Хари Мегваер (роден на 5 март 1993) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на Англиската репрезентација.

Хари Мегваер
Лични податоци
Полно име Џејкоб Хари Мегваер[1]
Роден на 5 март 1993(1993-03-05)(31 г.)[2]
Роден во Шефилд, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000000019400001,94 м[3]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 5
Младинска кариера
0000–2011 Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2014 Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед 134 (9)
2014–2017 Хал Сити Хал Сити 54 (2)
2015Виган Атлетик Виган Атлетик 16 (1)
2017–2019 Лестер Сити Лестер Сити 69 (5)
2019– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 29 (1)
Репрезентација
2012 Англија Англија 21 1 (0)
2017– Англија Англија 26 (1)
* Ажурирано на: 14 март 2020
** Ажурирано на: 14 март 2020

Мегваер е роден во Шефилд и е производ на младинската школа на Шефилд Јунајтед, преку која станал професионалец дебитирајќи за првиот тим во 2011 година. Тој одиграл вкупно 166 натпревари за блејдс, и бил нивен играч на годината трипати по ред, а исто така трипати се нашол и во ПФА-тимот на годината на Лига еден. Во 2014 година, тој преминал во Хал Сити за 2,5 милиони, со кои се натпреварувал во неколку натпревари од Премиер лигата пред да биде позајмен на Виган Атлетик во 2015 година. Откако во следните две години во Хал Сити потполно се афирмирал како играч, во летото 2017 по испаѓањето на тигрите од Премиер лигата Мегваер се преселил во Лестер Сити за 12 милиони фунти. Две години подоцна, тој се преселил во Манчестер Јунајтед за сума од 80 милиони фунти, со што станал најскапо платениот одбранбен играч.

Мегваер одиграл еден натпревар за Англиската репрезентација под 21 година во 2012. Своето деби за Сениорската репрезентација на Англија, го направил во октомври 2017 и оттогаш е редовен член. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2018.

Животопис

уреди

Неговите браќа Џо и Лоренс, се исто така фудбалери.[4]

Технички одлики

уреди

Централен дефанзивец, со импозантна големина, многу силен физички, кој се покажал како вешт и во постигнувањето на голови благодарение на одличната игра во воздухот.[5]

Клупска кариера

уреди

Шефилд Јунајтед

уреди
 
Мегваер во дресот на Шефилд Јунајтед во 2011

Мегваер е роден во Шефилд, Јужен Јоркшир.[6] Откако минал низ младинскиот систем на Шефилд Јунајтед, тој бил промовиран во првиот тим во сезоната 2010-2011, во која клубот се борел за опстанок во Чемпионшип лигата. Своето деби тој го направил влегувајќи како замена на почетокот на второто полувреме, во поразот на домашен терен од Кардиф Сити (0-2) во април 2011 година.[7] И покрај поразот на неговиот тим, неговиот дебитантски настап во второто полувреме бил толку импресивен што довел до тоа да биде избран за играч на натпреварот. Тој направил уште четири настапи до крајот на сезоната, но не можел да го спречи испаѓањето во Лига Еден.[8][9]

По испаѓањето на клубот. Мегваер го зацементирал своето место во почетната постава и го постигнал својот прв гол за Шефилд Јунајтед во победата од 2-0 над Олдам Атлетик на отворањето на сезоната 2011–2012 во Лига Еден.[10] Во октомври, тој потпишал продолжување на договорот со клубот според кое требало да се задржи на Брамал Лејн до 2015 година.[11] Неговата одлична форма продолжила помагајќи им на блејдс да стигнат до плејофот за промоција (каде загубиле во финалето од Хадерсфилд Таун на пенали). На крајот на сезона тој бил прогласен од клубот за „Играч на годината“ и „Млад играч на годината“ на Шефилд Јунајтед.[12] Списанието „Натпревар на денот“ на БиБиСи го избрало Мегваер во својата екипа на годината на Лигата Еден за сезоната 2011–2012.

