Евровизија 2010 (англиски: Eurovision Song Contest 2010) беше 55. натпревар за најдобра песна на Европа. Се одржа во Норвешка, чија победа ја донесе Александар Рибак, којшто победи во 2009 година со песната „Бајка“ (англиски: Fairytale). Двете полуфиналиња се одржаа на 25 мај и 27 мај, а финалето, на 29 мај 2010.[3] Победник беше Германија со песната „Satellite“ на Лена Маер-Ландрут. Второто место го освои Турција, а третото Романија.

Евровизија 2010
Eurovision Song Contest 2010
Домаќин Норвешка НРК
Локација Теленор Арена,
Осло, Норвешка
Презентери Ерик Солбакен
Хади Жатоу Н'жие
Надиа Хаснуи[1]
Победничка песна  Германија
Satelite
Број на земји 39[2]
Земји кои прв пат настапуваат нема
Земји кои се вратиле  Грузија
Земји кои се откажале  Андора
 Чешка
 Унгарија
Црна Гора Црна Гора
Теленор Арена – место каде се одржал настанот.

Европската радиодифузија објави дека ќе се обиде оваа година да ги врати назад Италија, Монако и Австрија, но сепак тоа не се случи оваа година. На прес-конференцијата на 13 мај 2009 година, потврди дека земјите како Казахстан, Палестина и Катар не можат да се натпреваруваат, бидејќи географски се сместени надвор од европските граници. Новост на оваа Евровизија беше тоа што гласањето започна на почетокот и траеше за време на целиот натпревар, а заврши 15 минути подоцна од претставувањето на последната земја-учесник. Ваквиот начин на гласање беше застапен во двете полуфиналиња и во финалето. Оваа година 10 земји од двете полуфиналиња кои се пласираа во финалето беа избрани и од телефонското гласање, но и од стручните жириа. Вкупно 39 земји земаа учество на манифестацијата[2], со Грузија која се врати во натпреварот, додека Андора, Чешка, Унгарија и Црна Гора се повлеоа. Литванија на почетокот најави дека се откажува од учеството оваа година, но подоцна EBU објави официјален извештај во кој стои дека 39 земји ќе учествуваат на овогодинешната манифестација во кои е вклучена и Литванија.

Победата на Лена Мејер-Ландурт, ја носи Евровизија 2011 во Германија

Арена уреди

Норвешкиот министер за култура Тронд Гиске и директорот на НРК објавија дека во натпреварот ќе вложат 17 милиони евра (или 150 милиони Норвешки круни). Износот е помал од оној кој е потрошен во 2009 за Евровизијата во Москва, но е поголем од оној потрошен во 2007 во Хелсинки.

На прес конференцијата во Осло на 27 мај 2009 беше најавено дека шоуто ќе се одржи во градското подрачје на Осло. НРК објави дека тоа е единствениот град со доволно капацитет, простор и инфраструктура кој може да организира натпревар. На 3 јули 2009 година НРК за место на одржување ја објави новоизградената сала Теленор Арена во соседната општина Баерум. Салата, Осло Спектрум, кадешто се одржа Изборот за песна на Евровизија во 1996 година, беше отфрлена од игра, поради помалата големина и капацитет.

Визуелен дизајн уреди

Националната Норвешка Телевизија ја објави паролата и дизајнот за натпреварот на 4 декември 2009, за време на официјалното пренесување на правилата за натпреварот помеѓу московскиот градоначалник и градоначалникот на Осло, одбележувајќи го официјалниот старт на почетокот на Евровизиската сезона за 2010 година.[4] Темата на дизајнот се серија на кругови кои се пресекуваат, што би значело „поврзување на луѓето и нивните разнобразни емоции околу Евровизија 2010“[5]. Во додаток на белата позадина, логото е создадено во црна, златна и розова.[6] Дизајнот на сцената за прва пат беше претставен на 6 мај 2010, заедно со ЛЕД екраните и другите светлосни техники.[7]

Водители уреди

НРК ги објави имињата на водителите на 10 март 2010 година. Одбрани беа Ерик Солбакен, Хеди Жату Нџие и Надиа Хаснуи. Солбакен и Нџие ги отворија трите шоуа, ги претставија и пејачите, и репортираа од зелената соба во текот на гласањето, додека Хаснауи го презентираше гласањето и објавувањето на резултатите. Ова беше вторпат кадешто повеќе од два водители го презентираа шоуто, по пробите од Евровизија 1999 во Ерусалим.

