Братислав Ташковски
Братислав Ташковски (Скопје, 11 септември 1960) — македонски поет, раскажувач, публицист, новинар, уредник на Македонско дело и на литературниот месечник АКТ и Форум плус.
Братислав Ташковски | |
---|---|
Роден(а) | 11 септември 1960 Скопје, СФР Југославија денес Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | поет |
Животопис
уредиТашковски е роден во Скопје во 1960 гидна. Студирал новинарство на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Во 2010 година бил добитник на Рациновото признание за неговата книга ,,Кафе од гревови,, во издание на Макавеј.[1] Негови дела сеː Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жедната муза (1994), Демоника, Мојот кинески меч (2001), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја (2005), Големата љубовна песна (2006), Расцепен ум (2011)[2], За сите времиња (2023) итн.
Награди
уреди- 2006 - Награда „Браќа Миладиновци“ за „Големата љубовна песна“[3]
- 2010 - „Рациново признание“ за „Кафез од гревови“[4]
Наводи
уреди- ↑ Братислав Ташковски е годинашниот добитник на Рациновото признание
- ↑ „Расцепен ум“ од Братислав Ташковски, ново издание на „Макавеј“
- ↑ „Награда „Браќа Миладиновци"“. Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2019-10-16. Посетено на 9 јуни 2020.
- ↑ „Рациновото признание за 2010 ќе му биде врачено на Братислав Ташковски за романот „Кафез од гревови“. Посетено на 8 јуни 2020.