Денис Леми Закарија Лако Ладо (роден на 20 ноември 1996 година, во Женева) — швајцарски фудбалер, играч од средниот ред на Челси на заем од Јувентус и на швајцарската репрезентација.

Денис Закарија
Лични податоци
Полно име Денис Леми Закарија Лако Ладо[1]
Роден на 20 ноември 1996(1996-11-20)(28 г.)[2]
Роден во Женева, Швајцарија
Држава Швајцарија Швајцарија
Висина &100000000000001910000001,91 м[3]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број -
Младинска кариера
Сервет Сервет
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2015 Сервет Сервет 6 (2)
2015-2017 Јанг Бојс Јанг Бојс 50 (2)
2017-2022 Борусија Менхенгладбах Б. Менхенгладбах 125 (11)
2022- Јувентус Јувентус 11 (1)
2022-Челси Челси 7 (0)
Репрезентација
2014-2015 Швајцарија Швајцарија 19 8 (2)
2015-2016 Швајцарија Швајцарија 21 8 (0)
2016- Швајцарија Швајцарија 40 (3)
* Ажурирано на: 23 април 2021
** Ажурирано на: 23 април 2021

Биографија

уреди

Закарија е роден во Женева од татко конгоанец (роден во тогашен Заир) и мајка од Јужен Судан.[4][5]

Технички карактеристики

уреди

Играч од средниот ред,[6] кои може да се користи како мецала[6] или како плејмејкер[6] и може да игра во среден ред и со 2 и со 3 играчи.[7] Споредуван со Патрик Виера и Пол Погба,[6][7][8] се одликува со одличен атлетизам,[6] брзина,[9][10] динамика,[9] и физичка сила,[7] добар во градењето на играта,[6][7] во фазата на вршење пресинг,[6] и во враќање на поседот на топката.[6][8][9][10] Во својата кариера, тој играл и во улогата на централен дефанзивец,[8][9] но и како напаѓач.[11]

Клупска кариера

уреди

Почетоци, Сервет и Јанг Бојс

уреди

Откако израснал како фудбалер во младинските категории на Сервет, тој го направи своето деби за првиот тим на 10 ноември 2014 година против Лозана. На 18 мај 2015 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера против Волен.[12] И покрај тоа што бил млад (на само 18 години), и имал улога од втор ред, сепак успеал да забележи 6 настапи и 2 гола за екипата од Женева.

На 26 јуни 2015 година, тој се преселил во Јанг Бојс.[13] Своето деби за новиот клуб го имал во првото коло од швајцарското првенството, влегувајќи како замена во ремито 1-1 против Цирих.[14] На 28 јули, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 3-1 од Монако,[15] во натпревар од квалификациите. На 28 ноември го постигнал својот прв гол за клубот од Берн во натпреварот против Санкт Гален.[16] Во својата прва сезона во Јанг Бојс забележал 27 првенствени настапи и 1 гол, по што бил прогласен за дебитант на годината.[17]

Втората сезона веќе се етаблирал меѓу хиерархиите на клубот, успеал да собере 23 настапи и еден гол, но во текот на сезоната пропуштил неколку натпревари поради повреди.[18]

Борусија Менхенгладбах

уреди

На 6 јуни 2017 година, Закарија потпишал договор со Борусија Менхенгладбах.[19][20] Своето деби за германскиот клуб го имал на 11 август во Купот на Германија против Рот-Вајс Есен;[21] додека само неколку дена подоцна го имал своето деби во Бундеслигата против Келн.[22] Својот прв гол за Гладбах го постигнал во неговиот втор првенствен настап против Хамбургер.[23] Во текот на првата сезона со Борусија Менхенгладбах, тој успеал да собере 30 настапи и 2 гола, најчесто играјќи во пар со Кристоф Крамер на средината од теренот.

