Хрватска на Евровизија
Хрватска за првпат, на Песна на Евровизија настапуваше во 1993 година и досега има испратено осумнаесет претставеници (заклучно со 2010). Тие заедно со Шпанија (невклучувајќи ги новите земји претставнички) се двете земји кои досега никогаш не го пропуштиле своето учевство уште од денот кога за првпат се појавиле на сцената.
Хрватска | |
---|---|
Медиумски организатор | ХРТ |
Национален избор | Dora |
Број на учества | {{{Број на учества}}} |
Прво учество | {{{Прво учество}}} |
Најдобар пласман | 4 место, 1996, 1999 |
Најлош пласман | 16 место (ПФ), 2007 |
Хрватскиот претставник за Евровизија се одбира на традиционалниот музички фестивал наречен Дора, годишен избор кој е организиран од националната телевизија Хрватска радио телевизија
Историја
уредиХрватска исто така има учевствувано на Евровизија помеѓу 1961 и 1991 година кога беа дел од Југославија. Хрватска беше најуспешната република од Југославија на Евровизија, со вкупно 13 од 26 југословенски претставници. Исто така тие за првпат го однесија овој натпревар во Загреб кој се одржа во 1991, а тоа беше резултат на победата на групата Рива со песната "Rock me".
По распадот на Југославија во 1991, Хрватска како независна држава се појави на овој музички натпревар во 1993 година. Првиот претставник како независна држава им беше бендот Put со песната "Don't ever cry", која и покрај англискиот наслов, беше изведувана на хрватски. Нивниот најдобар резултат е четврто место, кое го освоија во 1996 со Маја Благдан и песната "Sveta ljubav", и во 1999 кога Дорис Драговиќ ја испеја "Marija Magdalena".
Познатата хрватска пејачка Тереза Кесовија го претставуваше Монако на Евровизијата во 1996 година.
Натпреварувачи (2004 - )
уредиГодина | Пејач/ка | Наслов | Финале | Бодови | Полуфинале | Бодови |
---|---|---|---|---|---|---|
2004 | Ivan Mikulić | You Are The Only One | 12 | 50 | 9 | 72 |
2005 | Boris Novković ft. Lado Members | Vukovi umiru sami | 11 | 115 | 4 | 169 |
2006 | Северина | Moja štikla | 12 | 56 | X | X |
2007 | Dragonfly ft. Dado Topić | Vjerujem u ljubav | X | X | 16 | 54 |
2008 | Kraljevi ulice & 75 Cents | Romanca | 21 | 44 | 3 | 112 |
2009 | Igor Cukrov ft. Andrea | Lijepa Tena | 18 | 45 | 13 | 33 |
2010 | Feminnem | Lako je sve | X | X | 13 | 33 |