Мегваер продолжил да биде прв избор во центарот на одбраната и во следната сезона, а неговата добра форма продолжила и кога за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во победата со 4-1 над Нотс Каунти на Мидоу Лејн во ЕФЛ Трофи на 17 октомври 2012 година.[13] На крајот на февруари 2013 година, Мегваер го направил својот 100-ти старт за блејдс (на возраст од само 19 години) во ремито 0-0 против Лејтон Ориент на Брамал Лејн.[14]

На 21 јуни 2014 година, било откриено дека Јунајтед му понудил на Мегваер нов подобрен договор со цел да го задржи играчот по пројавениот интерес за него од Хал Сити и Вулверхемптон Вондерерс. Претходно, Јунајтед веќе одбиле две понуди за Мегваер од Вулверхемптон кои изнесувале 1 милион и 1,5 милион фунти.[15]

Вкупно за Шефилд Јунајтед тој одиграл 166 натпревари и постигнал 12 голови.

Хал Сити

уреди

Првата сезона и заемот кај Виган Атлетик

уреди

На 29 јули 2014 година, Мегваер му се приклучил на Хал Сити во трансфер вреден 2,5 милиони фунти, потпишувајќи тригодишен договор со клубот од Премиер лигата.[16] Своето деби за тигрите го имал на 21 август во првиот натпревар од плејоф рундата на УЕФА Лига Европа, во поразот со 1-0 на гостувањето во Белгија кај Локерен.[17] Тој не играл во лигата до декември 2014. Своето деби во Премиер лигата го имал на 20 декември, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на повредениот Картис Дејвис во последните 13 минути од поразот со 0-1 на домашен терен од Свонзи Сити.[18]

Откако остварил само шест настапи во сите натпреварувања за Хал во првиот дел од сезоната, Мегваер му се приклучил на Виган Атлетик (кој тогаш се натпрварувал во Чемпионшип) на 10 февруари 2015 година со договор за едномесечен заем.[19] Една недела подоцна, тој го направил своето деби за латикс во победата со 1-0 над Рединг.[20] На 28 февруари, тој постигнал гол со глава по нафрлената топка на Џермејн Пенант во победата со 3-1 на гости кај Блекпул.[21] Откако одиграл повеќе натпревари на заемот од месец дена во Виган отколку за целиот прв дел од сезоната во Хал, престојот на Мегваер на Ди Дабалју бил продолжен до крајот на сезоната.[22] Сепак, сезоната завршила разочарувачки за Виган откако клубот испаднал од Чемпионшип, што претставувало второ лично испаѓање од овој ранг на натпреварување за Мегваер по она со Шефилд Јунајтед во неговата дебитантска сезона.

Пробивот во првиот тим

уреди
 
Мегваер по победата на Хал Сити над Шефилд Венздеј во финалето на плејофот 2016.

Интересно е тоа што додека Мегваер играл на заем во Виган, и Хал Сити испаднал од Премиер лигата во Чемпионшип, така што кога тој се вратил во Хал во летото 2015 продолжил да се натпреварува во истата лига каде ја завршил минатата сезона. Во текот на сезоната 2015-2016, Мегваер имал многу позначајна улога во Хал Сити во однос на неговата прва сезона во клубот. Иако првично бил замена на стоперските позиции за искусните Картис Дејвис и Мајкл Доусон, сепак на почетокот на ноември тој на најдобар можен начин ја искористил повредата на Дејвис и се воспоставил себеси во почетната постава како партнер на Доусон. Во февруари Мегваер повторно се вратил на клупата, откако Дејвис се опоравил и го заземал своето место во почетната постава, но во април му се укажала нова шанса откако овојпат се повредил Доусон. Вкупно тој забележал 24 настапи за тигрите во оваа сезона и му помогнал да клубот да избори нова промоција во Премиер лигата по само една година отсуство; на 28 мај 2016 Хал го победил Шефилд Венздеј со 1-0 во финалето на плејофот за промоција, а Мегваер се појавил во игра во последните минути од натпреварот на местото на стрелецот на голот Мохамед Диаме.[23]

 
Мегваер по дресот на Хал Сити во 2016.

