Матс Хумелс

германски фудбалер

Матс Јулијан Хумелс (р. 16 декември 1988 во Бершки Гладбах) — германски фудбалер, играч од одбраната на Рома. Со германската репрезентација бил светски шампион во 2014.[1]

Матс Хумелс
Лични податоци
Роден на 16 декември 1988(1988-12-16)(36 г.)
Роден во Бершки Гладбах, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Рома Рома
Број 15
Младинска кариера
Бајерн Минхен Бајерн Минхен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2007 Бајерн Минхен II Бајерн Минхен II 42 (5)
2006-2008 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 1 (0)
2008-2016 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 225 (19)
2016-2019 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 74 (3)
2019-2024 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 142 (11)
2024- Рома Рома 11 (0)
Репрезентација
2007 Германија Германија 20 1 (0)
2007-2010 Германија Германија 21 21 (5)
2010-2023 Германија Германија 78 (5)

Кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Хумелс потекнува од младинската школа на Бајерн Минхен во која доаѓа на шест години. Првиот професионален договор со клубот го потпишува на 19 декември 2006. Во мај следната година, Хумелс дебитира за Бајерн во победата над Мајнц од 5-2 во последното коло од Бундеслигата за сезоната 2006-2007.

Во јануари 2008. Хумелс заминува на позајмица во Борусија Дортмунд. Таму добива многу повеќе шанса за настап и во целата полусезона е стандарден во централната одбранбена линија заедно со Невен Суботиќ. По година дена кога неговата позајмица истече, Борусија јасно се изрази дека сака да го задржи Хумелс во својте редови и во февруари 2009 го откупи неговиот договор за сума од 4 милиони евра.

Во текот на сезоната 2010-11 Хумелс беше важна алка во шампионскиот тим на Борусија Дортмунд кој успеа да стигне до насловот во Бундеслигата, и беше назанчен за еден од најдобрите дефанзивци во Европа. Следната сезона беше уште поуспешна за Матс кој со својот тим успеа да ја одбрани туитулата во Бундеслигата, но на тоа го придодаде и успехот во Купот на Германија, каде неговиот сегашен тим со 5-2 во финалето го прегази неговиот поранешен тим Бајерн Минхен. Хумелс го постигна вториот погодок од пенал во овој натпревар и во тој момент и даде предност на Борусија од 2-1 во 41-ата. минута.

На 3 јуни 2012. играчот потпишува нов договор со Борусија Дортмунд кој има важност до 2017. година.

Репрезентативна кариера

уреди

За сениорската репрезентација на Германија Хумелс го има своето деби во пријателски меч со Малта на 13 мај 2010. Во игра влегува како замена на полувремето на местото на Сердар Ташчи, а Германија победи со 3:0 во тој натпревар.

Селекторот на Германија Јоаким Лев го повика Матс Хумелс меѓу 23-цата репрезентативци за настап на Евро 2012. Хумелс е главен стопер на репрезентацијата и незаменлив таму и затоа играше на сите натпревари на репрезентацијата. Германија стигна до полуфиналето, но таму загуби од Италија со 1-2.

Титули

уреди

Борусија Дортмунд

уреди

Наводи

уреди
  1. „Mats Hummels“. 27 септември 2011. Посетено на 27 септември 2011. Занемарен непознатиот параметар |pubilsher= (се препорачува |publisher=) (help)

Надворешни врски

уреди