Евровизија 2008

Евровизија 2008 беше 53-тиот натпревар за најдобра песна на Евровизија, чиј домаќин беше Србија. Двете полуфинални вечери беа одржани на 20 мај и 22 мај 2008, а финалната вечер на 24 мај во главниот град на Србија, Белград. На овој натпревар оваа година се натпреваруваа 43 земји, од кои за првпат имаа чест Азербејџан и Сан Марино. Натпреварувањето беше одржано во Белградска Арена, која има капацитет од 20.000 седишта. Србија доби право на организирање на натпреварот со победата на Марија Шерифовиќ на Евровизија 2007, во финскиот град Хелсинки. Одговорна телевизија на овој натпревар беше Радиотелевизија Србија (РТС). Победник на манифестацијата беше Русија, со пејачот Дима Билан и насловната нумера "Believe" која освои 272 бодови. На второ место се пласира Украина додека на трето Грција.

Евровизија 2008
Eurovision Belgrade 2008.png
Датум 20 мај (1ПФ) 22 мај 2008(2ПФ)
24 мај 2008 (Финале)
Домаќин Србија РТС
Локација Белградска Арена,[1]БелградСрбија
Презентери Јована Јанковиќ
Жељко Јоксимовиќ
Победничка песна  Русија
"Believe"
Гласачки систем Гласањето се врши во секој земја учесник преку телевотинг или смс. Секоја земја доделува поени од 1-8, 10 и 12.[2]
Број на земји 43, 19 во секое полуфинале, 25 во финале, по 10 од секое полуфинале,
Земји кои прв пат настапуваат  Азербејџан  Сан Марино
Земји кои се вратиле нема
Земји кои се откажале  Австрија
Нула поени нема
Настап во интермецо Горан Бреговиќ, (Финале)
Метропол Оркестар, Слободан Тркулја, Балконополис (1ПФ)
Национален Театар во Белград (2ПФ)
Настап кој го отвора натпреварот Марија Шерифовиќ интерпретирајќи ја "Молитва" (Финале)
Video Killed a Radio Star (1ПФ)
Serbia for beginners заедно со Константин Костјуков (2ПФ)

На 15 јануари 2008 беше официјално отворена веб страната за оваа Евровизија, и за првпат Eurovision.tv преку ESCTV посетителите ќе имаат можност да ги следат сите национални избори во живо како и главните вечери. На 30 јануари 2008 беше претставено логото и слоганот за Евровизија 2008 кој гласи „Мешавина од звук“ или „Confluence of Sound“.

Поради протестите во Белград, поради прогласувањето независност на Косово, на 22 февруари 2008 беше најавено дека е можно преместување на манифестацијата во друга земја. Украина беше земена како опција, поради тоа што таа минатата година го зазема второто место. Финска и Грција исто така се понудија да ја организираат манифестацијата. Но, на крајот беше одлучено манифестацијата да се одржи во Белград, со поддршка на ЕБУ.

ПрипремиУреди

Првата проба на натпреварувачите се случи на 11 мај на површина од 27 со 25 квадратни метри голема сцена. Натпреварувачите од 43 земји имаа проби 2 пати дневно во само 8 дена.

2.000 луѓе работеа во Белградска Арена да ја припремат за Евровизија. Тежината на целокупната тејничка опрема спрема предвидувањата тежи околу 72 тони. Конструкторите се погрижија да ја направат инспиративна сцената. 20 камери ќе бидат употребени, да ни дадат најдобра можна слика и пренос на телевизија.

УчеснициУреди

Земји учесници директно пласирани во финалетоУреди

ФиналеУреди

Финалето ќе биде одржано на 24 мај.