Редовен стартер, играч на годината и капитен

уреди

Следната сезона Мегваер станал стандарден првотимец под водството на менаџерот Мајк Филан.[24] Својот прв гол за Хал Сити, Мегавер го постигнал во победата со 2-1 во Лига купот против Бристол Сити на 25 октомври 2016 година.[25] Својот прв гол во Премиер лигата пак го постигнал на 5 април 2017, во победата со 4-2 над Мидлсбро, во натпревар во кој исто така за првпат во кариерата ја носел капитенската лента на клубот.[26] Својот втор гол во лигата го постигнал десет дена подоцна во поразот со 3-1 од Стоук Сити на Британија. Иако сезоната завршила со испаѓање на тигрите од Премиер лигата, тој бил избран за играч на годината на Хал и од навивачите и од играчите.

Лестер Сити

уреди
 
Мегваер (лево) и Пол Погба (десно) во натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер Сити во август 2017.

Години на полна играчка зрелост

уреди

На 15 јуни 2017 година, Мегваер потпишал пегодишен договор со Лестер Сити во трансфер вреден 12 милиони фунти, што подоцна се искачил на 17 милиони фунти со додатоци.[27] Своето деби го имал на 11 август, во поразот со 4-3 од Арсенал на отворањето на сезоната во Премиер лигата.[28] Осум дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за лисиците, стрелајќи со глава по корнерот изведен од страна на Ријад Марез во победата со 2-0 над Брајтон и Хоув Албион на Кинг Пауер.[29] Тој ги одиграл сите минути во сезоната 2017–2018 и бил награден со признанието играч на сезоната на Лестер Сити.[30]

По одличните настапи на Светското првенство 2018 се појавиле шпекулации за трансфер на Мегваер во Манчестер Јунајтед, но менаџерот на Лестер Сити Клод Пуел изјавил на последниот ден од летниот трансферен прозорец (9 август 2018) дека Мегваер ќе остане во клубот. Тој исто така рекол дека неговото патување во Манчестер ќе биде за да игра против Јунајтед со екипата на Лестер.[31] На 30 јануари 2019, Мегавер го постигнал изедначувачкиот гол за Лестер во ремито 1-1 против Ливерпул на Енфилд. На 16 март, во победата со 2-1 на гостувањето кај Барнли тој бил исклучен после само 4 минути игра, што бил неговиот прв добиен црвен картон по пауза од цели седум години.[32]

Манчестер Јунајтед

уреди

Најскап одбранбен играч на светот

уреди

Во јули 2019, Манчестер Јунајтед понудил 70 милиони фунти за Мегавер, една година подоцна откако тие ја испратиле својата прва слична понуда.[33] Потоа тие испратиле нова подобрена понуда, која изнесувала 80 милиони фунти, која била прифатена од Лестер на 2 август. Трансферот бил комплетиран на 5 август, Мегваер потпишал шестгодишен договор со опција за уште една дополнителна година[34] и станал најскапиот одбранбен играч на светот надминувајќи го трансферот на Вирџил ван Дајк во Ливерпул кој во јануари 2018 изнесувал 75 милиони фунти.[35] Своето деби за Јунајтед го направил на 11 август во победата со 4-0 на домашен терен над Челси и бил избран за играч на натпреварот.[36] На 17 јануари 2020, тој бил назначен за нов капитен на Јунајтед од менаџерот Оле Гунар Солшер, по заминувањето на Ешли Јанг во Интер.[37] Девет дена подоцна, со својот прв погодок во дресот на Јунајтед тој го отворил резултатот во победата со 6–0 над Транмир Роверс во ФА Купот.[38] На 17 февруари тој го постигнал својот прв гол за Јунајтед во Премиер лигата во победата со 2-0 на гостувањето кај Челси.[39]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Мегваер во дресот на англиската репрезентација на Светското првенство 2018.

