Евровизија 2020
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Евровизија 2020 ќе беше 65. издание на Евровизија. Беше планирано овогодинешното издание да се случи во Ротердам, Холандија, после нивната победа во Тел Авив, Израел во 2019 година со песната "Arcade". Ова ќе беше 5. пат за Холандија да одржува Евровизија, од последниот пат во 1980 и првиот Евровизиски настан кој ќе се случеше по Детската Евровизија од 2012 година. Настанот беше закажан да се одржи на 12 (прво полуфинале), 14 (второ полуфинале) и 16 (финале) мај. 41 држава ќе учествуваа. Но, на 18 март 2020 година, беше објавено дека настанот е откажан како резултат на Ковид-19 пандемијата.
Локација
уредиПодготовките започнаа уште на 19 мај 2019, веднаш по победата на Холандија во Тел Авив, Израел. По долго размислување, беше одлучено Евровизија 2020 да се одржи во арената Ahoy во Ротердам, Холандија.
Фаза на избор
уредиKey: † Домаќин ‡ Кандидат во потесен круг
Град | Забелешка | изв. | |
---|---|---|---|
Arnhem | GelreDome | [1] | |
's-Hertogenbosch | Brabanthallen | [1] | |
Maastricht | MECC Maastricht ‡ | [1][2] | |
Ротердам | Rotterdam Ahoy † | [1][2] | |
Утрехт | Jaarbeurs | — | [1] |
Други градови
уредиФормат
уредиВизуелен дизајн
уредиСлоганот на ова издание "Open Up", беше објавен на 24 октомври 2019 година, додека официјалното лого беше објавено на 28 ноември 2019. Дизајнирано од CLEVER°FRANKE, логото е "апстрактна репрезентација на боите од знамињата на 41. земји учеснички во 2020 од нивното прво појавување на натпреварот.
Дизајн на сцена
уредиEBU го објави Евровизискиот дизајн на сцената во декември 2019. Инспиран слоганот и од типичниот холандски рамен пејзаж. Сцената беше дизајнирана од Германскиот сценски дизајнер Florian Wieder, кој исто така ги дизајнираше Евровизиските сцени во 2011, 2012, 2015, 2017, 2018 и 2019. Овој пат, за разлика од 2019, Green Room ќе се наоѓа во главната сала каде ќе настапуваат артистите.
Водители
уреди65. издание на Евровизија ќе го водат 3 Холандски водители, односно:
- Chantal Janzen
- Edsilia Rombley
- Jan Smit
Жрепка на полуфиналиња
уредиЖрепката се одржа на 28. јануари 2020 во Ротердам. Македонија ќе настапувала во првата половина на првото полуфинале.
Гласање
уредиПринципот на гласање ќе бил ист како и во последните неколку години, односно 50% жири и 50% гласови од публика, доделени од секоја држава во принцип 1-8, 10 и 12 бода, плус истиот принцип на бодување од публика.