# Држава Изведувач Песна Место во финалето Поени
1   Романија Nico & Vlad Mirita Pe-o margine de lume 20 45
2   Обединето Кралство Andy Abraham Even If 25 14
3   Албанија Olta Boka Zemrën lamë peng 17 55
4   Германија No Angels Disappear 23 14
5   Ерменија Sirusho Qele, Qele 4 199
6   Босна и Херцеговина Elvir Lakovic Laka Pokusaj 10 110
7   Израел Bo'az Ma'uda The Fire in Your Eyes 9 124
8   Финска Teräsbetoni Missa miehet ratsastaa 22 35
9   Хрватска Kraljevi ulice ft. 75 cents Romanca 21 44
10   Полска Isis Gee For Life 24 14
11   Исланд Eurobandid This is my life 14 64
12   Турција Mor ve Ötesi Deli 7 138
13   Португалија Vania Fernandes Senhora do mar 13 69
14   Латвија Pirates of the Sea Wolves of the Sea 12 83
15   Шведска Шарлот Перели Hero 18 47
16   Данска Simon Mathew All Night Long 15 60
17   Грузија Diana Ghurtskaia Piece Will Come 11 83
18   Украина Ani Lorak Shady Lady 2 230
19   Франција Sébastien Tellier Divine 19 47
20   Азербејџан Elnur Hüseynov & Samir Javadzadeh Day After Day 8 132
21   Грција Kalomira Secret Combination 3 218
22   Шпанија Rodolfo Chiquilicuatre Baila el Chiki Chiki 16 55
23   Србија Jelena Tomasevic Oro 6 160
24   Русија Дима Билан Believe 1 272
25   Норвешка Maria Haukaas Storeng Hold On Be Strong 5 182
 
  1
  2
  3
  4
  5
  6
  7
  8
  9
  10
  11
  12
  13
  14
  15
  16
  17
  18
  19
  20
  21
  22
  23
  24
  25

Уште 20 земји ќе влезат во финалето од двете полуфинални вечери.

Земји учеснички во полуфиналеУреди

Прво полуфиналеУреди

Првото полуфинале беше одржано на 20 мај.

# Држава Изведувач Песна Место во полуфиналето Поени
1   Црна Гора Stefan Filipović Zauvijek volim te 14 23
2   Израел Bo'az Ma'uda The Fire in Your Eyes 5 104
3   Естонија Kreisiraadio Leto svet 18 8
4   Молдавија Geta Burlacu A Century of Love 12 36
5   Сан Марино Miodio Complice 19 5
6   Белгија Ishtar O Julissi na Jalini 17 16
7   Азербејџан Elnur Hüseynov & Samir Javadzadeh Day After Day 6 96
8   Словенија Rebeka Dremelj Vrag naj vzame 11 36
9   Норвешка Maria Haukaas Storeng Hold On Be Strong 4 106
10   Полска Isis Gee For Life 10 42
11   Ирска Dastin the Turkey Irlande, douze pointe 15 22
12   Андора Gisela Casanova 16 22
13   Босна и Херцеговина Elvir Lakovic Laka Pokusaj 9 72
14   Ерменија Sirusho Qele, Qele 2 139
15   Холандија Hind Your heart belongs to me 13 27
16   Финска Teräsbetoni Missa miehet ratsastaa 8 79
17   Романија Nico & Vlad Mirita Pe-o margine de lume 7 94
18   Русија Дима Билан Believe 3 135
19   Грција Kalomira Secret Combination 1 156

Второ полуфиналеУреди

Второто полуфинале ќе биде одржано на 22 мај.

# Држава Изведувач Песна Место во полуфиналето Поени
1   Исланд Eurobandid This is my life 8 68
2   Шведска Шарлот Перели Hero 12 54
3   Турција Mor ve Ötesi Deli 7 85
4   Украина Ani Lorak Shady Lady 1 152
5   Литванија Jeronimas Milius Nomads In The Night 16 30
6   Албанија Olta Boka Zemrën lamë peng 9 67
7   Швајцарија Paolo Meneguzzi Era stupendo 13 47
8   Чешка Tereza Kerndlová Have Some Fun 18 9
9   Белорусија Ruslan Alekhno Hasta la Vista 17 27
10   Латвија Pirates of the Sea Wolves of the Sea 6 86
11   Хрватска Kraljevi ulice ft. 75 cents Romanca 4 112
12   Бугарија Deep Zone & Balthazar DJ, Take Me Away 11 56
13   Данска Simon Mathew All Night Long 3 112
14   Грузија Diana Ghurtskaia Piece Will Come 5 107
15   Унгарија Csézy Candlelight 19 6
16   Малта Morena Vodka 14 38
17   Кипар Evdokia Kadi Fatal woman 15 36
18   Македонија Тамара Тодевска, Раде Врчаковски Врчак, Адријан Гаџа Let Me Love You 10 64
19   Португалија Vania Fernandes Senhora do mar 2 120

Презентери на гласовиУреди

Презентер на гласови за Македонија на Евровизија 2008 беше Презентерот на Вести од Македонската радиотелевизија - Огнен Јанески.