Гласање уреди

На 11ти Октомври 2009 ЕБУ објави дека концепцијата на полуфиналињата ќе биде променета така што резултатите ќе бидат одлучени со комбинација на 50% натионално жири и 50% телефонско гласање, правејќи ги послични со финалето. Гласовите на секоја држава ќе бидат одлучени во комбинација на гласовите од жирито и телефонските резултати; првите десет држави со највисок број на бодови во секое полуфинале ќе се квалификуваат да учествуваат во финалето. Ова го променува форматот кој беше користен на Евросонг 2008 во Белград и Евросонг 2009 во Москва кадешто деветте држави со највисок број на бодови од телефонското гласање во двете полуфиналиња во секое полуфинале се квалификуваа за во финалето. Десеттото место од двете полуфиналиња беше тогаш дадено на државата којашто освоила нависок број на бодови дадени од жирито,а којашто не се квалификува од телефонските гласови (како во Белград,кога Македонија беше 10та според телевотингот,а местото за во финале и беше дадено на Шведска,која беше изборот на жирито). На 26 октомври 2009 ЕБУ одлучи дека гласањето ќе биде отворено низ цел натпревар,пошнувајќи од изведбата на првата до последната песна и ќе заврши со екстра 15 минути по завршувањето на последната песна.

Можно враќање на оркестарот уреди

Голем број на обожаватели почнаа кампања на друштвеното мрежно место Facebook, оркестарот да биде вратен на Изборот за Песна на Евровизија во Осло,Норвешка,за првпат од 1999 година кога оркестарот беше отфрлен од Евровизија. Оркестарот,користен од првиот избор за песна на Евровизија 1956 година, беше отфрлен после Евросонг 1998 (кога Македонија за првпат се приклучи во ова натпреварување). Причината поради која беше отфрлен оркестарот била токму заради најновите технолошки и музишки достигнувања, и воедно заради тоа пеењето на матрица стана повеќе користено.

Интервал уреди

Интервалскиот акт вклучуваше неколку живи танцовни точки околу Европа, кои беа планирани од промотивни причини, но беа направени за да се појават серии на спонтани спотови. Надворешните снимки беа сечени и беа направени со помош од веб камери од поединечни приватни куќи. Питер Свар, портпаролот за прес на Евровизија во името на НРК, рече "Ние сакаме да го делиме Евросонг, наместо само да го емитуваме." "Седум и пол минутната песна, беше продуцирана и соавторски напишана од тимот Елемент а беше изведена од страна на групата Медкон.

Категоризирање уреди

Во недела на 7 февруари 2010, се случи поделбата на земјите со цел да се одлучи кои земји ќе се појават во првото, а кои во второто полуфинале. Земјите кои учествуваат во годинашниов натпревар беа поделени во пет категории според тоа која земја за која најмногу гласала во минатите изданија на Евровизија. Од тие пет категории подоцна се направи ждребката кои земји ќе бидат во првото, а кои во второто полуфинале, како и кои земји ќе бидат во првата половина од полуфиналето, а кои во втората со цел делегацијата да знае кога започнува пробата за нивната земја. Ждребката исто така одлучи кога ќе гласаат земјите од „Големата четворка“ (Франција, Гернанија, Шпанија и Обединетото Кралство) и земјата победник Норвешка.[8][9] Ждребката за редоследот во полуфиналињата, финалето, како и редоследот на гласање се одржа на 23 март 2010.[2]

1 категорија 2 категорија 3 категорија 4 категорија 5 категорија

Земји учеснички уреди

 
  Потврдени учесници
  Земји кои учествувале во минатото, но нема да учествуваат во 2010
 
