Национален стадион „Васил Левски“

Стадионот „Васил Левски“ се наоѓа во Софија, Бугарија. Тој е најголемиот стадион во земјата, кој има сместивост од 43.340 седишта.

Васил Левски
Место Софија, Бугарија
Отворен 1953
Сопственик
Подлога Трева
Игра
Гледачи 43.340

Стадионот се наоѓа во центарот на Софија, односно во склопот на Борисовата градина.

Стадионот бил изграден во 1953 година, а во текот на својата историја бил реновиран во 1966 и 2002 година. Претходно, на местото каде се наоѓа стадионот, се наоѓало игралиштето Левски и стадионот Јунак. Во времето кога стадионот бил изграден, имал сместивост од 80.000 гледачи[1]. Главната реконструкција на стадионот, според новите стандарди на УЕФА започнале во 1998 година, кога биле поставени седишта за гледачите.

Настадионот денеска своите настапи ги одржува Бугарската репрезентација по фудбал, како и финалињата од куповите на земјата. Во последните години, на овој стадион се играат и натпреварите помеѓу двата најголеми фудбалски екипи во Бугарија, ЦСКА Софија и Левски од Софија.

Освен за фудбалски цели, стадионот располага и со спортски сали по џудо, гимнастика, кошарка, бокс, аеробик итн. На стадионот често се одржуваат и музички концерти.

Наводи

уреди
  1. „Историја за стадионот“. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 2011-01-30.