Евровизија 2001
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Евровизија 2001 беше 46. издание на Евровизија, кое се одржа во Копенхаген, Данска, после победата на Olsen Brothers во Стокхолм на Евровизија 2000 со песната Fly on the Wings of Love. Ова беше вторпат Данска да биде домаќин на натпреварот, после Евровизија 1964 , 37 години претходно. Вкупно 23 земји учествуваа на натпреварот, кој беше одржан на 12 мај 2001. Арена-домаќин на натпреварот беше Parken Stadium, односно најголемата арена во која некогаш била одржана Евровизија, до 2019. Вкупно 35.000 гледачи го следеле шоуто во живо од арената, што всушност го срушило рекордот од 16.000 достигнат претходната година во Шведска[1] .
Евровизија 2001 | |
---|---|
Домаќин | Данска Радио Телевизија |
Локација | Parken Stadium Копенхаген, Данска |
Презентери | Наташја Крон Бек Зорен Пилмарк |
Победничка песна | Естонија "Everybody" |
Гласачки систем | Секоја држава гласаше со 12, 10, 8-1 бода за нивните 10 омилени учеснички |
Број на земји | 23 |
Земји кои прв пат настапуваат | нема |
Земји кои се вратиле | Босна и Херцеговина Грција Литванија Полска Португалија Словенија |
Земји кои се откажале | Австрија Белгија Кипар Финска Македонија Романија Швајцарија |
Нула бодови | нема |
Настап во интермецо | Aqua иSafri Duo |
Настап кој го отвора натпреварот | Olsen Brothers со "Fly on the Wings of Love" и "Walk Right Back" |
Шоуто го отвориле Olsen Brothers со мал дел од нивната победничка песна Fly on the Wings of Love, а потоа следел нивниот последно издадена песна „Walk Right Back“ која била тогашен хит во Данска. Водители биле данската новинарка и ТВ-водителка Натасја Кроне Бак и познатиот дански глумец Серен Пилмарк.
Франција, Грција и Словенија биле големите фаворити за победа, но како што се одвивало гласањето, трката за победа била помеѓу домаќинот Данска и Естонија. На натпреварот победи Естонија која ја претставуваше Танел Падар, Дејв Бентон и XXL со песната Everybody напишана од Ивар Муст и Мајан-Ана Кармас, која освои вкупно 198 бода. Земјата-домаќин, Данска, го освои второто место со 177 бода. На третото место беше Грција со 147 бода, а со тоа и најдобриот пласман на Евровизија на Грција дотогаш. Франција го зазеде четвртото место со 142 бода, а Шведска со 100 бода го освои петтото место.
Дејв Бентон кој е роден и израснат на Аруба, бил првиот црнец, а воедно, на возраст од 50 години и 101 ден за време на победата, и најстариот човек кој победил на Евровизија. Исто така, тоа беше првпат да победи источноевропска земја, една од Балтичките држави, како и држава од поранешниот СССР.
Локација
уредиКопенхаген, главниот град на Данска беше домаќин на 46-тото издание на Евровизија. Parken Stadium беше избран за место на одржување на ова издание, фудбалски стадион во областа Indre Østerbro Копенхаген, Данска , изграден од 1990 до 1992. Данската национална телевизија (DR) се соочила со различни проблеми при организацијата на шоуто, како на пример немање доволна средства за организација или барање на соодветно место за одржување на натпреварот, Трите најголеми градови во Данска - [Копенхаген, Орхус и Оденсе, испратиле понуди за да го организираат натпреварот. Конечно DR го избрала големиот фудбалски стадион Parken како место за натпреварот, по што компанијата која го одржувала стадионот се согласила да додаде повлекувачки кров на стадионот. Ова решение направи да Parken Stadium биде најголемото место каде некогаш се одржала Евровизија, но не се покажало како и најуспешно, бидејќи многу од 38000-те илјади гледачи не можеле да ја видат сцената и за многу учесници салата била преголема.
Формат
уредиЛогото на Евровизија 2001 беше направено од четири кругови сместени во форма на срце. Четирите кругови исто така беа поставени и на сцената, односно светлосната конструкција беше направена од истите четири прстени[2].
Промени се случија во квалификацискиот процес за Евровизија 2002, односно, заедно со Големата четворка (Германија, Франција, Шпанија и Обединетото Кралство), за Евровизија 2002 ќе се квалификуваат и 15-те најдобро пласирани држави на Евровизија 2001. Останатите места за Евровизија 2002 ќе бидат пополнети со држави кои беа исклучени од натпреварувањето во 2001 поради низок просек на бодови во годините 1996-2000.
Ждрепката за редот на настапување се случила на 21 ноември 2000.[3].