Следната сезона, некои тактички промени направени од страна на тренерот Дитер Хекинг, довеле до негативни резултати за амбициите на Закарија, кој најчесто останувал на клупата.[8] Сепак во вториот дел од сезоната успева да си го врати местото како стартер во тимот. Сезоната ја завршил со 4 постигнати гола во првенството што бил негов личен рекорд.

Во сезоната 2019-2020, со доаѓањето на клупата на Марко Розе тој го потврдил своето место како стартер, играјќи постојано во стартната постава во текот на сезоната.[24] Сепак, на 7 март 2020, во натпреварот на домашен терен против Борусија Дортмунд (загубен со 1-2), тој заработил тешка повреда на коленото поради која морал да оди на операција и да ја заврши сезоната предвреме.[25] Поради истата повреда, тој ги пропуштил и првите осум натпревари на својата екипа на стартот од следната сезона 2020-2021. Своето враќање на терените после повеќе од осум месеци отсуство го направил на 21 ноември 2020, во натпреварот против Аугсбург (1-1), влегувајќи како замена во 89-тата минута на местото на Флоријан Нојхаус.

На 27 октомври 2021, Закарија го одиграл целиот натпревар за својот тим во незаборавната победа со 5-0 на Борусија над великанот на германскиот фудбал Бајерн Минхен во Купот на Германија. Во декември истата година, било потврдено дека Закарија нема да го продолжи договорот со Борусија и, следствено, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2021-2022.[26]

Закарија ја напушил Борусија Менхенгладбах во последниот ден од јануарскиот трансферен прозорец на 2022 година, после 146 настапи за клубот и 11 постигнати голови.

Јувентус

уреди

На 31 јануари 2022 година, Закарија се преселил во Јувентус за износ од 8,6 милиони евра.[27][28] На 6 февруари, го направил своето деби во црно-белиот дрес во натпреварот против Верона на домашен терен постигнувајќи притоа и гол, со кој го поставил конечниот резултат во натпреварот 2-0 за Јуве.[29] На 22 февруари, го забележал својот прв настап во Лигата на шампионите како фудбалер на Јувентус, влегувајќи како замена во последните 10-тина минути од првиот осминафинален натпревар против Виљареал (1-1) на местото на повредениот Вестон Мекени. Четири дена подоцна, во натпреварот против Емполи тој заработил повреда од низок степен на долгиот адукторен мускул на левата бутина поради што морал да паузира околу 20-тина дена.[30] На терените се вратил на 3 април, влегувајќи како замена на местото на Мануел Локатели во Дербито на Италија против Интер, кое неговата екипа го загубила со 0-1. На 11 мај против истиот противник, го започнал финалето на Купот на Италија, во кое бјанконерите и покрај водството од 2-1 на крајот биле поразени со 4-2 по продолженија.[31]

Челси

уреди

На 1 септември 2022, Закарија му се приклучил на Челси на заем до крајот на сезоната 2022-2023.[32] Вкупно за Челси одиграл 11 натпревари, постигнувајќи еден погодок во победата со 2-1 над Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Во јули 2023, тој се вратил во Јувентус откако Челси одлучил да не го откупи.

Репрезентативна кариера

уреди

Откако играл за селекциите на Швајцарија под 19 и под 21 година,[33] бил повикан да игра за сениорската репрезентација на Европското првенство 2016 во Франција,[34] каде не одиграл ниту еден натпревар. Откако одиграл седум натпревари во квалификациите, Закарија бил повикан за Светското првенство 2018 во Русија.[35] На оваа манифестација тој забележал два настапи, појавувајќи се како замена и во двата натпревари од групната фаза кој ги одиграл.