Редослед на гласањеУреди

Редослед на гласање
1.   Обединето Кралство
2.  Македонија
3.   Украина
4.   Германија
5.   Естонија
6.   Босна и Херцеговина
7.   Албанија
8.   Белгија
9.   Сан Марино
10.   Латвија
11.   Бугарија
12.   Србија
13.   Израел
14.   Кипар
15.   Молдавија
16.   Исланд
17.   Франција
18.   Романија
19.   Португалија
20.   Норвешка
21.   Унгарија
22.   Андора
23.   Полска
24.   Словенија
25.   Ерменија
26.   Чешка
27.   Шпанија
28.   Холандија
29.   Турција
30.   Малта
31.   Ирска
32.   Швајцарија
33.   Азербејџан
34.   Грција
35.   Финска
36.   Хрватска
37.   Шведска
38.   Белорусија
39.   Литванија
40.   Русија
41.   Црна Гора
42.   Грузија
43.   Данска

Емитувања на полуфиналињатаУреди

Како што беше објавено, државите мора да го пренесуваат финалето и полуфиналето во кое учествуваат. Велика Британија,[3] Сан Марино, Грција, Хрватска,[4] Ирска, Германија,[5] Холандија,[6] Норвешка,[7] Малта,[8] Србија,[9] Финска,[10] Босна и Херцеговина,[11] Данска,[12] Португалија,[13] Кипар[14] Израел,[15] Естонија,[16] Турција,[17] Латвија,[18] Словенија[19] Русија,[20] Украина,[21] Литванија, Чешката Република,[22] Андора,[23] Албанија,[24] Бугарија, Исланд,[25] Шведска,[26] Романија[27] и Австралија потврдија дека ќе ги емитуваат двете полуфиналиња (некаде како снимки, а некаде во живо).

Меѓународни емитувањаУреди

  Австралија
Иако Австралија не може да учествува, изборот беше емитуван на телевизискиот канал Ес-би-ес (SBS). Првото и второто полуфинале како и финалето беа емитувани во петок сабота и недела (23, 24 и 25 мај 2008) во 19:30 по локално време,[28] низ викендска евровизиско-тематска програма.[29] Локалната водителка, Џулија Земиро, само се појави во уводниот и завршниот дел на емитувањето, додека целиот дел беше превземен од Бибиси.[30] Овие години, Изборот за песна на Евровизија е еден од највисоко рангираните телевизиски програми на Есбиес во смисла на гледаност[31] Финалето на Есбиес го гледале 427,000 гледачи, додека 421,000 го гледале второто и 272,000 првото полуфинале[32]
  Австрија
Во Австрија, државната телевизија ОРФ го емитуваше фестивалот во живо и доби многу високи телевизиски рејтинзи, и покрај тоа што Австрија не учествуваше на натпреварот. Но сепак, ОРФ не ги емитуваше полуфиналињата на 20 и 22 мај, па Австријците можеа да ги гледаат двете полуфиналиња на германската телевизија (ARD).[33]
  Италија
Ниту една италијанска телевизија од Италија не го емитуваше натпреварот но Санмаринската телевизија (SMRTV), која го емитуваше целиот фестивал и на радио и на телевизија, може да се гледа во некои делови на Италија: Ромања (и мал дел од регионот Емилија вклучувајќи ја Болоња, северен Марче, и јужен Венето, вклучувајќи ја и Венеција.[34]
 Свет
Емитување во живо за во цел свет на Изборот на Песна на Евровизија беше овозможено од страна на европските телевизии кои се емитуваат сателитски како романската TVRi, грчката ERT World, јавната телевизија на Ерменија (ARMTV), шпанската TVE Internacional, турската TRT International, полската TVP Polonia, португалската RTP Internacional, српската РТС Сат и шведската SVT Europa. Официјалниот сајт на Евровизија исто така го емитуваше фестивалот во живо без коментар користејќи ја p2p мрежата Octoshape.