Инциденти
уредиКонтроверзноста повторно се појави во натпреварот: ТВ-коментаторот на Обединетото Кралство Terry Wogan постојано даваше критички коментари за домаќините и ги нарекуваше "Doctor Death and the Tooth Fairy/The Little Mermaid" поради нивниот римуван говор[4] . Данците беа толку навредени што БиБиСи беше должна да се извини за коментарите на. Wogan. Контроверзност исто така ја опкружи и шведската песна "Listen To Your Heartbeat" кој повеќепати беше обвинета за плагијат на белгиската песна за Евровизија 1996[5] , "Liefde is een kaartspel". Сепак, ЕБУ реши предметот да биде предаден на суд, а песната да се натпреварува се’додека судот не одлучи дека е плагијат. Најпрво на ова не се согласија шведските текстописци, од кои еден беше Thomas G:son, но откако белгиските текстописци и авторската организација САБАМ извршија притисок за правно дејство, беше најдено решение.
Земји учеснички
уредиПоради правилото на испаѓање на ЕБУ, најниско рангираните земји од годината требаше да ја напуштат следната Евровизија, односно, најниско- рангираните земји од Евровизија 2000 немаа право на учество во 2001, што значеше дека најниско- рангираните земјите од 1999 имаа право за учествуваат на Евровизија 2001. Босна и Херцеговина, Грција, Литванија, Полска, Португалија и Словенија повторно зедоа учество, додека Австрија, Белгија, Кипар, Финска, Македонија, Романија и Швајцарија, 7-те земји со најнизок просек во последните 5 натпревари, беа отфрлени. Ова значеше дека вкупниот број на земји- учеснички е 23.
Повратни претставници
уредиTanel Padar беше придружен вокал за Eda-Ines Etti во 2000
Резултати
уредиред.бр. | Земја | Јазик | Изведувач | Песна | Место | Бодови |
---|---|---|---|---|---|---|
01 | Холандија | Англиски јазик | Michelle | "Out On My Own" | 18 | 16 |
02 | Исланд | Агнлиски јазик | Two Tricky | "Angel (Two Tricky song)" | 22 | 3 |
03 | Босна и Херцеговина | Босански јазик, Англиски јазик | Nino Pršeš | "Hano" | 14 | 29 |
04 | Норвешка | Англиски јазик | Haldor Lægreid | "On My Own" | 22 | 3 |
05 | Израел | Хебрејски јазик | Tal Sondak | "En Davar"אין דבר) ( | 16 | 25 |
06 | Русија | Англиски јазик | Mumiy Troll | "Lady Alpine Blue]]" | 12 | 37 |
07 | Шведска | Англиски јазик | Friends | "Listen To Your Heartbeat" | 5 | 100 |
08 | Литванија | Англиски јазик, Литвански јазик | SKAMP | "You Got Style" | 13 | 35 |
09 | Латвија | Англиски јазик | Arnis Mednis | "Too Much" | 18 | 16 |
10 | Хрватска | Англиски јазик | Vanna | "Strings of My Heart" | 10 | 42 |
11 | Португалија | Португалски јазик | MTM | "Só sei ser feliz assim" | 17 | 18 |
12 | Ирска | Англиски јазик | Gary O'Shaughnessy | "Without Your Love" | 21 | 6 |
13 | Шпанија | Шпански јазик | David Civera | "Dile que la quiero" | 6 | 76 |
14 | Франција | Француски јазик, Англиски јазик | Natasha St-Pier | "Je n'ai que mon âme" | 4 | 142 |
15 | Турција | Турски јазик, Англиски јазик | Sedat Yüce | "Sevgiliye Son" | 11 | 41 |
16 | Обединето Кралство | Англиски јазик | Lindsay Dracass | "No Dream Impossible" | 15 | 28 |
17 | Словенија | Англиски јазик | Nuša Derenda | Energy" | 7 | 70 |
18 | Полска | Англиски јазик | Andrzej Piaseczny-Piasek | "2 Long" | 20 | 11 |
19 | Германија | Германски јазик, Англиски јазик | Michelle | "Wer Liebe lebt" | 8 | 66 |
20 | Естонија | Англиски јазик | 2XL | "Everybody " | 1 | 198 |
21 | Малта | Англиски јазик | Fabrizio Faniello | "Another Summer Night" | 9 | 48 |
22 | Грција | Грчки јазик, Англиски јазик | Antique | "Die for You" | 3 | 147 |
23 | Данска | Англиски јазик | Rollo & King | "Never Ever Let You Go" | 2 | 177 |
Табела со резултати
уредиНајголемиот број од земјите учеснички користеле гласање на публикана, каде на најгласаните 10 песни им беа доделени 12, 10, 8-1 бода. Во 2001 ЕБУ за првпат воведе можност за 50% гласови од публиката и 50% гласови од жирито за државите кои не сакаа 100% гласање на публика.
