2012 | 1 | 0 |
2014 | 12 | 0 | |
До 2015 | 7 | 2 | |
2016 година | 9 | 0 | |
2017 | 6 | 0 | |
2018 | 2 | 0 | |
Вкупно | 37 | 2 |
Хет-трикови
уредиВо својата кариера Стерлинг постигнал 4 хет-трика. Три од нив биле во дресот на Манчестер Сити во натпревари од Премиер лигата, а третиот во дресот на англиската репрезентација во квалификациски натпревар за Евро 2020 против Чешка.
Хет-трикови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Титули
уредиКлупски
уреди- Премиер лига (2) : 2017-2018, 2018-2019
- ФА Куп (1) : 2018-2019
- ЕФЛ куп (4) : 2015-2016, 2017-2018, 2018-2019, 2019-2020
- ФА Комјунити Шилд (1) : 2018, 2019
Поединечни
уреди- Млад играч на годината на Ливерпул : 2013-2014,[104] 2014-2015[105]
- Златно момче : во 2014 година
- Тим на групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите : 2015[106]
- Играч на месецот во Премиер лигата : август 2016 година
- ПФА Тим на годината на Премиер лигата : 2018-2019
Наводи
уреди- ↑ „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. Посетено на 5 December 2017.
- ↑ Barry Hugman. „Raheem Sterling“. hugmansfootballers.com. Посетено на 5 декември 2017.
- ↑ „R. Sterling: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 15 мај 2018.
- ↑ Lowe, André (23 February 2011). „As Hype Grows Around Raheem Sterling“. The Gleaner. Kingston. Посетено на 22 April 2011.
- ↑ Hall, Arthur (1 July 2012). „Maverley's Son Liverpool's Baller Raheem's Return Inspires“. The Gleaner. Kingston. Посетено на 19 May 2015.
- ↑ Smith, Ben. „Raheem Sterling: From school struggles to a class of his own“. BBC Sport. Посетено на 20 August 2016.
- ↑ „Raheem Sterling, England's new wunderkind“. Channel 4. Посетено на 20 August 2016.
- ↑ „History boys: Dalglish to get teenage kicks in Prague with Liverpool starlet Sterling“. Daily Mail. London. 16 February 2011. Посетено на 22 April 2011.Предлошка:Unreliable source?
- ↑ „Raheem Sterling, England's new wunderkind“. Channel 4 News. 18 June 2014. Посетено на 14 December 2014.
- ↑ Sanderson, David (18 June 2014). „Pride and bafflement as family see Sterling mesmerise a nation“. The Times. London. Посетено на 14 December 2014.
- ↑ "Raheem Sterling is maturing into a proper striker at Liverpool, insists Brendan Rodgers". The Daily Telegraph. London. Retrieved 11 January 2015
- ↑ "Analyzing the use of Liverpool starlet Raheem Sterling as the main striker" Архивирано на 24 септември 2020 г.. World Soccer. Retrieved 11 January 2015
- ↑ "Raheem Sterling growing into elite striker, Brendan Rodgers says". ESPN FC. Retrieved 11 January 2015.
- ↑ 14,0 14,1 „Sterling not the finished article“. BBC Sport. Посетено на 21 October 2015.
- ↑ Fifield, Dominic (7 September 2014). „Raheem Sterling can be as good as Marc Overmars, says Wayne Rooney“. The Guardian. London. Посетено на March 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Raheem Sterling is maturing into a proper striker at Liverpool, insists Brendan Rodgers“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 21 October 2015.
- ↑ Johnston, Neil (16 February 2011). „On the Bench ... With Raheem Sterling, a Winger Catching the Eye at Liverpool“. FanHouse UK. AOL. Архивирано од изворникот на 20 February 2011. Посетено на 22 April 2011.
- ↑ „10 things you need to know about Raheem Sterling plus video of him in action“. Daily Mirror. London. 16 February 2011. Посетено на 22 April 2011.
- ↑ Pearson, James (15 February 2011). „Raheem sterling for Reds' youth“. Sky Sports. Посетено на 22 April 2011.
- ↑ „Liverpool 1–2 Wigan Athletic“. BBC Sport. 24 March 2012. Посетено на 24 March 2012.