  Земји кои учествуваат во првото полуфинале
  Земји кои учествуваат во второто полуфинале
  Земји кои гласаат во првото полуфинале
  Земји кои гласаат во второто полуфинале

Вкупно 39 земји учествуваат во годинашниот натпревар за најдобра песна на Европа, вклучувајќи ја и Грузија, која се враќа во фестивалот после нејзиното излегување минатата година кога на нивната песна „We Don't Wanna Put In“ и беше забрането да учествува, бидејќи содржи политички навреди, а тоа е спротивно на правилата на Евровизија.[10]

Европската радиодифузна унија објави дека ќе работи напорно со цел да ги врати Австрија, Италија и Монако во Евровизија 2010.[11] Во 2009 директорот на ЕРУ Бјорн Ериксен објавил за време на конференцијата дека Австрија ќе се врати и дека Европската радиодифузна унија има свои причини да верува дека Луксембург и Монако исто така би учествувале, а сега им недостига само Италија.[12][13][14] Сепак претставниците од Австрија, Монако и Луксембург негирале дека ќе земат учество во годинашниот натпревар за најдобра песна. Австрискиот претставник Волфанг Лоренц дал образложени дека Австрија нема да учествува поради тоа што тие сметаат дека натпреварот е „уништен со новите правила“.[15] „Теле Монте Карло“ исто така објавиле дека Монако нема да се врати на натпреварот и како причина ги навеле економските проблеми.[16] Луксембург не учествува на Евровизија од 1993 година, а исто така нема да учествува ни оваа година.[17]

Резултати уреди

Полуфиналиња уреди

Триесет и четири земји ќе земат учество во двете полуфиналиња кои ќе се одржат на 25 и 27 мај 2010.

Прво полуфинале уреди

  • Првото полуфинале ќе се одржи на 25 мај во Осло.
  • Десетте земји кои ќе освојат најмногу бодови ќе настапат во финалето, на 29 мај.
  • Германија, Шпанија и Франција имаат право на глас само во ова полуфинале.
# Држава Изведувач Песна Место во полуфиналето Бодови
01   Молдавија СанСтрок Проект & Олиа Тира „Run Away“ 10 52
02   Русија Петер Налич Бенд „Lost & Forgotten“ 7 74
03   Естонија Малком Линкон „Siren“ 14 39
04   Словачка Кристина „Horehronie“ 16 24
05   Финска Кункуискајат „Työlki ellää“ 11 49
06   Латвија Аиша „What For?“ 17 11
07   Србија Милан Станковиќ „Ово је Балкан“ 5 79
08   Босна и Херцеговина Вукашин Брајиќ „Thunder and Lightning“ 8 59
09   Полска Марцин Мрозински „Legenda“ 13 44
10   Белгија Том Дисе „Me and My Guitar“ 1 167
11   Малта Теа Гарет „My Dream“ 12 45
12   Албанија Јулиана Паша „It's All About You“ 6 76
13   Грција Јоргос Алкајос & Пријателите „Opa“ 2 133
14   Португалија Филипа Азеведо „Há dias assim“ 4 89
15   Македонија Ѓоко Танески Јас ја имам силата 15 37
16   Белорусија 3+2 „Butterflies“ 9 59
17   Исланд Хера Бјорк „Је ne sais quoi“ 3 123

