Македонија на Евровизија

Македонија за првпат учествувала на Евровизија 1998, вкупно 19 пати до сега. Воедно, во 1996 Македонија за првпат зела учество, но не обезбедила учество во финалето. Најдобриот успех на Македонија бил забележан во 2019, на кој Тамара Тодевска го освоила седмото место во целокупен пласман и прво место од гласовите на жирито.

Македонија

Знаме

Медиумски организатор Македонска радио-телевизија
Национален избор Скопје Фест
Број на учества {{{Број на учества}}}
Прво учество {{{Прво учество}}}
Најдобар пласман 7. место, 2019
Најлош пласман 18. место ПФ, 2018;
Логото на македонската Евровизија

Историја

уреди

Пред да прогласи независност во 1991, како дел од СФРЈ, Социјалистичка Република Македонија учествуваше во југословенската пред-селекција помеѓу федеративните држави, а исто така македонски композитори пишуваа песни за кандидати од другите држави во Југославија. Македонските учесници не победуваа и СР Македонија беше единствена држава што немаше пратено претставник на Југославија на Евровизија. Исклучок е кога Маја Оџаклиевска победи во 1979 на изборот за претставник на Југославија, но таа не учествуваше на Евровизија 1979 поради одлуката на Југославија да не учествува таа година.

Како Поранешна Југословенска Република Македонија, државата го испрати првиот претставник Само ти отпеана од Калиопи на Евровизија 1996. Сепак, не успеа да се квалификува преку пред-квалификациската рунда. Напорите да учествува на натпреварот беа оневозможени и на Евровизија 1997, кога нов систем беше претставен каде државите со најмалку просечни бодови од претходните четири години беа исклучени од учество. Македонија дебитираше на Евровизија 1998 со песната Не зори зоро на Владо Јаневски.

Најдобриот резултат пред 2019 беше во 2006 кога Елена Ристеска ја отпеа Нинанајна во Атина, Грција и го освои 12тото место. Македонија е единствената држава која се квалификуваше во секое полуфинале од 2004 до 2007 (други држави се квалификуваа за секое финале, но поради тоа што беа во топ 10 во претходната година, не мораа да се натпреваруваат во полуфиналето). Иако никогаш немаше завршено во топ 10, рекордот за квалификување за секое финале беше урнат во 2008, кога гласовите на жирито користени во полуфиналето ја одбраа Шведска како финалист, а Тамара Тодевска, Врчак и Адријан Гаџа завршија на 10то место од телефонските гласови. Од тогаш, Македонија само во 2012 успеа да влезе во финалето, кога настапи Калиопи со Црно и бело.

Македонската радио-телевизија што го пренесува фестивалот, го користеше Скопје Фест за да го одбере националниот претставник уште од дебитантското учество, но во 2004, 2005, 2006, 2007 и 2012 националните финалиња беа одржани како посебни фестивали.

Во 2019, државата за првпат учествуваше под новото име Северна Македонија, а МРТ ја одбра Тамара Тодевска со песната Proud со интерна селекција. Песната успеа да се квалификува во второто полуфинале, и го освои седмото место во финалето и прво место од гласовите на интернационалното жири. Ова е првото топ 10 место на Македонија и нејзин најдобар резултат до сега.

За Евровизија 2020 интерно беше одбран Васил Гарванлиев со песната You, но истата беше откажана поради состојбата предизвикана од пандемијата на коронавирусот во Европа и светот. Гарванлиев повторно беше избран за претставник во 2021 година со песната Here I Stand, каде што заврши на 15-то место во првото полуфинале.

По неуспешниот обид за пласман во финалето, МРТ го избра својот претставник преку националниот избор "За Евросонг 2022" каде што Андреа со темата Circles беше прогласена за победник. Во второто полуфинале, Андреа неуспеа да се пласира во финалето, завршувајќи на 11-то место со 76 бода.

Како резултат на лошиот пласман во изминатите години, но и економската криза кој што зема замав низ целиот регион, МРТ одлучи да не учествува во 2023 година и да го повлече своето учество. Ова продолжи и во 2024 година, каде што МРТ повторно не зема учество.

Натпреварувачи [1]

уреди
Година Пејач/ка Фото Наслов Композитор/Текст Финале Бодови Полуфинале Бодови
1998 Владо Јаневски   Не зори зоро Григор Копров, Владо Јаневски 19 16 X X
2000 XXL   100% те љубам Драган Каранфиловски, Орце Зафировски, Владо Јаневски 15 29 X X
2002 Каролина Гочева   Од нас зависи Никола Перевски, Владимир Крстевски 19 25 X X
2004 Тоше Проески   Life Јован Јованов, Илија Николовски 14 44 10 71
2005 Мартин Вучиќ Make My Day Драган Вучиќ, Бранка Костиќ 17 52 9 97
2006 Елена Ристеска   Нинанајна Дарко Димитров, Врчак 12 56 10 76
2007 Каролина Гочева   Мојот свет Григор Копров, Огнен Неделковски 14 73 9 97
2008 Тамара, Адријан и Врчак   Let Me Love You Врчак X X 10 64
2009 Next Time   Нешто што ќе остане Јован Јованов, Дамјан Лазаров X X 10 45
2010 Ѓоко Танески, Били Ѕвер и Дамјан Пејчиноски[1][2][3]   Јас ја имам силата[1][2] Кристијан Габровски X X 15 37
2011 Влатко Илиевски   Русинка[4] Григор Копров, Јован Јованов, Марко Маринковиќ, Владимир Дојчиновски X X 16 36
2012 Калиопи[5]   Црно и бело Ромео Грил, Калиопи 13 71 9 53
2013 Есма & Лозано   Пред да се раздени Симеон Атанасов, Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Магдалена Цветкоска X X 16 28
2014 Тијана Дапчевиќ   To the sky Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Елена Ристевска X X 13 33
2015 Даниел Кајмакоски   Autumn Leaves Даниел Кајмакоски, Јоацим Перссон, Роберт Билблиов X X 15 28
2016 Калиопи   Дона Ромео Грил X X 11 88
2017 Јана Бурческа   Dance Alone Јоаким Персон, Алекс Омар, Флоренс А. и Боби-Леон Миланов X X 15 69
2018 Eye Cue   Lost and Found Бојан Трајкоски и Дарко Димитров x x 18 24
2019 Тамара Тодевска   Proud Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Коста Петров и Сања Поповска 7 305 2 239
2020 Васил Гарванлиев You X X X X
2021 Васил Гарванлиев   Here I stand X X 15 23
2022 Андреа Circles X X 11 76

Македонија има дадено најмногу бодови на:

Држава Бодови
1 Турција 61
2 Хрватска 56
3 Албанија 43
4 Босна и Херцеговина 41
5 Романија 33

Македонија има примено најмногу бодови од следниве држави:

Држава Бодови
1 Хрватска 49
2 Словенија 32
3 Босна и Херцеговина 31
4 Србија и Црна Гора 27
5 Романија 25

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Siim, Jarmo (2010-02-20). „Gjoko Taneski takes the FYR Macedonia ticket to Oslo“. European Broadcasting Union. Посетено на 20 февруари 2010.
  2. 2,0 2,1 Grillhofer, Florian (2010-02-20). „FYR Macedonia sends Gjoko Taneski to Eurovision“. ESCToday. Посетено на 20 февруари 2010. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. Career of Macedonian singer Gjoko Taneski, eurovision2010-candidats.blogspot.com
  4. A song and a dance about a Russian girl for F.Y.R. Macedonia, www.eurovision.tv
  5. „ESC 2012 Scoreboard“. EBU.