- ↑ "Liverpool 0–1 Fulham". BBC Sport. 1 May 2012. Retrieved 10 June 2012.
- ↑ "Liverpool 4–1 Chelsea". BBC Sport. 8 May 2012. Retrieved 10 June 2012.
- ↑ Bascombe, Chris (2 August 2012). „Europa League: FC Gomel 0 Liverpool 1 – match report“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 2 August 2012.
- ↑ „Own goal gives Reds advantage“. ESPN Soccernet. 23 August 2012. Архивирано од изворникот на 2018-06-24. Посетено на 23 August 2012.
- ↑ "Liverpool 2–2 Man City". BBC Sport. 26 August 2012. Retrieved 26 August 2012.
- ↑ „Rodgers reveals work behind goal“. Liverpool F.C. 20 October 2012. Архивирано од изворникот на 5 September 2014. Посетено на 12 May 2014.
- ↑ „Sterling commits future to LFC“. Liverpool F.C. 21 December 2012. Архивирано од изворникот на 24 December 2012. Посетено на 22 December 2012.
- ↑ "Liverpool 3–0 Sunderland". BBC Sport. 2 January 2013. Retrieved 6 January 2013.
- ↑ „Liverpool 4–2 Notts County“. BBC Sport. 27 August 2013. Посетено на 16 September 2018.
- ↑ „Suarez makes history with Norwich haul“. Liverpool F.C. 4 December 2013. Посетено на 4 December 2013.
- ↑ Sanghera, Mandeep (21 December 2013). „Liverpool 3–1 Cardiff City“. BBC Sport. Посетено на 12 May 2014.
- ↑ McNulty, Phil (8 February 2014). „Liverpool 5–1 Arsenal“. BBC Sport. Посетено на 8 February 2014.
- ↑ „Philippe Coutinho gives Liverpool edge despite Manchester City fightback“. The Guardian. London. 13 April 2014.
- ↑ „Raheem Sterling's double gives Liverpool edge over Norwich City“. The Guardian. London. 20 April 2014. Посетено на 20 April 2014.
- ↑ „Suarez bags treble at awards dinner“. Liverpool F.C. Посетено на 21 October 2015.
- ↑ "Liverpool 2–1 Southampton". BBC Sport. 17 август 2014. Пристапено 18 август 2014.
- ↑ „BBC Sport Tottenham Hotspur 0–3 Liverpool“. BBC Sport. 31 August 2014. Посетено на 31 August 2014.
- ↑ „Revealed: August's Player of the Month“. Liverpool F.C. Посетено на 21 October 2015.
- ↑ „Raheem Sterling“. UEFA. Посетено на 21 September 2014.
- ↑ „Manchester United 3 Liverpool 0, match report: David de Gea the Old Trafford hero as rivals are swept aside“. The Daily Telegraph. London. 14 December 2014. Посетено на 14 December 2014.
- ↑ Henson, Mike (17 December 2014). „Bournemouth 1–3 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 4 April 2016.
- ↑ „Liverpool's Raheem Sterling wins Europe's Golden Boy award for 2014“. The Guardian. London. 20 December 2014. Посетено на 20 December 2014.
- ↑ „Raheem Sterling named Europe's Golden Boy after excellent year at Liverpool FC“. Liverpool Echo. 20 December 2014. Посетено на 20 December 2014.
- ↑ „Raheem Sterling misses Sunderland for Jamaica sun“. BBC Sport. 10 January 2015. Посетено на February 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Premier League: Daniel Sturridge scores on return as Liverpool prove too strong for West Ham“. Fox Sports. 1 February 2015. Посетено на 4 March 2015.
- ↑ „Bolton Wanderers 1–2 Liverpool“. BBC Sport. 4 February 2015. Посетено на 5 February 2015.
- ↑ „Southampton 0–2 Liverpool“. BBC Sport. 22 February 2015. Посетено на March 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Kelly, Andy (9 February 2015). „Rodgers: Raheem Sterling has been offered 'incredible deal' to stay at Liverpool FC“. Liverpool Echo. Посетено на 10 July 2015.
- ↑ Pirks, Natalie (1 April 2015). „Raheem Sterling: Liverpool forward turns down new deal“. BBC Sport. Посетено на April 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Liverpool 2–0 Newcastle“. BBC Sport. 13 April 2015. Посетено на 21 April 2015.