На 8 септември 2018 година, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 6-0 против Исланд во УЕФА Лигата на нации. На 23 март 2019, во натпреварот против Грузија во квалификациите за Европското првенство 2020, тој повторно постигнал гол за швајцарската репрезентација.[36] Потоа бил повикан за Европското првенство 2020, одржано во 2021 година, наместо во 2020 поради пандемијата од КОВИД-19.[37] Тој најчесто бил резерва на турнирот поради присуството во стартната постава на Гранит Џака и Ремо Фројлер во неговата улога,[38] но откако се нашол во стартната постава во натпреварот од четвртфиналето против Шпанија поради суспензијата на Џака,[39] тој бил автор на автогол, што бил јубилеен, десети автогол на турнирот, со што воедно бил и соборен рекордот на натпреварувањето, со оглед на тоа дека на Евро 2020 биле постигнати повеќе автоголови отколку на сите претходни изданија на турнирот заедно. Швајцарија го загубила четвртфиналето по изведување пенали, откако по регуларното време и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Швајцарија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
28-5-2016 Женева Швајцарија   1 – 2   Белгија Пријателска -   78'
3-6-2016 Лугано Швајцарија   2 – 1   Молдавија Пријателска -   79'
10-10-2016 Андора Ла Велја Андора   1 – 2   Швајцарија Квал. за СП 2018 -   66'
31-8-2017 Санкт Гален Швајцарија   3 – 0   Андора Квал. за СП 2018 -   66'
3-9-2017 Рига Латвија   0 – 3   Швајцарија Квал. за СП 2018 -   77'
7-10-2017 Базел Швајцарија   5 – 2   Унгарија Квал. за СП 2018 -   73'
10-10-2017 Лисабон Португалија   2 – 0   Швајцарија Квал. за СП 2018 -   46'   69'
9-11-2017 Белфаст Северна Ирска   0 – 1   Швајцарија Квал. за СП 2018 -
12-11-2017 Базел Швајцарија   0 – 0   Северна Ирска Квал. за СП 2018 -
3-6-2018 Виљареал Шпанија   1 – 1   Швајцарија Пријателска -
17-6-2018 Ростов на Дон Бразил   1 – 1   Швајцарија СП 2018 - Прва фаза -   71'
27-6-2018 Нижњи Новгород Швајцарија   2 – 2   Костарика СП 2018 - Прва фаза -   60'   75'
8-9-2018 Санкт Гален Швајцарија   6 – 0   Исланд УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1
11-9-2018 Лестер Англија   1 – 0   Швајцарија Пријателска -   66'
12-10-2018 Брисел Белгија   2 – 1   Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   83'
15-10-2018 Рејкјавик Исланд   1 – 2   Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   49'
14-11-2018 Лугано Швајцарија   0 – 1   Катар Пријателска -   46'
18-11-2018 Луцерн Швајцарија   5 – 2   Белгија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаз -   79'
23-3-2019 Тбилиси Грузија   0 – 2   Швајцарија Квал. за Евро 2020 1
26-3-2019 Базел Швајцарија   3 – 3   Данска Квал. за Евро 2020 -   59'
5-6-2019 Порто Португалија   3 – 1   Швајцарија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Полуфинале -   71'
9-6-2019 Гимараеш Швајцарија   0 – 0 прод.
(5 – 6 пен.)
  Англија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - за 3. место -   61'
5-9-2019 Даблин Ирска   1 – 1   Швајцарија Квал. за Евро 2020 -
8-9-2019 Сион Швајцарија   4 – 0   Гибралтар Квал. за Евро 2020 1
12-10-2019 Копенхаген Данска   1 – 0   Швајцарија Квал. за Евро 2020 -   36'
15-10-2019 Ланси Швајцарија   2 – 0   Ирска Квал. за Евро 2020 -
15-11-2019 Санкт Гален Швајцарија   1 – 0   Грузија Квал. за Евро 2020 -
18-11-2019 Гибралтар Гибралтар   1 – 6   Швајцарија Квал. за Евро 2020 -   60'
25-3-2021 Софија Бугарија   1 – 3   Швајцарија Квал. за СП 2022 -   75'
28-3-2021 Санкт Гален Швајцарија   1 – 0   Литванија Квал. за СП 2022 -   66'
31-3-2021 Санкт Гален Швајцарија   3 – 2   Финска Пријателска -   55'
30-5-2021 Санкт Гален Швајцарија   2 – 1   САД Пријателска -
12-6-2021 Баку Велс   1 – 1   Швајцарија Евро 2020 - Прва фаза -   66'
2-7-2021 Санкт Гален Швајцарија   1 – 1 прод.
(1 – 3 пен.)
  Шпанија Евро 2020 - Четвртфинале -   101'
1-9-2021 Базел Швајцарија   2 – 1   Грција Пријателска -
5-9-2021 Базел Швајцарија   0 – 0   Италија Квал. за СП 2022 -   63'
8-9-2021 Базел Северна Ирска   0 – 0   Швајцарија Квал. за СП 2022 -   53'   86'
9-10-2021 Ланси Швајцарија   2 – 0   Северна Ирска Квал. за СП 2022 -   90'
12-11-2021 Рим Италија   1 – 1   Швајцарија Квал. за СП 2022 -
15-11-2021 Луцерн Швајцарија   4 – 0   Бугарија Квал. за СП 2022 -
Вкупно Настапи 40 Голови 3