НаводиУреди

  1. „Welcome to Belgrade Arena“. Eurovision.TV. 2007-05-13. Посетено на 2007-05-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Eurovision 2008 - format confirmed!“. ESCToday.com. Посетено на 2007-11-24.
  3. During the UK national final (Eurovision: Your Decision), Terry Wogan confirmed both semi-finals would be broadcast on BBC Three.
  4. „Croatia: We will broadcast both semi finals“.
  5. „Supporters of German finalists and broadcast details revealed“. ESCToday.com. Посетено на 2007-02-26.
  6. „Netherlands: We will broadcast live both semi-finals“. ESCToday.com. Посетено на 2007-03-07.
  7. VG Nett - TV-guiden, VG, May 22, 2008
  8. „exclusive PBSmalta to air both semifinals“. ogaemalta.com. Посетено на 2008-05-07.
  9. „Oba polufinala u direktnom prenosu“. evropesma.org. Посетено на 2007-11-15.
  10. „Finland: YLE to broadcast both semi finals“. ESCToday.com. Посетено на 2008-03-29.
  11. „BHRT goes Euromaniac“. oikotimes.com. Посетено на 2008-03-29.
  12. „Denmark: DR to broadcast both semi finals“. ESCToday.com. Посетено на 2008-04-04.
  13. „RTP to broadcast both Eurovision semi-finals“. oikotimes.com. Посетено на 2008-04-16.
  14. „Cyprus: CyBC to air both semis and preview shows“. ESCToday.com. Посетено на 2007-04-24.
  15. „OGAE Israel: 12 points to Sweden!“. ESCToday.com. Посетено на 2007-05-07.
  16. „Estonia: Sahlene to be ETV's spokeperson“. esctoday.com. Посетено на 2008-05-09.
  17. „Turkey: TRT will broadcast both semi-finals live“. ESCToday.com. Посетено на 2008-05-09.
  18. „Latvia: Wolves of the Sea release first CD“. ESCToday.com. Посетено на 2008-05-10.
  19. „Slovenia: Rebeka danes na poti v Beograd (Rebeka will today go to Belgrade)“. RTVSLO.SI. Посетено на 2008-05-10.
  20. „Eurovision: Rossija“. Rossija. Посетено на 2008-05-10.
  21. „Eurovision: fair play“. NTU. Посетено на 2008-05-17.
  22. „Czech Republic: Broadcasting both semi finals“. esctoday.com. Посетено на 2008-05-20.
  23. „RTVA Official Schedule for Thursday has slot marked for Semi Final 2 as well“. RTVA. Архивирано од изворникот на 2007-07-01. Посетено на 2008-05-21.
  24. „TVSH Official Schedule for Tuesday has slot marked for Semi Final 1 as well“. TVSH. Посетено на 2008-05-21.
  25. „RUV Official Schedule for Tuesday has slot marked for Semi Final 1 as well“. RUV. Посетено на 2008-05-21.
  26. „SVT Official Schedule for Tuesday has slot marked for Semi Final 1 as well“. SVT. Посетено на 2008-05-21.
  27. „TVR1/29 May 2008 - 30 May 2008“.
  28. „Australia: SBS to air both Eurovision semi finals“. TVtonight.com.au. 2008-04-26. Посетено на 2008-04-26.
  29. Mitchell, Simone (2008-05-23). „Eurovision 2008“. The Vine. Fairfax Digital. Посетено на 2008-05-26.
  30. Nicholson, Sarah (2008-05-21). „Top of the Euro pops“. Courier Mail. news.com.au. Архивирано од изворникот на 2012-12-31. Посетено на 2008-05-26.
  31. „Broadcasting of Eurovision in Australia“. OZEurovision. 2008-02-07. Посетено на 2008-02-07.
  32. „The Who We Are update: week 24“. smh.com.au. 2008-05-26. Посетено на 2008-07-13.
  33. „ORF to broadcast the Eurovision final live“. oikotimes.com. 2008-03-16. Посетено на 2008-03-29.
  34. „San Marino to air both Eurovision semi finals“. ESCtoday.com. Посетено на 2008-03-31.

Надворешни врскиУреди