Антоан Гризман (роден на 21 март 1991 во Макон) — француски фудбалер, напаѓач на Атлетико Мадрид и на француската репрезентација.

Франција Антоан Гризман
Лични податоци
Полно име Антоан Гризман[1]
Роден на 21 март 1991(1991-03-21)(32 г.)[1]
Роден во Макон, Франција
Висина 1.75 м (5 ст 9 ин)[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 7
Младинска кариера
1997–1999 Макон
1999–2005 Маконаис
2005–2009 Реал Сосиедад Реал Сосиедад
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009–2014 Реал Сосиедад Реал Сосиедад 180 (46)
2014– 2019 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 180 (94)
2019-2022 Барселона Барселона 74 (22)
2021-2022 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид (позајмица) 34 (5)
2022- Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 21 (9)
Репрезентација
2010 Франција Франција 19 7 (3)
2011 Франција Франција 20 8 (1)
2010–2012 Франција Франција 21 10 (2)
2014– Франција Франција 119 (43)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21:57, 19 March 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11:05, 13 November 2016 (UTC)

Својата кариера ја започнал во Реал Соседад, за кого дебитирал во шпанската втора лига Сегунда Дивисион во сезоната 2009–2010. Во петте сезони поминати во клубот од Сан Себастијан, тој постигнал 52 гола на 201 натпревар. Во 2014 година, Гризман се преселил во Атлетико Мадрид за сума од 30 милиони евра.

Гризман ги поминал сите младински селекции на француската репрезентација. Во 2010 година, тој бил дел од тимот на младата репрезентација на Франција за играчи под 19 години, која го освоила Европското првенство. Своето деби за сениорската репрезентација на Франција го имал во 2014 година при што настапил и на Светското првенство во Бразил 2014 година, година каде што и помогнал на својата репрезентација да стигне до четвртфиналето. Гризман го добил признанието за Најдобар стрелец и играч на турнирот на Европското првенство 2016, каде што французите на домашен терен биле поразени во финалето од Португалија по продолженија со 1-0.

Со неговите настапи во текот на 2016 година, тој бил во потесениот избор за наградата фудбалер на годината, при што на крајот го освоил третото место.

Наводи уреди

Надвореши врски уреди

  1. 1,0 1,1 „Antoine Griezmann“. EU-football.info. 26 June 2016. Посетено на 26 June 2016.
  2. „Antoine Griezmann“ (шпански). Atlético Madrid. Архивирано од изворникот на 2015-08-24. Посетено на 2017-03-25.