- ↑ „Raheem Sterling wins Liverpool's Young Player of Year award“. BBC Sport. 19 May 2015. Посетено на 20 May 2015.
- ↑ Bevan, Chris (7 June 2015). „England boss Roy Hodgson keeps faith with Raheem Sterling“. BBC Sport. Посетено на 8 June 2015.
- ↑ Smith, Ben (18 June 2015). „Raheem Sterling: Man City's second bid rejected by Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 10 July 2015.
- ↑ „Raheem Sterling: Steven Gerrard 'disappointed' with Liverpool man“. BBC Sport. 10 July 2015. Посетено на 10 July 2015.
- ↑ Souness, Graeme (21 May 2015). „Raheem Sterling turning his back on Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 10 July 2015.
- ↑ „Raheem Sterling: Man City sign Liverpool winger in £49m deal“. BBC Sport. 14 July 2015. Посетено на 4 April 2016.
- ↑ „Man City transfers: Blues agree £49m Raheem Sterling deal“. Manchester Evening News. Посетено на 4 April 2016.
- ↑ „Raheem Sterling: Man City sign Liverpool winger in £49m deal“. BBC Sport. 14 July 2015. Посетено на 14 July 2015.
- ↑ „West Brom 0–3 Man City“. BBC Sport. 10 August 2015. Посетено на 10 August 2015.
- ↑ „Raheem Sterling scores his first goal for Manchester City – but doesn't want to talk about it afterwards“. The Daily Telegraph. London. 29 August 2015.
- ↑ „Manchester City's Raheem Sterling hits hat-trick in rout of Bournemouth“. The Guardian. London. 17 October 2015.
- ↑ „Sevilla 1–3 Manchester City: Pellegrini's men reach last-16 after Sterling, Fernandinho and Bony goals“. Daily Mirror. London. 3 November 2015.
- ↑ „Manchester City 4–2 Borussia Mönchengladbach“. BBC Sport. 8 December 2015.
- ↑ „Liverpool 1 Man City 1 (Man City win 3-1 on penalties)"“. The Guardian. 28 феврурари 2016. Посетено на 22 април 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Raheem Sterling could miss rest of Manchester City's season – source“. ESPN FC. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ Robson, James (19 March 2016). „Manuel Pellegrini explains why Raheem Sterling has been dropped to the bench“. Manchester Evening News. Посетено на 20 May 2016.
- ↑ „Raheem's rebirth – how Pep has turned Sterling into a star again“. 9 September 2016. Посетено на 9 September 2016.
- ↑ „Sterling voted EA SPORTS Player of the Month“. Посетено на 9 September 2016.
- ↑ „Manchester City 5–3 Monaco“. BBC Sport. 21 February 2017. Посетено на 19 December 2017.
- ↑ „Raheem Sterling strikes late to earn Man City victory at Bournemouth“. ESPN FC. 26 August 2017.
- ↑ „Manchester City 2–1 Southampton“. BBC Sport. 29 November 2017. Посетено на 23 November 2018.
- ↑ Sanders, Emma. „Manchester City 5–0 Swansea City“. BBC Sport. Посетено на 13 August 2018.
- ↑ „Arsenal vs. Manchester City 0–2“. Soccerway. Посетено на 7 October 2018.
- ↑ „Sterling reaches 50 Premier League goals with Arsenal strike“. Goal.com. 12 August 2018. Посетено на 23 November 2018.
- ↑ „Raheem Sterling: Chelsea sign forward from Man City for £47.5m, with Thomas Tuchel saying he was their number one transfer priority“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2022-07-14.
- ↑ „Chelsea opened the Premier League season with victory over Everton as Jorginho's penalty decided a scrappy contest at Goodison Park“. BBC. 6 August 2022. Посетено на 6 August 2022.
- ↑ „Chelsea 2-1 Leicester: Raheem Sterling scores twice and Conor Gallagher sent off as Blues beat Foxes“. Sky Sports. 27 August 2022. Посетено на 27 August 2022.
- ↑ „Rwanda beaten by England in World U17 opener“. BBC Sport. 20 June 2011. Посетено на 21 June 2011.