Учесници | Гласачи | ||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Вкупно
бодови |
NL | IS | BA | NO | IL | RU | SE | LT | LV | HR | PT | IE | ES | FR | TR | GB | SI | PO | DE | EE | MT | GR | DK | ||
Холандија | 16 | 5 | 1 | 6 | 4 | ||||||||||||||||||||
Исланд | 3 | 1 | 2 | ||||||||||||||||||||||
БиХ | 29 | 4 | 10 | 7 | 1 | 7 | |||||||||||||||||||
Норвешка | 3 | 3 | |||||||||||||||||||||||
Израел | 25 | 6 | 10 | 7 | 2 | ||||||||||||||||||||
Русија | 37 | 5 | 3 | 10 | 8 | 4 | 2 | 5 | |||||||||||||||||
Шведска | 100 | 7 | 3 | 2 | 8 | 2 | 2 | 6 | 4 | 5 | 8 | 5 | 2 | 8 | 8 | 5 | 7 | 8 | 10 | ||||||
Литванија | 35 | 5 | 1 | 2 | 4 | 10 | 1 | 5 | 1 | 4 | 2 | ||||||||||||||
Латвија | 16 | 8 | 8 | ||||||||||||||||||||||
Хрватска | 42 | 7 | 10 | 5 | 3 | 10 | 7 | ||||||||||||||||||
Португалија | 18 | 6 | 12 | ||||||||||||||||||||||
Ирска | 6 | 1 | 5 | ||||||||||||||||||||||
Шпанија | 76 | 7 | 2 | 5 | 4 | 12 | 5 | 4 | 7 | 3 | 5 | 6 | 3 | 1 | 1 | 3 | 8 | ||||||||
Франција | 142 | 8 | 4 | 12 | 7 | 2 | 12 | 6 | 7 | 7 | 6 | 12 | 7 | 3 | 1 | 6 | 6 | 10 | 6 | 10 | 4 | 6 | |||
Турција | 41 | 3 | 7 | 7 | 7 | 4 | 10 | 3 | |||||||||||||||||
О.К. | 28 | 2 | 3 | 3 | 3 | 3 | 2 | 4 | 1 | 2 | 2 | 3 | |||||||||||||
Словенија | 70 | 4 | 6 | 10 | 6 | 1 | 4 | 7 | 4 | 8 | 2 | 2 | 1 | 6 | 4 | 5 | |||||||||
Полска | 11 | 3 | 5 | 1 | |||||||||||||||||||||
Германија | 66 | 1 | 3 | 8 | 1 | 1 | 10 | 6 | 10 | 6 | 3 | 2 | 4 | 1 | 5 | 1 | 4 | ||||||||
Естонија | 198 | 12 | 10 | 4 | 10 | 6 | 6 | 8 | 12 | 12 | 2 | 10 | 8 | 8 | 12 | 12 | 12 | 12 | 10 | 12 | 12 | 8 | |||
Малта | 48 | 3 | 1 | 5 | 7 | 3 | 1 | 4 | 2 | 1 | 3 | 7 | 3 | 3 | 12 | ||||||||||
Грција | 147 | 6 | 8 | 8 | 8 | 10 | 5 | 12 | 5 | 2 | 5 | 4 | 5 | 12 | 3 | 5 | 7 | 8 | 8 | 8 | 6 | 7 | 5 | ||
Данска | 177 | 10 | 12 | 12 | 7 | 7 | 6 | 10 | 12 | 8 | 12 | 7 | 4 | 4 | 10 | 10 | 7 | 12 | 12 | 6 | 6 |
12 бода
уредиВо табелата што следи се претставени сите 12 бода добиени во финалето:
Број | Добитник | Гласачи |
---|---|---|
9 | Естонија | Грција, Латвија, Литванија, Малта, Холандија, Полска, Словенија, Турција, Обединето Кралство |
6 | Данска | Исланд, Хрватска, Естонија, Германија, Ирска, Норвешка Грција, ЛЧ |
3 | Франција | Босна и Херцеговина, Португалија, Русија |
2 | Грција | Шпанија, Шведска |
1 | Шпанија | Израел |
Малта | Данска | |
Португалија | Франција |
Наводи
уреди- ↑ „Eurovision Song Contest 2001“. EBU. Посетено на 14 June 2012.
- ↑ Bakker, Sietse (2009-12-22). „The end of a decade: Copenhagen 2001“. European Broadcasting Union. Посетено на 22 December 2009.
- ↑ http://www.myledbury.co.uk/eurovision/pdf/esc2001.pdf
- ↑ Evensen, Geir (16 May 2001). „Wogan i hardt vær“. NRK (норвешки). Посетено на 16 September 2014.
- ↑ Eriksen, Jan (22 March 2000). „The Swedish song – a rip-off?“. Eurovision Song Contest 2001 official website. Архивирано од изворникот на 12 March 2001. Посетено на 16 September 2014.