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 4 февруари 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015   Сервет ЧЛ 6 2 КШ - - - - - - - - 6 2
2015-2016   Јанг Бојс СЛ 27 1 КШ 3 0 ЛШ+ЛЕ 1[40]+2[40] 0 - - - 33 1
2016-2017 СЛ 23 1 КШ 4 0 ЛШ+ЛЕ 2[40]+5 0 - - - 34 1
Вкупно Јанг Бојс 50 2 7 0 10 0 - - 67 2
2017-2018   Борусија Менхенгладбах 30 2 КГ 3 0 - - - - - - 33 2
2018-2019 31 4 КГ 1 0 - - - - - - 32 4
2019-2020 23 2 КГ 2 0 ЛЕ 6 0 - - - 31 2
2020-2021 25 1 КГ 2 0 ЛЕ 5 0 - - - 32 1
2021-јан. 2022 16 2 КГ 2 0 - - - - - - 18 2
Вкупно Борусија Менхенгладбах 125 11 10 0 11 0 - - 146 11
јан.-јун. 2022   Јувентус А 9 1 КИ 3 0 ЛШ 1 0 СИ - - 13 1
Вкупно во кариерата 190 16 20 0 22 0 0 0 232 16

Репрезентативна статистика

уреди
Репрезентација Година Наст Голови
  Швајцарија 2016 3 0
2017 6 0
2018 9 1
2019 10 2
2020 0 0
2021 12 0
Вкупно 40 3