Мегваер бил повикан во репрезентација на Англија под 21 година за првпат во ноември 2012 година за пријателскиот натпревар против Северна Ирска.[40] Селекторот Дани Вилсон изјавил: „Тој има фантастична зрелост за својата возраст, тој презема сè во своја рака и ништо не го плаши. Не очекувам ниту овој повик, затоа што тој е таков карактер“.[41] Своето деби за репрезентацијата под 21 година Мегавер го направил влегувајќи како замена во 60-тата минута на местото на Андре Виздом во победата со 2-0 против Северна Ирска на Блумфилд Роуд.[42]

На 24 август 2017 година, селекторот на англиската сениорска репрезентација Гарет Саутгејт го вклучил Мегваер во својот список за квалификациските натпревари против Малта и Словачка.[43] Своето деби го направил играјќи како стартер во победата со 1-0 над Литванија, во последниот натпревар на Гордиот Албион во нивната успешна квалификациска кампања за Светското првенство 2018.[44]

Мегваер бил избран во 23-члениот состав на Англија за Светското првенство 2018 во Русија.[45] Во првиот натпревар на првенството на 18 јуни 2018 година, тој му асистирал на Хари Кејн за победничкиот гол против Тунис со кој Англија победила со 2-1.[46] Својот прв гол за Англија го постигнал на 7 јули 2018 година, со удар со глава по центаршутот на Ешли Јанг во победата со 2-0 над Шведска во четвртфиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
8-10-2017 Трнава Литванија   0 – 1   Англија Квал. за СП 2018 -
11-11-2017 Лондон Англија   0 – 0   Германија Пријателска -
14-11-2017 Лондон Англија   0 – 0   Бразил Пријателска -
23-3-2018 Амстердам Холандија   0 – 1   Англија Пријателска -   10',   89'
7-6-2018 Лидс Англија   2 – 0   Костарика Пријателска -
18-6-2018 Волгоград Тунис   1 – 2   Англија СП 2018 - Прва фаза - дет.
24-6-2018 Нижни Новгород Англија   6 – 1   Панама СП 2018 - Прва фаза - дет.
28-6-2018 Калининград Англија   0 – 1   Белгија СП 2018 - Прва фаза -   46' дет.
3-7-2018 Москва Колумбија   1 – 1 прод.
(3 - 4 пен.)
  Англија СП 2018 - Осминафинале - дет.
7-7-2018 Самара Шведска   0 – 2   Англија СП 2018 - Четвртфинале 1   87' дет.
11-7-2018 Москва Хрватска   2 – 1 прод.   Англија СП 2018 - Полуфинале - дет.
14-7-2018 Санкт Петербург Белгија   2 – 0   Англија СП 2018 - за 3-то место -   78' дет.
8-9-2018 Лондон Англија   1 – 2   Шпанија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
11-9-2018 Лестер Англија   1 – 0   Швајцарија Пријателска -
12-10-2018 Риека Хрватска   0 – 0   Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
15-10-2018 Севиља Шпанија   2 – 3   Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   71'
22-3-2019 Лондон Англија   5 – 0   Чешка Квал. за Евро 2020 - дет.
25-3-2019 Подгорица Црна Гора   1 – 5   Англија Квал. за Евро 2020 - дет.
6-6-2019 Гимараеш Холандија   3 – 1 прод.   Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Полуфинале -
9-6-2019 Гимараеш Швајцарија   0 – 0 прод.
(5 – 6 пен.)
  Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - за 3. место -
7-9-2019 Лондон Англија   4 – 0   Бугарија Квал. за Евро 2020 - дет.
10-9-2019 Саутхемптон Англија   5 – 3   Косово Квал. за Евро 2020 - дет.
11-10-2019 Прага Чешка   2 – 1   Англија Квал. за Евро 2020 - дет.
14-10-2019 Софија Бугарија   0 – 6   Англија Квал. за Евро 2020 - дет.
14-11-2019 Лондон Англија   7 – 0   Црна Гора Квал. за Евро 2020 - дет.
17-11-2019 Приштина Косово   0 – 4   Англија Квал. за Евро 2020 - дет.
Вкупно Настапи 26 Голови 1