Второ полуфинале уреди

  • Второто полуфинале ќе се одржи во Осло на 27 мај.
  • Десетте земји кои ќе имаат најмногу гласови ќе настапат во финалето, на 29 мај.
  • Норвешка и Велика Британија имаат право на глас само во ова полуфинале.
# Држава Изведувач Песна Место во полуфиналето Бодови
01   Литванија ИнКулто „East European Funk“ 12 44
02   Ерменија Ева Ривас „Apricot Stone“ 6 83
03   Израел Харел Скат „Milim“ 8 71
04   Данска Шани & Н'евергрин „In a Moment Like This“ 5 101
05   Швајцарија Мајкл вон дер Хајд „Il pleut de l'or“ 17 2
06   Шведска Ана Бергендал „This is my life“ 11 62
07   Азербејџан Сафура „Drip Drop“ 2 113
08   Украина Аљоша „Sweet People“ 7 77
09   Холандија Синеке „Ik ben verliefd, Shalalie“ 14 29
10   Романија Паула Селинг & Ови „Playing with fire“ 4 104
11   Словенија Ансамбел Рока Жлиндре & Каламари „Narodnozabavni rock“ 16 6
12   Ирска Нив Каванах „It's for you“ 9 67
13   Бугарија Миро „Angel si ti“ 15 19
14   Кипар Џон Лилигрин & Ајландерс „Life Looks Better In Spring“ 10 67
15   Хрватска Феминем „Lako je sve“ 13 33
16   Грузија Софо Нижараѕе „Shine“ 3 106
17   Турција маНга „We Could Be The Same“ 1 118

Финале уреди

  • Финалето е закажано за 29 мај 2010 година во Теленор Арена, Осло, Норвешка.
  • "Големата четворка" и земјата-домаќин, Норвешка, се директно квалификувани во финалето.
  • Од двете полуфиналиња на 25 и 27 мај 2010 година, 20 земји ќе се квалификуват во финалето.
  • Вкупно 25 земји ќе се борат за победа.
  • Системот на гласање ќе биди ист како во 2009 година, со комбинација на жири и публика.
  • Ждребката за редослед ќе се одржи на 22 март 2010 година.
# Држава Изведувач Песна Бодови Место во финалето
21   Азербејџан Сафура „Drip Drop“ 5 145
02   Шпанија Даниел Дигес „Algo pequeñito“ 15 68
03   Норвешка Дидрик Соли-Танген „My Heart is Yours“ 20 35
04   Молдавија СанСтрок Проект & Олиа Тира „Run Away“ 22 27
05   Кипар Џон Лилигрин & Ајландерс „Life Looks Better In Spring“ 21 27
06   Босна и Херцеговина Вукашин Брајиќ „Thunder and Lightning“ 17 51
07   Белгија Том Дисе „Me and My Guitar“ 6 143
08   Србија Милан Станковиќ „Ово је Балкан“ 13 72
09   Белорусија 3+2 „Butterflies“ 24 18
10   Ирска Нив Каванах „It's for you“ 23 25
11   Грција Јоргос Алкајос & Пријателите „Opa“ 8 140
12   Обединето Кралство Џон Дубови „That Sounds Good to Me“ 25 10
13   Грузија Софо Нижараѕе „Shine“ 9 136
14   Турција маНга „We Could Be The Same“ 2 170
15   Албанија Јулиана Паша „It's All About You“ 16 62
16   Исланд Хера Бјорк „Је ne sais quoi“ 19 41
17   Украина Аљоша „Sweet People“ 10 108
18   Франција Џеси Матадор „Allez! Ola! Olé!“ 12 82
19   Романија Паула Селинг & Ови „Playing with fire“ 3 162
20   Русија Петар Налич Бенд „Lost & Forgotten“ 11 90
21   Ерменија Ева Ривас „Apricot Stone“ 7 141
22   Германија Лена Мајер-Ландрут „Satellite“ 1 246
23   Португалија Филипа Азеведо „Há dias assim“ 18 43
24   Израел Харел Скат „Milim“ 14 71
25   Данска Шани & Н'евергрин „In a Moment Like This“ 4 149

Гласање за време на финалето уреди

Во финалето, се гласаше по следниот редослед:

  1.   Романија
  2.   Ирска
  3.   Германија
  4.   Србија
  5.   Албанија
  6.   Турција
  7.   Хрватска
  8.   Полска
  9.   Босна и Херцеговина
  10.   Финска
  11.   Словенија
  12.   Естонија
  13.   Русија

  1.   Португалија
  2.   Азербејџан
  3.   Грција
  4.   Исланд
  5.   Данска
  6.   Франција
  7.   Шпанија
  8.   Словачка
  9.   Бугарија
  10.   Украина
  11.   Латвија
  12.   Малта
  13.   Норвешка