Држави учеснички
уредиНа 13 ноември 2019 беше објавено дека четириесет и една држава ќе се натпреваруваат во ова издание, каде што Бугарија и Украина се враќаат повторно после претходно отсуство, а Унгарија и Црна Гора нема да учествуваат.[3]
Полуфиналиња
уредиДржава[3] | Изведувач[4][5] | Песна | Јазик |
---|---|---|---|
Албанија | Arilena Ara | Fall From The Sky | Англиски |
Ерменија | Athena Manoukian | Chains On You | Англиски |
Австралија | Montaigne | Don't Break Me | Англиски |
Австрија | Vincent Bueno | Alive | Англиски |
Азербејџан | Efendi | Cleopatra | Англиски |
Белорусија | VAL | Da Vidna | Белоруски |
Белгија | Hooverphonic | Release me | Англиски |
Бугарија | Victoria | Tears Getting Sober | Англиски |
Хрватска | Damir Kedžo | Divlji Vetre | Хрватски |
Кипар | Sandro | Running | Англиски |
Чешка | Benny Cristo | Kemama | Англиски |
Данска | Ben & Tan | Yes | Англиски |
Естонија | Uku Suviste | What Love Is | Англиски |
Финска | Aksel Kankaanranta | Looking Back | Англиски |
Грузија | Tornike Kipiani | Take Me as I am | Англиски |
Грција | Stefania Liberakakis | SUPERG!RL | Англиски |
Исланд | Daði & Gagnamagnið | Think about things | Англиски |
Ирска | Lesley Roy | Story Of My Life | Англиски |
Израел | Eden Alene | Feker Libi | Англиски, Амхарски |
Латвија | Samanta Tina | Still Breathing | Англиски |
Литванија | The Roop Band | On Fire | Англиски |
Малта | Destiny Chukunyere | All Of My Love | Англиски |
Молдавија | Natalia Gordienko | Prison | Англиски |
Македонија | Васил Гарванлиев | You | Англиски |
Норвешка | Ulrikke Brandstorp | Attention | Англиски |
Полска | Alicja Szemplinska | Empires | Англиски |
Португалија | Elisa | Medo De Sentir | Португалски |
Романија | Roxen | Alcohol You | Англиски |
Русија | Little Big | Uno | Англиски |
Сан Марино | Senhit | Freaky | Англиски |
Србија | Hurricane | Hasta La Vista | Српски |
Словенија | Ana Soklič | Voda | Словенски |
Шведска | The Mamas | Move | Англиски |
Швајцарија | Gjon's Tears | Répondez- moi | Француски |
Украина | Go-A | Solovey | Украински |
Финале
уредиДржава[6] | Изведувач[4][5] | Песна[5] | Јазик |
---|---|---|---|
Франција | Tom Leeb | The Best in Me | Англиски, Француски |
Германија | Ben Dolic, B-OK | Violent Thing | Англиски |
Италија | Diodato | Fai Rumore | Италијански |
Холандија | Jeangu Macrooy | Grow | Англиски |
Шпанија | Blas Cantó | Universo | Шпански |
Велика Британија | James Newman | My Last Breath | Англиски |
Други држави
уредиПродукција
уредиОнлајн платформи
уредиЗабелешки и наводи
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 van Lith, Nick (6 July 2019). „Eurovision 2020: Meet the bidding Host Cities“. ESCXtra. Архивирано од изворникот 9 July 2019. Посетено на 17 July 2019.
- ↑ 2,0 2,1 „Rotterdam of Maastricht, waar is de beste Songfestivalzaal?“ [Rotterdam or Maastricht, where is the best Song Contest hall?]. Nederlandse Omroep Stichting (холандски). 18 July 2019. Архивирано од изворникот 19 July 2019. Посетено на 19 July 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „41 countries will 'Open Up' at Eurovision 2020 in Rotterdam“. Eurovision.tv. 13 November 2019. Архивирано од изворникот 13 November 2019. Посетено на 13 November 2019.
- ↑ 4,0 4,1 „Participants of Rotterdam 2020“. Eurovision.tv. EBU. Архивирано од изворникот 2 October 2019. Посетено на 2 October 2019.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „National Selection Calendar 2020“. Eurovision.tv. Архивирано од изворникот 2 September 2019. Посетено на 13 November 2019.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеУчесници
.
Надворешни страници
уреди1956 ·
1957 ·
1958 ·
1959 ·
1960 ·
1961 ·
1962 ·
1963 ·
1964 ·
1965 ·
1966 ·
1967 ·
1968 ·
1969 ·
1970 ·
1971 ·
1972 ·
1973 ·
1974 ·
1975 ·
1976 ·
1977 ·
1978 ·
1979 ·
1980 ·
1981 ·
1982 ·
1983 ·
1984 ·
1985 ·
1986 ·
1987 ·
1988 ·
1989 ·
1990 ·
1991 ·
1992 ·
1993 ·
1994 ·
1995 ·
1996 ·
1997 ·
1998 ·
1999 ·
2000 ·
2001 ·
2002 ·
2003 ·
2004 ·
2005 ·
2006 ·
2007 ·
2008 ·
2009 ·
2010 ·
2011 ·
2012 ·
2013 ·
2014 ·
2015 ·
2016 ·
2017 ·
2018 ·
2019 ·
2020 ·
2021
2022 · ·
2023