- ↑ „England Under-17s to face Germany in the quarter-finals of the World Cup following victory over Argentina on penalties“. Goal.com. 1 July 2011. Посетено на 14 July 2011.
- ↑ „Liverpool winger Raheem Sterling called up to England U21 squad“. BBC Sport. Посетено на 3 October 2012.
- ↑ „Serbia U21 0–1 England U21“. BBC Sport. Посетено на 16 October 2012.
- ↑ "England Under-21s thrash Scotland 6–0 in friendly". BBC Sport. 13 август 2013. пристапено 13 август 2013.
- ↑ „Sweden 4–2 England“. BBC Sport. 15 November 2012. Посетено на 15 November 2012.
- ↑ „Hodgson impressed by England's young lions“. Special Broadcasting Service. 6 March 2014.
- ↑ „Henderson hails 'fearless' Sterling after winger's man-of-the-match performance for England“. Liverpool Echo. 6 March 2014.
- ↑ „Wilshere & Oxlade-Chamberlain in as Hodgson names youthful England 2014 World Cup squad“. Goal.com. 12 May 2014. Посетено на 12 May 2014.
- ↑ McNulty, Phil (4 June 2014). „Raheem Sterling was sent off and Alex Oxlade-Chamberlain suffered a worrying knee injury as England produced a mixed display to draw with Ecuador in their World Cup warm-up game in Miami“. BBC Sport. Посетено на 4 June 2014.
- ↑ „Antonio Valencia 'sorry' after sending off in clash with Raheem Sterling“. The Daily Telegraph. London. 5 June 2014. Посетено на 5 June 2014.
- ↑ „Valencia sorry for grabbing Sterling“. ESPN FC. 5 June 2014. Посетено на 5 June 2014.
- ↑ „England v Italy: How Roy Hodgson's men rated in Manaus“. BBC Sport. 15 June 2014. Посетено на 16 June 2014.
- ↑ McNulty, Phil (27 March 2015). „England 4–0 Lithuania“. BBC Sport. Посетено на 4 April 2016.
- ↑ McNulty, Phil (9 October 2015). „England 2–0 Estonia“. BBC Sport. Посетено на 4 April 2016.
- ↑ Fifield, Dominic (31 May 2016). „England's Euro 2016 squad: the 23 picked by Roy Hodgson“. The Guardian. Посетено на 23 September 2017.
- ↑ „England World Cup squad: Trent Alexander-Arnold in 23-man squad“. BBC Sport. 16 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
- ↑ Cole, Jackson (15 October 2018). „Raheem Sterling ends his England goal drought in superb style“. talkSPORT. Посетено на 18 October 2018.
- ↑ McNulty, Phil (22 March 2019). „England 5–0 Czech Republic“. BBC Sport. Посетено на 23 March 2019.
- ↑ „Raheem Sterling Wears the Nike GS2“. Football Boots. Посетено на 26 November 2012.
- ↑ „Nike GS2 Football Boots“. FootballBoots.co.uk. Архивирано од изворникот на 2016-05-15. Посетено на 26 November 2012.
- ↑ "Raheem Sterling models the new Nike Mercurial Vapor IX". Daily Mail. London. Retrieved 6 September 2014.Предлошка:Unreliable source?
- ↑ 3 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 1 настап во плејофот
- ↑ 0 настап во плејофот
- ↑ "R. Sterling". Soccerway. Perform Group. Retrieved 8 April 2016.
- ↑ „Suarez bags treble at awards dinner“. Liverpool F.C. 6 May 2014. Посетено на 7 May 2014.
- ↑ „Phil wins four prizes at Players' Awards“. Liverpool F.C. 19 May 2015. Архивирано од изворникот на 2019-06-23. Посетено на 19 May 2015.
- ↑ „Champions League team of the group stage“. UEFA. 15 December 2015.
Надворешни врски
уреди„Рахим Стерлинг“ на Ризницата ? |
- Профил на Стерлинг Архивирано на 20 декември 2016 г. на мрежното место на ФК Манчерстер Сити
- Профил на Стерлинг Архивирано на 1 февруари 2016 г. на мрежното место на англиската репрезентација
- Рахим Стерлинг на Soccerbase