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 17 февруари 2020

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2010-2011   Шефилд Јунајтед ЧЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 5 0
2011-2012 ФЛ1 44+3[47] 1 ФАКуп+ЛК 4+2 0 - - - ФЛТ 3 0 56 1
2012-2013 ФЛ1 44+2[47] 3 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - ФЛТ 2 2 53 5
2013-2014 ФЛ1 41 5 ФАКуп+ЛК 8+1 1+0 - - - ФЛТ 2 0 52 6
Вкупно Шефилд Јунајтед 134+5 9 20 1 - - 7 2 166 12
2014-јан. 2015   Хал Сити ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛЕ 1[48] 0 - - - 6 0
фев.-јун. 2015   Виган Атлетик ЧЛ 16 1 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 16 1
2015-2016   Хал Сити ЧЛ 22+2[47] 0 ФАКуп+ЛК 4+5 0 - - - - - - 33 0
2016-2017 ПЛ 29 2 ФАКуп+ЛК 1+6 0+1 - - - - - - 36 3
Вкупно Хал Сити 54+2 2 18 1 1 0 - - 75 3
2017-2018   Лестер Сити ПЛ 38 2 ФАКуп+ЛК 3+3 0 - - - - - - 44 2
2018-2019 ПЛ 31 3 FACup+CdL 0+1 0 - - - - - - 32 3
Вкупно Лестер Сити 69 5 7 0 - - - - 76 5
2019-2020   Манчестер Јунајтед ПЛ 26 1 ФАКуп+ЛК 2+2 0 ЛЕ 3 0 - - - 31 0
Вкупно во кариерата 306 18 49 2 4 0 7 2 365 21

Репрезентативна статистика

уреди
Обновено на 17 ноември 2019[49]
Фудбалска репрезентација на Англија
Год. Наст Гол
2017 3 0
2018 13 1
2019 10 0
Вкупно 26 1