Наводи

уреди
  1. „FIFA World Cup Russia 2018: List of Players: Switzerland“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 June 2019.
  2. Денис Закарија – Профил на сајтот на УЕФА
  3. „Denis Zakaria“. borussia.de (германски). Juventus. 12 June 2021. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 2022-02-03.
  4. Dominic Wuillemin (3 октомври 2015). „Zackig“ (германски). Berner Zeitung. Посетено на 9 јуни 2017.
  5. „Euro senza barriere“. La Gazzetta dello Sport. 10 јуни 2016. стр. 24. Посетено на 11 април 2017.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 „Zakaria, il mediano dello Young Boys che viene paragonato a Vieira“. Посетено на 25 декември 2019.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 „Denis Zakaria, il talento svizzero che sta lasciando a bocca aperta la Germania“. 2 ноември 2019. Посетено на 25 декември 2019.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „Calciomercato - La Germania promuove Zakaria: "Eclettico e solido, alla Juve non fallirà". 31 јануари 2022. Посетено на 2022-01-31.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 „Denis Zakaria ist Gladbachs heimlicher Held“ (германски). Посетено на 2021-08-10.
  10. 10,0 10,1 „Juve, occhi su Zakaria: un gigante per il centrocampo“. Посетено на 2021-11-16.
  11. „Denis Zakaria, l'obiettivo di gennaio per il centrocampo della Juventus“. 30 јануари 2022. Посетено на 31 јануари 2022.
  12. „Zakaria : Mon rêve est devenu réalité“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  13. „YB holt Denis Zakaria“ (германски). 26 јуни 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  14. „Zurigo - BSC Young Boys“. 18 јули 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  15. „Young Boys-Monaco 1-3: I monegaschi dominano, ma per El Shaarawy è un esordio senza goal“. 28 јули 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  16. „Young Boys v St. Gallen Starting XIs, 28 nov 2015“ (англиски). 28 ноември 2015. Посетено на 31 јануари 2022.
  17. „Denis Zakaria ist der "Axpo-Rookie des Jahres" (германски). Посетено на 31 јануари 2022.
  18. „Denis Zakaria - Cronaca infortuni“. Посетено на 31 јануари 2022.
  19. „Denis Zakaria wechselt zu Mönchengladbach“ (германски). Посетено на 2021-06-28.
  20. „„Borussia ist der nächste gute Schritt" (германски). 9 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-27. Посетено на 31 јануари 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Hofmann und Raffael verhindern Pokal-Blamage“ (германски). 11 август 2017. Посетено на 31 јануари 2022.
  22. „Elvedi entscheidet das rheinische Derby“. 20 август 2021. Посетено на 31 јануари 2022. Занемарен непознатиот параметар |lаnguage= (help)
  23. „Finnbogasons Blitzstart, Cordovas Last-Minute-Treffer“ (германски). 27 август 2021. Посетено на 31 јануари 2022.
  24. Tim Müller (18 ноември 2019). „Denis Zakaria ist der heimliche Held von Borussia Mönchengladbach“ (германски). Посетено на 31 јануари 2022.
  25. „Denis Zakaria: Who is Borussia Mönchengladbach and Switzerland's midfield marvel?“. Bundesliga. 30 декември 2021. Посетено на 4 февруари 2022.
  26. „Update on contract negotiations at Borussia“. Borussia Mönchengladbach (германски). 29 декември 2021. Посетено на 31 јануари 2022.
  27. „DENIS ZAKARIA WECHSELT ZU JUVENTUS TURIN“ (германски). 31 јануари 2022. Посетено на 31 јануари 2022.
  28. „UFFICIALE | Zakaria è un giocatore della Juventus! - Juventus“. Посетено на 2022-01-31.
  29. „SUBITO DV7 E ZAK! 2-0 AL VERONA“. 6 февруари 2022. Посетено на 7 февруари 2022.
  30. „Juve, tegola Denis Zakaria: out almeno 20 giorni, out contro il Villarreal. Ecco quante gare salterà“ (италијански). Eurosport. 28 февруари 2022. Посетено на 21 јули 2022.
  31. „L'Inter batte 4-2 la Juventus e conquista la Coppa Italia: decide Perisic ai tempi supplementari“. repubblica.it. 12 мај 2022. Посетено на 22 јули 2022.
  32. „Zakaria goes on loan to Chelsea from Juventus“.
  33. „Acht Spieler in den Nationalteams“ (германски). Посетено на 28 јуни 2021.
  34. „UEFA EURO 2016 FRANCE“ (PDF) (француски). 31 мај 2016. Посетено на 31 мај 2016.
  35. Antonio Ioppolo (4 јуни 2018). „Russia 2018 – I 23 convocati della Svizzera“. Посетено на 4 февруари 2022.
  36. „Bei Schweiz-Sieg: Schalkes Embolo legt vor, Gladbachs Zakaria trifft“ (германски). 23 март 2019. Посетено на 23 март 2019.
  37. „Euro 2020, girone A: la rosa della Svizzera“. Посетено на 2021-06-28.
  38. „La Svizzera rampante, con la stella Seferovic e le magie di Xhaka“. Посетено на 2021-08-05.
  39. „Svizzera-Spagna: probabili formazioni e dove vederla“. 2 јули 2021. Посетено на 2021-08-05.
  40. 40,0 40,1 40,2 Во квалификациските кола.

Надворешни врски

уреди