  1.   Кипар
  2.   Литванија
  3.   Белгија
  4.   Швајцарија
  5.   Белгија
  6.   Обединето Кралство
  7.   Холандија
  8.   Израел
  9.   Македонија
  10.   Молдавија
  11.   Грузија
  12.   Шведска
  13.   Ерменија

12 бода уреди

бр. Учесник Земји кои доделиле 12 бода
9 Германија Данска, Естонија, Финска, Летонија, Норвешка, Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија
5 Данска Ирска, Исланд, Полска, Романија, Словенија
4 Азербејџан Бугарија, Малта, Турција, Украина
Грција Албанија, Белгија, Кипар, Обединетото Кралство
3 Ерменија Израел, Холандија, Русија
Турција Азербејџан, Хрватска, Франција
2 Грузија Ерменија, Литванија
1 Албанија Македонија
Белорусија Грузија
Белгија Германија
Босна и Херцеговина Србија
Кипар Грција
Романија Молдавија
Русија Белорусија
Србија Босна и Херцеговина
Шпанија Португалија

Белешки уреди

  1. Bakker, Sietse (2010-03-10). „Nadia, Haddy and Erik to host 2010 Eurovision Song Contest“. European Broadcasting Union. Посетено на 2010-03-10.
  2. 2,0 2,1 2,2 Bakker, Sietse (2009-12-31). „Exclusive: 39 countries to be represented in Oslo“. EBU. Посетено на 2009-12-31. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „NRK press conference; host city and dates confirmed“. NRK. 2009-05-27. Посетено на 2009-05-27. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  4. Siim, Jarmo (2009-11-26). „Host City Insignia Exchange on December 4“. European Broadcasting Union. Посетено на 2009-12-03 03. Text "EBu" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. Sietse, Bakker (2009-12-04). „Oslo 2010 theme revealed: Share The Moment“. European Broadcasting Union. Посетено на 2010-02-27. Text "EBu" ignored (help)
  6. „Logo downloads Oslo 2010“. European Broadcasting Union. 2009-12-17. Посетено на 2010-02-27. Text "EBU]] and NRK" ignored (help)
  7. „NRK presents Eurovision stage to the press“. European Broadcasting Union. 2010-05-06. Посетено на 2010-05-08. Text "EBu" ignored (help)
  8. Bakker, Sietse (2010-02-04). „Sunday: Watch the Semi-Final Allocation Draw!“. European Broadcasting Union. Посетено на 2010-02-04. Text "EBu" ignored (help)
  9. Grillhofer, Florian (2010-02-04). „Eurovision 2010: Semi final allocation draw on Sunday“. ESCToday. Посетено на 2010-02-04. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  10. Pozzi, Renee (2009-07-18). „Georgia confirms return in Oslo!“. ESCTime. Посетено на 2009-07-17. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  11. Floras, Stella (2009-01-13). „EBU working for Eurovision full house in 2010“. ESCToday. Посетено на 2009-05-13. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  12. „News Archive“. ESCKaz. Посетено на 2009-09-18. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  13. „Audio recording from the EBU press-conference statement in regards of new countries joining in 2010“. ESCKaz. 2009-09-21. Архивирано од изворникот на 2014-04-21. Посетено на 2009-09-21. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  14. „Новые страны намерены участвовать в "Евровидении-2010" в Норвегии“ (руски). Belarusian Telegraph Agency. 2009-09-18. Архивирано од изворникот на 2009-12-10. Посетено на 2009-12-28. Text "BelTA]]" ignored (help)
  15. Klier, Marcus (2009-09-22). „Confirmed: Austria will not take part in 2010“. ESCToday. Посетено на 2009-09-24. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  16. Klier, Marcus (2009-09-10). „Monaco will not take part in Oslo“. ESCToday. Архивирано од изворникот на 2009-09-12. Посетено на 2009-09-10. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  17. Coroneri, Alenka (2009-09-21). „RTL suddenly decided; not going to Oslo“. Oikotimes. Архивирано од изворникот на 2010-02-06. Посетено на 2009-09-27. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Надворешни врски уреди