Наводи

уреди
  1. „Professional retain list & free transfers 2012/13“ (PDF). The Football League. 18 May 2013. стр. 44. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 October 2013.
  2. „FIFA World Cup Russia 2018: List of players: England“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-06. Посетено на 25 November 2018.
  3. „Harry Maguire: Overview“. Premier League. Посетено на 4 July 2018.
  4. „Laurence Maguire – Defender – First Team“. Chesterfield F.C. Посетено на 8 December 2017.
  5. „Forza fisica e tempismo: Harry Maguire, la roccia del Leicester“. 18 април 2018.
  6. Rollin, Glenda; Rollin, Jack, уред. (2012). Sky Sports Football Yearbook 2012–2013 (43rd. изд.). London: Headline Publishing Group. стр. 526. ISBN 978-0-7553-6356-8.
  7. „Sheffield Utd vs Cardiff City“. Sheffield United F.C. 12 April 2011. Архивирано од изворникот на 25 May 2015. Посетено на 12 April 2011.
  8. „Натпревари одиграни од Хари Мегваер во 2010/2011“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 5 August 2019.
  9. „Sheffield United chief admits 'we got it wrong' after relegation from Championship following Barnsley draw“. The Daily Telegraph. London. 1 May 2011. Посетено на 5 August 2019.
  10. „Blades too sharp for Latics“. Sky Sports. 6 August 2011. Посетено на 7 August 2011.
  11. „Long-term deal for Harry“. Sheffield United F.C. 19 October 2011. Архивирано од изворникот на 16 September 2016. Посетено на 19 October 2011.
  12. „Evans named in League One team“. The Football League. 23 April 2012. Архивирано од изворникот на 20 April 2013. Посетено на 29 April 2012.
  13. „Blades hammer Magpies in JPT“. Sky Sports. 17 October 2012. Посетено на 1 March 2013.
  14. „Milestone for Blades teenager“. Sky Sports. 28 February 2013. Посетено на 1 March 2013.
  15. „Sheffield United: Blades made fresh offer to defender“. Sheffield Star. 21 June 2014. Архивирано од изворникот на 7 January 2015. Посетено на 22 June 2014.
  16. „Tigers Complete Maguire And Robertson Deals“. Hull City A.F.C. Архивирано од изворникот на 29 July 2014. Посетено на 29 July 2014.
  17. „KSC Lokeren 1–0 Hull City“. BBC Sport. 21 August 2014. Посетено на 8 July 2018.
  18. „Premier League: Ki Sung-yueng's goal gives Swansea 1–0 win at Hull“. Sky Sports. 22 December 2014. Посетено на 8 July 2018.
  19. „Harry Maguire: Wigan Athletic sign Hull City defender on loan“. BBC Sport. 10 February 2015. Посетено на 10 February 2015.
  20. „Maguire reflects on victorious debut“. Wigan Athletic F.C. 18 February 2015. Посетено на 8 July 2018.
  21. „Blackpool 1–3 Wigan Athletic“. BBC Sport. 28 February 2015. Посетено на 8 July 2018.
  22. „Harry Maguire: Wigan extend Hull City defender's loan deal“. BBC Sport. 13 March 2015. Посетено на 8 July 2018.
  23. „Hull City 1–0 Sheffield Wednesday“. BBC Sport. 28 May 2016. Посетено на 8 July 2018.
  24. Wright, Nick (25 October 2017). „Harry Maguire's rise from Sheffield United to Leicester and England“. Sky Sports. Посетено на 8 July 2018.
  25. „Bristol City 1–2 Hull“. BBC Sport. 25 October 2016. Посетено на 26 October 2016.
  26. „Hull City 4–2 Middlesbrough“. BBC Sport. 5 April 2017. Посетено на 6 April 2017.
  27. „Harry Maguire: Leicester City sign Hull City defender in £17m deal“. BBC Sport. 15 June 2017. Посетено на 16 June 2017.
  28. Jurejko, Jonathan (11 August 2017). „Arsenal 4–3 Leicester City“. BBC Sport. Посетено на 8 July 2018.
  29. Reddy, Luke (19 August 2017). „Leicester City 2–0 Brighton & Hove Albion“. BBC Sport. Посетено на 8 July 2018.
  30. Stevens, Sam (1 May 2018). „Maguire bags a brace of awards at end of season dinner“. Leicester City F.C. Посетено на 7 July 2018.
  31. Gallagher, Danny (9 August 2018). „Claude Puel says world record bid for Harry Maguire would be rejected“. Sky Sports. Посетено на 9 August 2018.
  32. Neil Johnston (31 јануари 2019). „Harry Maguire cancels out Sadio Mane's goal“. BBC. Посетено на 15 март 2020.
  33. Stone, Simon (2 July 2019). „Harry Maguire: Manchester United bid £70m for Leicester City defender“. BBC Sport. Посетено на 2 July 2019.
  34. „Maguire signs for United“. Manchester United. 5 August 2019. Посетено на 5 August 2019.
  35. „Harry Maguire: Man Utd agree £80m deal for Leicester defender“. BBC Sport. 2 August 2019. Посетено на 5 August 2019.
  36. Smyth, Rob (11 August 2019). „Man Utd 4–0 Chelsea“. The Guardian. London. Посетено на 11 August 2019.
  37. „Harry Maguire made Manchester United captain to succeed Ashley Young“. BBC Sport. 17 January 2020. Посетено на 17 January 2020.
  38. Stone, Simon (26 January 2020). „Tranmere 0-6 Manchester United: Reds' fans voice anger during FA Cup win“. BBC Sport. Посетено на 1 February 2020.
  39. McNulty, Phil (17 February 2020). „Man Utd win at Chelsea in game full of VAR controversy“. BBC Sport. Посетено на 17 February 2020.
  40. „Duo called up to under-21s“. The Football Association. 11 November 2012. Посетено на 12 November 2012.
  41. „Recognition deserved“. Sheffield United F.C. 12 November 2012. Посетено на 12 November 2012.
  42. „Harry makes England bow“. Sheffield United F.C. 13 November 2012. Посетено на 13 November 2012.
  43. „England: Nathaniel Chalobah and Harry Maguire in squad for World Cup qualifiers“. BBC Sport. 24 August 2017. Посетено на 24 August 2017.
  44. McNulty, Phil (8 October 2017). „Lithuania 0–1 England“. BBC Sport. Посетено на 8 October 2017.
  45. „England World Cup squad: Trent Alexander-Arnold in 23-man squad“. BBC Sport. 16 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
  46. „Review – Tunisia 1–2 England – 18–06–18“. englandfootball.org. 18 June 2018.
  47. 47,0 47,1 47,2 Во Плејофот за промоција.
  48. Во квалификациските кола.
  49. „Maguire, Harry“. National Football Teams. Посетено на 21 November 2019.

Надворешни врски

уреди